[DexterMKD] Магнет за инвестиции во еМакедонија + неделно јадење го*на

Day 1,245, 07:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Petar Markov MMK

Моментално сме во војна со еБугарија и водиме битка за регионот Видин... почна и третата битка, е сега гледам јас така гледам, и шо да видам одненадеж рипна едно маче кај мене на мониторот и тоа со зелена лубеница на главата, викам ајј... како и другите ќе мавне 10-15 убиства и ќе батали...

Си отварам јас таб со чатот и седам на каналот на единицата се организираме, па на армиски да извршуваме наредби, па малку зае*анција на отворениот канал на еМакедонија, и кога по едно време отворам да видам што се случило со битката и гледам тоа мачето уште мава ли си мава, да видам да нее риплеј шо го затворив прееска, кога да видам, мачето 100 убиства направило, па згора на тоа и по него дошле и други, другарче од Унгарија, другарче од Шведска, и како-така, го покрија овој..... знаете кој.....

Браво мајсторе ќе беше подобро да имаше така барем 2500 сила, ама и за тоа сме ти ептен благодарни, убаво е кога знаеме дека има и кај нас некој таков, што АРЧИ на ереп, незнам другар дали си син на Велија или Грујо, ама секоја чест!!!


Е сега друго што не ми беше јасно.... сојузниците бе, каде се тие??? Е каде се де?? Скокни до Турски колеги на канал, вечерва ќе мавале тие, скокни до друго место, имале битки, оп до Шпанија, ни г’k ни м’k, алоооо.... одеднаш нема никоој. Е нема.... А кога требаше да се ослободува некој, Ееееееј Бротхерс Хеил Брадерхууд, а денеска ми вика тунајт органајзед, ма какво тунајт какви заебанции, милионска штета уџум оди, ќе чекаме да ни заводат 10 – 0 па после ние и со Плато ќе ја средиме... ехеее... службено да ни ја дадат.... цццц ах, Македонче, Македончееее........

Рака на срце, битката беше топ, да бидеме реални, како ние сакавме да победиме сакаа и бугарите, е сега ние потрошени, цивилите потрошени, државната војска незнам како стои.... за тунајт кој??? Сојузниците??? Ај баш ќе видиме дали една ќе земеме..... да ни даде господ уште многу како тоа мачето со зелената лубеница на глава, оти секоја тунајт ќе го кркаме!!!!

Поздрав на сите,
И останете ми со здравје!!!!
Петар Марков ММК