еАвтобиографија - Етапите на мојот еЖивот

Day 1,438, 09:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski


Поздрав....


You can't connect the dots looking forward; you can only connect them looking backwards. So you have to trust that the dots will somehow connect in your future. You have to trust in something -- your gut, destiny, life, karma, whatever. This approach has never let me down, and it has made all the difference in my life.

- Steve Jobs


...и така и јас се навраќам назад обидувајќи да ги поврзам етапите од мојот еЖивот, 2 години работа и борба, 2 години пот и нерви, 2 години среќа и тага, 2 години за еМакедонија.



Стариот еЗавет

° Почетоци и еДетство

Роден на 21 септември 2009 у 4 часот по полноќ или ден 671 од Новиот Свет некаде околу 20ч по еРепублик време. Се родив во еИндонезија кое во тоа време беше светска сила со силно развиена економија, по препорака од другар. Но, набрзо ја напуштив и се преселив во еРусија каде што беше стациониран поголемиот дел на еМакедонци. Првиот контакт со останатите еМакедонци го остварив преку тогашниот форум www.erepmacedonia.com каде што бев доста активен (преку 1000 постови). Дознав за Македонската Фаланга во Русија и набрзо се приклучив во неа, истата беше раководена од Ivan_Vancho_Makedonski и Macedonian_Lion. Бев максимално активен и посветен на единицата и нејзиното раководење. Зедовме учество во многу важни битки уште тогаш и оставивме силен впечаток на добра организација и единство, иако сеуште еМакедонија не беше додадена на мапата. Тука ми ми помина еДетството и сеуште благодарен на батковците што ме одгледаа и ме научија како се еЖивее.



° Созревање и борба за додавање на еМакедонија во Новиот Свет

Мојата борба за додавање на еМакедонија започна уште од самиот почеток, преку коментари,тикети, разни петиции, форум дискусии (од кои некои беа создадени од мене) но се чинеше дека ништо не помага и дека админите не игнорираат. Но, тука не се откажав, направив весник и моите први статии односно поголемиот дел од нив беа за додавање на еМакедонија и повик до останатите земји да не подржат за да ја добиеме нашата еТатковина.

Еве дел од статиите што ги имам напишено тогаш.
- Shame on eRepublik, add eMacedonia
- Sign for
-
eMacedonia for eUK and PHX

Последнава статија имаше најголем успех и донесе голем број на потписи во тогашната петиција што беше оставена од админите на нивна официјална страна и исто така се расчуја за прашањето еМакедонија во цел еСвет низ кој излегоа голем број на статии кои ја подржуваа идеата за додавање на еМакедонија.
Во меѓувреме го создадов и денес официјалниот чат на еМакедонија - #eMKD кој што во тоа време немаше толку активни чатери како денес, бевме некаде 10тина македонци и останатите беа од други земји. Тука почнаа да се развиват и првите контакти со останатите земји што ја направи играта далеку поинтересна. Бидејќи самата игра не би била таа ако не е чатот и дружбата на него.

- По распадот на еМакедонската Фаланга во еРусија и формирање на втората Фаланга во Турција

После распадот на Фалангата во Русија се преселив во Обединетото Кралство каде што бев дел од скоро сите единици што беа по раководство на државата: UK Navy, UK Royal Marines, UK Commandos41. Тука научив многу работи за организирањето на војската, раководење, дисциплина, едноставно се што е потребно да се има врвна војска. Британците беа и сеуште се пример за организација иако се слаба држава со мал број на активни играчи. Мина одреден период и решив да напуштам и да се преселам во Турција која што беше во војна со Грција. Таму бев и претседател на партијата на еМакедонците која што секој месец имаше по 1-2 конгресмени во редовите на турскиот парламент.
Со помош на турската влада ја создадов и втората фаланга, Македонска Фаланга во Турција. Беше функционална и работеше по истиот принцип на организацијата на Британците, но поради незаинтересиреност кон играта, немаше голема дисциплина и истата се распушти. Секако луѓето почнаа да се отажуват бидејќи админите постојано игнорираа за додавање на еМакедонија.

- Привремен период на двоклик револт против админите

Во меѓувреме имаше голем број на акции и мисии низ еСветот на еМакедонците. АТО на Белгија, камикази во Грција, петиции, тикети, статии, коментари...
Сето тоа за да ја добиеме нашата држава еМакедонија. Админите најавија за во јуни, но помина и јули ништо не направија и се изреволтирав и преминав во двоклик период. Исто така во тоа време еРепублик премина во верзија 2, што ги натера на многумина да ја напуштат играта, а останати да преминат во зимски сон... еден од најголемите фејлови на самата игра во нејзината историја.

v2


° Најава за додавање на еМакедонија - Септември 2010

После одреден период се случи чудо, админите најавија додавање на 6 нови земји меѓу кои беше и еМакедонија. Сите бевме радосни поради оваа вест и почнавме да се припремаме за додавањето на еМакедонија.
Но, тука се јави проблем. Името... Исто како и во РЖ, грчките играчи со притисок врз админите (закана дека нема да трошат ного пари и дека ќе ја напуштат играта, еве Закани за напуштање ) сакаа да останеме под привремената референца.
Се спротиставивме јако, многу топици, многу тикети, многу статии и голема помош од сојузниците успеавме да дојдеме до решение Republic of Macedonia (референцата). Не бевме задоволни, но имајќи во предвид дека бевме во помал број и дека тие имаа 4-5 луѓе во тимот на модератори, се чинеше дека тоа е максимумот што можаме да го добиеме во тој момент. Се помиривме со истото...така започнавме да се припремаме за додавањето на еМакедонија кое беше најавено за во октомври.



Во следната статија ќе го опфатам Новиот еЗавет односно еЖивотот за време и по додавањето на еМакедонија па се до ден денес. Ви обеќам дека ќе опфатам интересни теми и етапи од мојот живот.

Очекувајте го утре...

Поздрав еМакедонци

ваш, Драш.


За шаут кој сака...

- [Drashhh] еАвтобиографија - Етапите на мојот еЖивот - http://tinyurl.com/65243sf