[DonTas] Упатство за новиот модул

Day 1,667, 01:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas

Поздрав Македонијо!!!

Иако знам дека повеќето од вас го сфатија новиот модул на војување, сепак во неколку реченици ќе се обидам да направам основни упатства:

1. До војниците:
Пред да почнете да пукате отворете ги сите наши битки. Видете точно каде вашата дивизија е во негатива и испукајте таму. Секој инфлуенс, секој поен од секоја дивизија е важен.
Ако на пример, во востание во Грција водиме во сите дивизии, освен во втората, сите од таа дивизија пукајте таму, без разлика што ДО или КОД е друга битка. Убиствата направени во било која македонска битка покасно ќе ви ги брои за да ја завршите дневната мисија и да си земете базука и чоколадце.
Нема да ставам слики, знам дека ме разбирате.

2. До командирите на воените единици
Имате секој ден можност 5 пати да смените ДО. Обидете се штом ќе почне нова битка, накратко само да ја ставите како дневна наредба и потоа пак вратете ја таа што е приоритет. Затоа што било која битка, ако еднаш во текот на денот била ДО, ќе ги смета убиствата направени во неа за исполнување на дневната мисија, без разлика која битка е во моментот поставена за ДО.

3. До борците од четвртата дивизија
Ајде да не бидеме себични и да не пукаме само за БХ. Секоја чест на исклучоците, но забележав во изминативе 2 дена дека сите ние, условно кажано, појаките играчи, пукаме или за БХ медал или пукаме како платеници за странски држави, што ни даваат пари, голд или тенкови. Тоа е причината што секогаш, па дури и Албанезите, не мачкаат во 4-тата дивизија.

4. До власта
Гледам дека веќе се органзиираат ударите според дивизии. Треба уште појака организација. Правете повеќе поделби на тенкови, најмувајте платенички единици за во 4-тата дивизија, каде што губиме. Нека се организира МоД тимот на таков начи за постојано да се ставаат шаути, во која дивизија во даден момент е потребно да се испука за да се крене зидот и за да се добие рундата.

Да живее Македонија