Дрејкова формула (Drake equation)

Day 1,532, 11:52 Published in North Macedonia North Macedonia by N B Forrest

Дрејковата формула е равенка која дава проценка на бројот на цивилизациите во нашата галаксија, кои се способни и волни за комуникација со нас.
Ја осмислил американскиот астроном Френк Дрејк.

N = R* x fp x ne x fl x fi x fc x L
каде:
N - бројот на цивилизациите во нашата галаксија, кои се способни и волни за комуникација со нас
и:
R* - број на ѕвезди што настануваат во нашата галаксија за 1 година
fp - процент на ѕвезди кои имаат планети
ne - број на планети каде може да се развие живот
fl - процент дека ќе се развие живот ако има услови
fi - процент дека од тој живот ќе се развие интелигенција
fc - процент дека интелигентниот живот ќе сака и ќе може да комуницира со нас
L - просечен животен век на една технолошки развиена цивилизација

Оваа равенка може да ја најдете на интернет и да пресметате по Вас колку има вакви цивилизации. Според мене има само околу 200. Е сега, ако има преку 200 милијарди ѕвезди во нашата галаксија, а само околу 200 цивилизации способни за комуникација и технолошки развиени, која е веројатноста луѓето да видат НЛО?

[IMG][/img][IMG][/img]