еАвтобиографија - Етапите на мојот еЖивот - Новиот еЗавет

Day 1,439, 06:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski

Еве го првиот дел односно Стариот еЗавет можете да го прочитате овде

Новиот еЗавет

° еМакедонија во Новиот Свет

Со додавањето на еМакедонија на 07.10.2010, 45 дневниот период од заштита ни послужи како дополнително време да ја средиме државата одвнатре и да се спремаме за голем бејби бум. Голема еуфорија владееше меѓу играчите и сите работеа најдобро како што знаеа за еМакедонија. Но,тука се појави проблем. На првите конгресменски избори имавме закана од страна на бугарски играчи кои беа организирани да направат ПТО на нашата штотуку додадена еМакедонија. Зедов учество во АТО тим како еден од првите конгресмени во еМакедонија. Добивме огромна подршка сојузниците кои ги стекнавме додека да ја додадат еМакедонија. ПТО планот на еБугарија пропадна и така го формиравме првиот македонски конгрес а еМакедонија остана единствена држава од 6те нови држави што не беше ПТОирана.Тешко беше на почетокот, се дискутираше, се правеа пресметки, се прашуваа поискусни играчи од другите земји за да ги изгласаме првите закони во државата. Откако завршивме со сето тоа дојде време за претседателските избори. Прв претседател на еМакедонија беше United Macedonia. Бев поканет од негова страна да бидам првиот Министер за Надворешни работи на еМакедонија, што во тој период беше една од најбитните работи. еМакедонија иако беше верен сојузник на тогашниот сојуз Phoenix и имаше доста голема подршка од скоро сите членки во сојузот. Но секако се појави проблем. еБугарија како член на Phoenix се закани со вето на еМакедонија.
Така се нафативме на преговори кои што беа напорни и исцрпувачки бидејќи лесно не се наваѓаше решение. Од страна на сојузот и од наша страна беа понудени разни решенија како троен напад на Грција од страна на еМакедонија, еБугарија и еТурција, региони со богати ресурси, и многу други работи но тогашната бугарска влада ги отфрли сите. Сега веќе беше сериозен проблемот, се виде дека еБугарија нема да попушти и беше предложено гласање на мнозинство во деловите на сојузот за членство на еМакедонија во истиот.
Резултато беше веќе јасен уште пред да почне гласањето, со нашето лобирање пред и за време на формирањето на еМакедонија членките одлучија за влез на еМакедонија во сојузот. Поради арогантноста на еБугарија по потпишувањето на МПП со еГрција истите беа изфрлени од сојузот. Така прогласија неутралност, неутралност која всушност беше маска и припрема за влез во ЕДЕН.
Кога прв пат, како прв македонец влегов во генерал штабот бев поздравен од сите тогашни членки на сојузот. Сите беа ентузијасти и видоа голема иднина во еМакедонија. Уште тогаш започнав со зајакнување на нашата позиција во сојузот и со тоа зацврстување на пријателството помеѓу нашата земја и останатите членки на сојузот.



- Формирање на воената единица АрМакедон

Не би сакал да навлезам како и зошто се направи АрМакедон туку само сакам да спомнам како основач на истата единица со Macedonian_Lion мислам дека направивме елитна македонска единица, со квалитет не само во воената моќ, туку и економско-политички стабилна со истакнати членови кои што работеа за еМакедонија нон стоп во секое време. Прерасна во една од најуспешните македонски воени единици и посебно ми е драго што успеав да ги запознаам ако не сите барем поголем дел од членовите на истата и во РЖ. Навистина ми е мило што се случи тоа и се надевам дека ќе останаме добри другарчиња 🙂
Прерасна повеќе од само единица во виртуелна игра, прерасна во семејство. Горд сум на сите АрМакедонци! После нас, потоп!



ArMakedon - Екипа во Скопје лето 2011



Откако Јуни беше повторно избран за претседател, останав како министер за надворешни работи по втор пат. Истиот месец се случи и првиот бејби бум бев дел и од тимот во Министерството за Здравство каде што стигаа по 500 пораки на смена, тогаш се работеше вистински. За време на вториот мандат како Министер за Надворешни работи во внатрешноста на сојузот се појавија проблеми. Настанаа недоразбирања и поради премоќта на ЕДЕН во истиот период почна да се крои план за нов сојуз. Новиот сојуз кој што беше во план беше наменат да се вика EPP (Easter European Pact) бев поканет на таен канал каде што се собравме членови од владите на Македонија, Србија, Турција и Унгарија. Така започна кроењето на новиот сојуз иако Феникс функционираше меѓувреме но се гледаше крајот на алијансата.
Во исто време се појавија и други работи. Преговорите помеѓу Полска и Унгарија, поради тоа што во ЕДЕн Романија го имаше последниот збор, Полска беше изреволтирана и започнаа преговори со Унгарија за потпишување на МПП.
Истата идеа подоцна се претвори во уште поголема идеа за создавање на нов сојуз т.е. почетоците на ОНЕ. МППто помеѓу Унгарија и Полска ги зближи, Србија, Македонија и Шпанија. ЕПП прерасна во друг проект што опфаќаше далеку поголеми цели од кои што ЕПП беше планиран.
Ги започнав преговорите со тогашниот претседател на Полска smrtan и во неговиот мандат ги зближивме двете земји, не беше едноставно одма да се потпише МППто бидејќи Полска сеуште беше поделена одвнатре. Но, бев упорен и после мојот мандат како претседател во мандатот на Струмјанин
каде што бев повторно Министер за Надворешни работи целиот труд се исплати и Македонија потпиша МПП со Полска, а претходно со Шпанија. Со тоа веќе се знаеше судбината на еМакедонија, дека ќе биде дел од денес големиот сојуз ОНЕ.
Да се навратам назад...За време на преговорите еМакедонија иако немаше МПП со Полска и Шпанија беше дел од генерлштабот на ОНЕ кој што тогаш веќе беше формиран. Ние зимавме активно учество на сите договори, состаноци и донесувања одлуки во ОНЕ за време на мојот мандат како претседател и подоцна како МНР во мандатот на Струмјанин. Откако си го најдовме местото и верни сојузници, при крајот на мандатот на Јуни, турските власти побараа напад на еМакедонија врз Бугарија, бидејќи Турција беше нападната од две страни, еГрција и еБугарија.
Јуни несакаше да влезе во војна а турците беа незадоволни од таа одлука и така товарот остана на следниот претседател т.е. на мене. 🙂

- Претседател на еМакедонија

Одма после завршувањето на мандатот на Јуни, јас како кандидат од страна На ОеМ победив на престојните претседателски избори. Одма уште истиот ден кога беа преброени гласовите, дојдоа турските власти да бараат напад врз еБугарија. Со оглед дека еТурција наш најголем пријател во минатото па и сега, огромната помош од страна на лазократите за време на првите денови на нашата држава, едноставно не можев да кажам не.
Така уште првиот ден од мојот мандат беше пуштен закон за природен непријател врз еБугарија, јас станав првиот претседател кој ја поведе државата во војна. Иако млади и неискусни, недовлоно моќни, тргнавме во помош на еТурција.
Првиот напад беше извршен врз Пиринска Македонија, кој што го освоивме и го вметнавме во границите на еМакедонија. Како прв успех донесе многу радост на младата еМакедонија и беше покажана нашата храброст и моќ на целиот еСвет
за прв пат земја од 3 месеци освои регион на земја од 3 години. Иако подоцна работите не беа така убави како и самиот старт, успеавме да земаме уште еден регион и тука веќе бугарските нинџи, изнервирани, испровоцирани, изиграни од
младите еМакедонци го направија своето најдобро дело, бугарската нинџа скрипта. Во тоа време немаше поени, битката се одлучуваше буквално во последните секунди на рундата а тие што ја знаат и паметат скриптата едноставно беа во голема предност.
Почнавме да губиме и да се ствара нервоза во деловите на државата. Мојата влада и јас направив се што беше во моја моќ да го спречиме тоа, но не успеавме. Едноставно скриптите не уништија за миг. За време на најбитната битка за Мармара, голема улога изиграа и грчките мастер картери со нинџа тенкувањето, бевме поразени, еТурција најави протест дека нема да се борат и доброволно ги предадоа и останатите региони без отпор, секако потоа целата сила на ЕДЕН падна врз нас. Така бевме избришани за прв пат, но го добивме и нашиот втор бејби бум кој што ветуваше многу. И гледајќи сега дефинитивно се гледа разликата и неговото значење.
Исто така во овој период бевме нападнати и на економски план т.е. бугарските власти се обидоа да го откупат денарот на берзата за да го ослабнат курсот на еМакедонија кој што беше најголем во тоа време 0.035, 1 злато беше 35 МКД, 1 тенк кошташе 20-25 денари.
Со министерот за Економија Kpakep4e и LazarosaMKD и со консултации со останати економисти во рамките на сојузот инвестиравме и се обидовме да го вратиме курсот во нормала. Успеавме во тоа, но залудно бидејќи подноцна истиот курс го срушија админите со новите features. 😃
Голема благодарност до Lazocrates кои што во тој период инвестираа огромни суми на злато за берзата и за самата држава. Ние исто така направивме се што беше во наша моќ, се што беше направено беше направено за доброто на еМакедонија.

Само за Блек и компанија - Кај е медот?



- Прв Македонски модератор

Во истиот период за време на нинџа скриптите, станав првиот македонски модератор на играта. И со голема чест влегов во тимот со цел да го подобрам еСветот и да се отстранат сите неправилности во играта. Работев напорно и таму за да се откријат и спречат сите скрипти, да се скратат сите мултивитаминчиња и конечно сите да можат да уживат во играта целосно без нерегуларности. Успеавме после одреден период и скриптите беа надвор од употреба. Останав активен модератор се до јуни 2011 година, подоцна се вратив од Италија во Макеонија на 3 месечен одмор и се откажав од модераторството. Не само поради тоа, туку и поради други работи кои што не би сакал да ги пишам тука. Мило ми беше како прв македонец да ја претставам Македонија и во тој тим, каде што добивме респект и углед иако имаше и малку тензија помеѓу мене и грчките модератори кои што беа далеку побројни. За истото може да зборуваат и сегашните македонски модератори.
Тоа беше едно искуство плус во играта што ќе ми остане во сеќавање.



- Ослободување на еМакедонија

Да се навратиме малку наназад...Одма после окупацијата еМакедонија заедно со ОНЕ членките направија план за ослободување. Иако тогаш 1 востание кошташе минимум 500 злато во регионите на еМакедонија поради големиот број на жители во регионите и механизмите на играта, успеавме за рок 20 часа повторно да ја вратиме нашата држава на мапата. Сега бевме далеку помотивирани за понатака со стекнато искуство во ситуации од ваков вид. Тогашниот мој премиер Strumjanin инсистираше за мир помеѓу двете земји кој што подоцна во неговиот мандат беше успешен.

- Повторно Министер за Надворешни работи

После мојот мандат како претседател, ме наследи мојот премиер Strumjanin. Во неговиот мандат бев повторно министер за Надворешни работи но исто бев и ментор на големиот Струмјанин, да ментор. Прашајте сами 🙂
Големиот Strumjanin во тоа време се реши за проширување на еМакедонија на запад преку Србија, Црна Гора па се во Италија. Со преговори предводени од мене и Струмјанин успеавме да го оствориме и тој план. Преку еСрбија, па еЦрна Гора, ја нападнавме на еИталија. Првите успеси на економско ниво на еМакедонија. Но тогаш админите повторно си поиграа со нас бидејќи со новите features направија да колониите мора да бидат поврзани територијално со капиталот за државата да ужива во нивните богатства и ресурси. Единствено е што ни остана, да ги препуштиме оригиналните територии за да го префрлиме главниот град во срцето на еИталија. Во истото и успеавме. еМакедонија постана империја на Апенинскиот Полуостров со дел и од еШвајцарија.

Во вториот мандат бев дел од министерството за Надворешни работи исто така.

- Смена на Струмјанин, почетоците на демократијата во еМакедонија 🙂

Хехе, можеби е смешен поднасловот ама неможев да се воздржам. Во овој период ОеМ не излезе со свој кандидат на изборите за претседател и така автоматски најголемата противничка пратија МНФ предводена од кандидатот за претседател Makedonija do Indija (Бандини) победи на изборите без многу проблеми. Иако ми беше предложено и во неговиот мандат место во тимот за надворешни работи сепак не се решив да прифатам, туку останав само советник во редовите на ОНЕ. Не би сакал да коментирам што се се деси во тој мандат, бев прилично неактивен. 🙂


-Враќање на Струмјанин

После периодот на демократијата, Струмјанин и беше потребен на државата. Се врати по трет пат да ја води државата во поход кон Грција. Во истиот мандат, земав учество во тимот за надворешна политика предводен од PhoenixMK. Посебно ми беше драго преговорите со ИНЧИ и Египетските власти кои што ги водевме јас и тој. Тука беше многу интересно, многу пот и нерви се потрошија за време на тие преговори и секако ќе ми останат во сеќавање. Во истиот мандат на Струмјанин, еМакедонија за прв пат ја оствари својата најголема цел во играта. Ја покори целосно еГрција, ги држеше еЕгипет и еАрабија.
Беше империја над империите. Ми беше посебно драго што го доживеав и оваа во играта. Најголемиот сон уште од самиот почеток се оствари.
Би сакал да го поздравам Струмјанин и се што стори за еМакедонија, беше врвен и мудар лидер. Благодарност и до сите еМакедонци што се бореа во тој период за овој сон да стане јаве.


Откако си замина Струмјанин и откако веќе сонот се оствари. Моето беше завршено, се чинеше дека се сторив во самата игра. Но, тка лесно неможеш да се откажеш, чатот, пријателствата што ги направив, дружбата ме задржаа во играва.



- Летна пауза од играта, собиранки, журки 🙂

Секогаш помагав кога и да беше побарено од мене во мандатите на Деда, Аминта, Кепенци, Дон Тас... во тој период се вратив во Македонија РЖ и поради недостаток на слободно време не бев толку активен. Се одморив малку од играва за да во септември се вратам повторно со зголемена активност.
Тука би сакал да спомнам за големата собиранка во Скопје на која што бев присутен. Мило ми беше што се запознав со сите што беа присутни на истата. Си поминавме премногу добро и се надевам дека во иднина пак ќе имам можност да присуствувам на некоја друга собиранка.
Ќе ги спомнам и локалните собиранки на АрАмиите: Sophia, Cyril, ErikaZ, PhoenixMK, djuk75, Archibold и др. (извинете ако испуштив некого) повеќе пати се собиравме во кафиЌите на по кригла пиво. Навистина морам да кажам дека оваа е најдобриот дел од играта. Дружбата надвор од истата.

Повелете сеа сите пријатели, спамери, тролови, хејтери, плкачи... Тоа сум јас, се што е пишано тука е мојот еЖивот...

Продолжува...


Ваш, Драш

За шаут кој сака -[Drashhh] еАвтобиографија - Етапите на мојот еЖивот - Новиот еЗавет http://tinyurl.com/6xjev2n -