Интервју со Dushko Avramovski

Day 1,460, 11:04 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Намерно чекав да помине одреден период со цел да спласне таа еуфориа ако може да ја наречам па затоа денес гостин ни е Dushko Avramovski кој успеа да направи попис на еНаселението.

1.Од каде ја доби идеата за попис ?
Dushko Avramovski:Се што е спонтано е слатко, така беше и со пописот. Една вечер седејќи на еРепублик во порака добив линк кој всушност беше мала анкета. Во истиот момент се запрашав како ли јас да направам таква анкета? Како се прави? Контактирав со мојот 15 години другар од детство Мартин Ташкоски бидејќи повеќе се разбира околу тие работи. Си пишавме и се договоривме да ми покаже како се прави тоа и да појдам до кај него за 15минути а за тоа време мене ми дојде ФИКС идеја да спроведам масовна анкета на која сите играчи би одговорале се со цел да дознаеме повеќе за нашето население, нешто од поголема важност, нивната годишна возраст, место на живеење, итн итн.

2.По твоето објавување во статија дека ќе правиш попис,на какви реакции наиде и какви пораки доби ?
Dushko Avramovski:Па видете, многу е нормално да има присутност на песимизам и оптимизам, сите ние сме различни. Такви беа и реакциите.Имаше и такви кои правеа бојкот од незнам кои причини, претпоставувам им беше интересна РЖ ситуација со бојкотирањето 🙂 па пријдоа многу несериозно. Меѓутоа кога нешто правам сакам да го правам и истерам до крај, пробувам да не дозволам, тие негативни влијанија да ме избуткаат од патот кој сум го зацртал пред себе. Ако мислам дека не сум способен, нема да се нафатам воопшто. Такви беа коментарите во статијата, додека лични пораки, добив неколку од неколкумина, сите беа позитивно настроени со исклучок на неколку прашалници, како и да е наидов на голема подршка. Фала ви! Без таа подршка мислам дека ќе беше невозможно да се спроведе еден Попис, виртуелен Попис, но ете НИЕ успеавме во тоа. Честитики до сите!

3.Дали сите еМакедонци се попишаа,кое е твоето мислење за ова ?
Dushko Avramovski:Хм на ова прашање не би можел да одговорам прецизно нажалост. Тоа јас точно, неможам да го знам. Но горе-доле според моменталната популација од 9960 играчи и истиот број споредбено со последните претседателски избори на кој имаше точно 2353 гласа би кажал дека 2353 е бројка на играчи кои се активни а на нив може да се додаде некој 50% плус за севкупниот број на активни. Е сега, знаејќи го тоа, споредбено со одзивот на попишаните или 800 попишани тоа се едвај 40%.попишани дали и толку. Тоа е моето мислење за одзивот на играчите на пописот, додека за бројката 9960 и како таа е добиена, колку од нив се мулти, неактивни, .🙂играчи кои едвај стигнале до 10ти лвл не знам.

4.Имаше и други прашања во формуларот за попис,дали случајно ги избра прашањата и која беше нивната цел ?
Dushko Avramovski:Немаше, сите што беа поставени истите сите имаа можност да ги видат.
Прашањата пак ги биравме со Мартин Ташкоски во некој еуфорични 10 минути колку време и имавме 😃 па затоа имавме големи проблеми околу средувањето на податоците. И он, и јас имавме над 800 играчи попишани со 9-10 под категории кај секој поединечно.
Прашањата не беа случајно избрани, ради нивната цел, интересно прашање а одговорот е едноставен. Се сетив дека доколку би се дознаело кој е, од каде е, колкав е, би довело до зближување на играчите и секако би помогнало во насока во која еМакедонија треба да се развива. Многу од играчите јавно шаутираа прашувајки “КОЈ Е ОД СТРУМИЦА, КОЈ Е ОД ВЕЛЕС, ТЕТОВО, итн итн” Се препознаа од каде се кои се што се, се зближија и мене ми е посебно драго што успеавме да го постигнеме тоа. Истотака, лично, ме интересираше со колку годишњаци се обидуваме да водиме држава. Преку прашањата за фирмите пробав да осознаам за нивниот економскиот статус. Левелот, за тоа кој колку време поминал и се борел на еРепублик, колку е искусен и слично.


5.Кога планираш да спроведеш и втор попис ?
Dushko Avramovski:Па такви предлози имаше и веднаш истата вечер по објавувањето на финалните резултати. Со Мартин спроведовме анкета во времетраење од неколку часа каде играчите можеа да се изјаснат со ДА или НЕ за спроведување на нова, во рок од само неколку дена. Таа беше 90% негативна. Така да, во скоро време, не. Очекувам ова да прерасне во обврска на секоја наредна годишнина од еМакедонија! Пописот да се прави еднаш годишно, мое лично мислење, оставам поискусните да решат а ја им стојам на располагање.

6.Дали ќе се согласиш со мене дека ове е еден од малкуте проекти зад кои застана цела еМакедонија ?
Dushko Avramovski:Јас бев презадоволен што во првите неколку часа бројката отиде над 300 попишани. 😃 можеби нескромно но дефинитивно ова е еден од малкуте проекти зад кои застана цела еМакедонија а мене ми причинува посебна чест и привилегија што тоа беше токму мојот весник и мојата идеа, а ништо помалку не заслужи и Мартин.

7.Наскоро да очекуваме од тебе некое ново истражување и кои се твоите понатамошни планови ?
Dushko Avramovski:Читајќи го следново прашање воздивнав 😃 Кога би знаел што носи утрешниот ден би можел да одговорам. Додека пак за истражување, имало и моментално во потрага сум по инспирација која ке🙂ќе има и понатака доведе до истражување, а не ја исклучувам и опцијата на нешто поинаква анкета, да сме здрави и живи со Господ напред!

8.По твојата популарност доколку би си се кандидирал за претседател,каква политика би вовел и каков рефунд систем ?
Dushko Avramovski:Ах мојата популарност, па добро ете :/ вие ако викате дека сум, фала. И пред да одговорам прво морам да напоменам нешто а тоа е дека таа “популарност” не треба да е, причина, секако дека е отскочна даска ако може така да се каже, меѓутоа не треба да биде причина поради која јас би се кандидирал, и би бил премногу себичен искористуваќи го тоа за свои цели по цена на еМакедонија. Како што реков погоре доколку сум цврсто решен да одам по одреден пат би одел цврсто и решено.
Е сега по прашањето за системот на рефунд на рефунд дефинитивно и без никаков компромис ќе одам на таков систем во кој, оној што заслужува – ке добие! Оној кој не, нема да добие. Тоа е системот кој веке подолго време се користи и функционира одлично, при што се искористува дадената моќ во даден момент и се искористуваат онолку средства колку што е потребно овозможуваќи поголеми резерви. Можеби би го промовирал повеќе ова кое сега е актуелно во новите промени стварајќи стимул меѓу воените единици, така што која е најкорисна, влијателна, активна ке добие најмногу, со што би се разбудиле многу заспани борци 🙂 а единиците би работеле напорно како би добиле што е можно поголем рефунд. Овие денови, тоа е најбитно, стимулот на единиците!

9.Како би организирал бејби бум ?
Dushko Avramovski :Хехехе 😃 бејби бум ... пааа би направил некоја страшна приказна за оваа игра, би вовел некои битни битки, малку повеќе детали за настаните, тоа да се спакува како производ и да се продаде на интернет сајтовите. Поздрав до Сарметина без кој еМакедонија немаше да ја има оваа бројка на играчи.

10.Кога ќе слушнеш еРепаблик на што прво те потсетува ?
Dushko Avramovski :Кога ќе слушнам еРепублик на што прво ме потсетува? 😃 Hа виртуелно иживљавање со јужните! 😃

11.Зошто играш еРепаблик,што те задржува тука ?
Dushko Avramovski :Па ако ви кажам дека кога седнувам пред компјутер, прво се пуштам на еРепублик наместо Фејсбук што повеќе да кажам?
Денес, во коренот на еРепублик е чатот, без чатот за мене еРепублик не е еРепублик. Тогаш би се пуштал 5 минути на ден, би измавал, некогаш би се задржал да направам денар плус да видам што е ново, промени има или нема, весник два три ке прочитам и толку.

12.И ти ли си од ти кои по грешка се логирале со своето име ?
Dushko Avramovski:Не знам зашто мислиш дека е грешка 🙂 едноставно е! Јас не се кријам. Тоа е моето име и презиме. Играм фер и чесно, на акаунтот стои моето име и презиме а јас нема да го црнам за една онлајн игра. Оние кои се пишани со целосно име и презиме, се најчесните според мене, играчи на ерепублик, оние кои нешто бес потреба го подариле некому, името.

13.Кажи ни нешто за тебе ?
Dushko Avramovski:Нешто повеќе за мене...па вака, имам 21, на 25ти Декември ке наполнам 22, живеам во Скопје, населбата нека остане тајна. Студирам (уште 2 испита) на приватниот факултет Американ Колеџ, Бизнис Администрација – Маркетинг, Англиска група. Работам веке 8 месеца во семејната компанија. Голем фанатик сум по Формула 1 и мислам дека тие луѓе, се херои, па пробувам да учам од нивната посвететеност, пожртвуваност и ризиците во кои одат безрезервно се со цел да добијат само една победа која за нив значи ден плус во животот, за мене тоа е фасцинантно.
Идоли кои како мали сите сме ги имале 🙂 со некој можеби ке најдам допирна точка па ке ги напоменам, Д.Бекам , Шумахер, Сена (најголемиот спортиста на сите времиња, кој нажалост никогаш во живо не сум го гледал а бил споредуван со ДЕМОНИ 😃 ) и Фетел.
"Друго нешто, нема да бидам скромен овојпат и ќе кажам можеби еден од најголемите фанови на Тоше Проески, горд на себе што успеав да го препознаам далеку пред кобниот 16.10.2007, дата после која сите наеднаш го засакаа, тоа е особина која не ја поседувам, ценам и почитувам тоа што вреди за разлика од многу кои на такви ги нарекуваат со погрдни зборови, тоа е нешто што треба да го искорениме и од ерепублик. Учам од него...нешто повеќе за мене....."


14.Имаш хоби ?
Dushko Avramovski:Па повремено гитара, обожавам да трошам адреналин на картинг и слободно ако некој е заинтересиран може да се дружиме, иначе во два наврати буткач на рекорд (0.41.180), возам точак по кеј (40км дневно) ако има некој заинтересиран нека каже слободно или пак за на водно, поретко трчање, растурање денс потези на подиум 🙂 екс. менаџер на 3 кафичи во период од 1 година (Ciao, DejaVu, FM), заедно со уште еден другар кој никако неможам да го натерам да заигра еРепублик 😃 истиот тој сега е во пар со еден наш еЖител 🙂, јас сега веќе малце посериозно почнав ... 😃 Иначе 10г живеев на шкрги, 5 години пливање 5 години ватерполо, сега веќе неактивен, па ако има некој ете и за на базен нека вика радо би дошол. Како за крај, плување во далечина и висина и то 😃

15.Што филмови гледеаш и каква музика слушаш ?
Dushko Avramovski:Филмовите кои ги претпочитам сакам да се некои добри трилери, некоја тешка комедија која навистина би ме насмеала, некоја драма од времето на ренесансата, филмови во кои има античка историја од голема важност, филмови каде можеме да ја осознаеме културата на некој народ, мистериозни и вредни анимирани филмови. Како на пример ке наведам неколку филмови, (Armagedon, Count of Monte Cristo, Walk to Remember, Troy, Brave Heart, If only, Titanic, Gladiator, Nemo, Rio, Cars1 i 2, Avatar) itn.
Кога сме кај музиката, ке кажам дека слушам ама баш СЕ освен турбо фолк и бугарско. Тоа се единствени 2 жанрови чиј текст и песна тешко ги разбирам нит се обидувам. Може да се скршиме во кафана на нив, но дома кога слушам музика за душа тоа е претежно, Тоше, Тоше 100 места па Р.Вилијамс, М.Џаксон, Аеросмит, Бон Џови, У2, Енрике Иглесиас, Хулио мање више, 1 песна знам од Металика и ја обожавам сите ја знаеме која е но Металика не ги слушам пример. Класична понекогаш, добра оперска изведба. Зависи од расположение некогаш и хип хоп и рап но многу ретко, по дома мн ретко, од рап претежно Еминем. На Балканов останати кои ги слушам и обожавам се Џибони, Оливер Драгоевиџ, Жељко Јоксимович, Владо Јаневски, Владо Георѓиев, Парни Ваљак, Тони Цетински.


16.Што ќе кажеш за крај ?
Dushko Avramovski:Што друго да кажам а веќе не било кажано? Сакајте се македонци и почитувајте се! Ако ние меѓусебно не го правиме тоа, немојте да очекувате некој друг да го прави, па дури и на виртуелна игра! Бидете себични за Македонија!Назад низ оваа 1 година еРепубликување имаше неколку обиди за примирје со грција, абе со јужните примирје само ако не признаат под уставно име, и ако ни го препуштат егејскиот дел и 1000 голд! НИШТО ПОМАЛКУ! Ригорозно и себично, за Македонија! Да знаат дека се фатиле на оро со ѓаволот! Како за крај ке искажам моја најголема благодарност за сета подршка за пописот, како и за оваа можност да бидам интервјуиран и дел од твојот прекрасен весник и колекција на интервјуа со играчи кои направиле многу, тоа ми причинува посебна чест! Бидете поздравени, каде и да сте! \o/

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.