[Don Tas] Кандидатура за претседател

Day 1,378, 04:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas


Мои Македонци

Ја објавувам мојата прва статија поврзана со претседателските избори, каде што сум кандидат од МРДЛјС, а во следните денови со уште неколку статии ќе ги дополнам моите размислувања како ја гледам еМакедонија во септември, но и во месеците потоа.
Еден месец од мандат некогаш не е доволно да се спроведат сите замислени работи, но битно е да се постави добра основа и да се започнат. Мојот акцент од 5 септември ќе го ставам на следниве приоритети:

1.ЕКОНОМИЈА
Ослободување на нефункционалните денари од Трезорот на еМакедонија
- Македонија секој ден добива повеќе пари од даноци отколку што може да троши. Знаете дека дозволено е секој ден како донација од трезорот да се префрлат во Народна Банка само 99.999 денари. Во овој период секојдневно приливот на средства во државата е поголем од 100.000, а во септември со активирањето на повеќе играчи, парите што ќе одат во трезорот ќе се зголемуваат. За да не стојат парите заробени и нефункционални ќе предложам нова даночна политика во период од 10-15 дена додека не се извадат сите „заробени“ денари од Трезорот. Тоа значи максимално намалување на даноците на плата и на ДДВ. На тој начин секојдневно кај цивилите и во фирмите ќе остануваат повеќе пари, кои ќе бидат активни и ќе можат да се трошат, наместо да се акомулираат во државата.

2.ВНАТРЕШНА ПОЛИТИКА
Формирање на Академија, национално помирување и обединување и популаризација на еРепублик во реалниот живот со нов бејби бум
- Сакам да покренам идеја за формирање на Академија на еМакедонија каде што ќе членуваат постари е-играчи, заслужни граѓани за Македонија, поранешни претседатели кои оставиле свој белег на играва, по примерот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во реалниот живот. Оваа Академија ќе нема извршна улога, туку само советодавна. Новите членови на Академијата секој месец ќе ги избираат граѓаните на Македонија. Секоја битна одлука за Македонија да се разгледува во Академијата, а потоа да се стави на референдум пред народот. За членови на оваа Академија за почеток би сакал да ги видам: Lazarosa, Strumjanin, United Macedonia, Hoban, ScymeX, Aexil Kong, Mudash...
- Веќе неколку месеци сме раскарани за разни работи. А досега сме докажале и покажале кога сме обединети и кога сите играме за Македонија, а не за партии или единици никој не ни може ништо. Затоа сакам да ги повикам сите партии што се застапени во парламентот (без разлика дали ќе ме поддржат на овие избори или ќе поддржат друг кандидат) да ми предложат свои кандидати за позициите Министерство за здравство, за информирање, за образование и за внатрешни работи (резервисти). Министерствата за економија, за одбрана и за надворешни работи ќе ги водат мои блиски соработници од МРДЛјС. Сакам во мојот мандат сите партии да дадат свој придонес во раководењето со еМакедонија.
- Иако во еМакедонија има регистрирано над 12.000 граѓани, активни се околу 3.000. Битно ни е таа бројка да ја зголемиме за минимум 50%. Со 4.500-5.000 активни играчи за кратко време ќе станеме рамо до рамо со Србија и Полска по број на активни играчи. Сведоци сме дека 70% од играчите во еМакедонија се плод на двата големи бејби бума во октомври и во јануари. Затоа под итно ни е потребен нов!

3.НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Курсот е јасен ОНЕ и сојузниците
– На ова поле нема што да менуваме, освен да го зацрвстиме нашето сојузништво со ОНЕ земјите и останатите наши сојузници, пред се со Турција

4.ОБРАЗОВАНИЕ
Нон стоп објавување на упатства и туторијали за играва
Кога бев е-бебе, најмногу за играва дознав од упатствата како да се развивам и како да играм. Во последниве неколку месеци (со исклучок на последниот месец) некако како да ја запоставивме функцијата на Министерството за образование. Затоа планирам да се апдејтираат сите туторијали (со новите измени во играва) и преку многу активен тим во Министерството за образование да се овозможи новите играчи полесно да се упатат во играва, да ја запознаат и да се „навлечат“ на неа.

5.ВОЈСКА
Војската мора да се храни навреме, но и да и се помогне да не зависи од државата
Рефундот е болна точка на сите Влади, затоа планирам да не ветувам ништо, иако имам неколку предлози како да се дели. Веднаш по изборот ќе се сретнам заедно со сите команданти на воените единици и ќе оставам да се договорат за начинот на распределба на рефундот. Што ќе договорат јас ќе спроведам! Доколку не успеат ќе ставам на гласање 3 предлози, за кои ќе гласаат командатите на сите единици, кој предлог ќе добие мнозинство гласови ќе важи за сите. Битно е дека: Рефунд мора да има за сите!
За војските планирам и акција – помош од државата за сите војници кои го немаат надоградено Tower центарот од q4 во q5 со државна интервенција да го сторат тоа. Нема истовремено сите да можат, но фирмите потребни за надоградба ќе се префрлаат од еден војник на друг. Ќе треба повеќе време, но сакам во мојот мандат да почнеме со акцијата – а моите наследници да ја продолжат.

6.РЕЗЕРВИСТИ
Сите во одбрана на државата
Повозрасните играчи од реалниот живот се сеќаваат дека во времето кога живеевме во поранешна Југославија од 22 милиона жители, 18 милиона беа под оружје во т.н резервен состав на Армијата.
Сите играчи во еМакедонија се битни за одбрана на државата, затоа сакам да ги организираме цивилите во резервен состав преку формирање на канали 1000+, 2000+ и 3000+ сила каде што слично на каналот емкд-арму ќе се полнат со храна и оружје со квалитет во зависност од нивната сила и моменталната можност на државата.

7.ТЕРИТОРИИ
Играва во последниве два месеца стана толку динамична што не може да се предвиди какви ќе бидат политичко – воените односи во регионот по 10 дена. Затоа не можам да ветам ништо конкретно, затоа што не знаеме како ќе се развива новиот Балкански конфликт во наредниов период. За еМакедонија е најбитно задржување на териториите во Египет и во Арабија што ни се битни за ресурсите. Искрено би сакал уште еднаш на Грците да им покажеме кој е газда на Балканот, но можеби ќе се покаже и потреба од напад на Бугарија, па ќе ни се направи ќеиф и неа да ја избришеме еднаш. За стратегијата кде и кога да напаѓаме ке се разговара во Академијата и на Генералштабот со сите единици.

8.ТИМ
Да создаваме кадар
Ги повикувам сите граѓани на еМакедонија да ми пишат со предлози како да го направиме септември квалитетен месец за нашата држава. Македонија не ја чини еден или двајца играчи. Ќе побарам од сите министри во своите тимови да вклучат и повеќе заменици од помладите играчи кои имаат желба да помагаат и да учат, за да можат за некој месец и тие самостојно да преземат одговорни функции.
Тимот со кој планирам да ја спроведам мојата програма ќе го објавам на 5 дена пред изборите. Засега само ги најавувам моите двајца најблиски соработници:
- Бобан Митровски – премиер и задолжен за економскиот сектор
- Лавчан – заменик претседател и задолжен за воениот дел

9. ЗА МЕНЕ
Во еРепблик се родив на 25 октомври 2010 година, оттогаш активен сум секој ден. Не сум пропуштил ниту еден е-ден да видам што се случува.
Во реалниот живот - имам 36 години и искуство во политика