Прво Интервју Со Претседателот На еРепублика Македонија - DedaNoe

Day 1,298, 01:42 Published in North Macedonia Nigeria by MaCeDoNa

Bчера сосем случајно дојде до ова интервју.На чет се сретнав со претседателот на нашава убава Македонија ...DedoNoe ме научи како да си сокриjам Ip адреса на чет.🙂
Фала DedaNoe 🙂

MaRiJaMaCeDoNa is PanzeR@MarijaMaCeDoNa.PanzeR.Amazonka
[PanzeR]MaCeDoNa is cgiirc@CleopatraVII.The.Last.Pharaoh.Of.Great.Macedonia


Потоа го замолив за едно интервју:

MaCeDoNa: Кажи ми прво како е да си претседател на еМакедонија?Какво е чувството?Имаше ли трошка трема..? како ќе се снајдеш со функцијата...? како ќе се справиш со коментарите...? секогаш ќе има секакви и позитивни и негативни...
DedaNoe:Напнато е пред се,очекував да биде за нијанса полесно,но пред мене се испречија еден куп предизвици, и секој ден се се поголеми,а со тоа и одлуките и решенијата.Но подготвен сум да сносам последици ако згрешам во носењето на одлуките. Трема немам,бидејќи не ми е прв пат да сум на одговорна функција.Со коментарите...посакувам да имам можност да ги бришам и да им лепам казнени поени (деформација од кајгана форум😛 )
MaCeDoNa: Струме секогаш ја остава Македонија со голема територија премногу региони,па нормално, растргнати во многу битки ги губиме реоните.Каков план имате Вие да ја задржите сегашната граница на државава?
DedaNoe:Планот пред се е да задржиме доволен број региони за нашата економија да работи оптимално.А за освојување на нови (неповрзани) региони можам да кажам оти ги има многу,решен сум да бидам воено ориентиран и да јa снема досадата во играва ( иако делува досадно моето тактизирање со пуштање на нападите).
MaCeDoNa: Секогаш ќе има незадоволни играчи,без разлика ти колку се трудиш и совесно работиш...ко за секоја владина структура, ќе се пишува (извини на израз) "крадат", а член си на паравоена единица...нели мислиш дека ќе те обвинат за тоа?
DedaNoe: Член сум на паравоената за која минале милион обвинувања дека крадеме...засега не излегло ништо од краденото освен името,па така ништо ново,веќе сум во бизнисот со убаво име на моето чело 😛
MaCeDoNa: 🙂
MaCeDoNa: Aватарот...
МaCeDoNa: Незнам колку си го прочитал мојот коментар во твојата статија напишана пред да седнеш во претседателската фотеља,ти посакав многу среќа и мудрост да ја искористиш историската "Arka" доколку ја имаш негде ко адут за тешки моменти ..и уште тогаш ти предложив да користиш аватар со наше традиционално македонско значење,претседател си на сите еМакедонци ,сите за тебе гласавме на денот на изборите..(.мој предлог е за аватар да земеш фотографија од нашиот ангел Тоше).
DedaNoe: Да, прочитав.А Аватарот ќе го променам...ама денес воопшто ги нема аватарите.
DedaNoe: ќе го ставам за аватар
DedaNoe: убавецов...
DedaNoe: чекај, да го видиш...
DedaNoe: http://pic.mk/images/zverko.jpg
MaCeDoNa: Дечково на сликава ...ти си?!?! 🙂
DedaNoe: хахахахахахаха...
DedaNoe: Laughing Out Loud
DedaNoe: не го познаваш???
MaCeDoNa: Незнам...затоа те прашувам ...чекај да му фрлам уште еден поглед...ми личи на еден пеач...ама не сум сигурна..
DedaNoe: http://www.youtube.com/watch?v=2f-Jiu44bbE
DedaNoe: xD
DedaNoe: тој e
MaCeDoNa: Им кажав на колегите PanzeRi дека разговарам со тебе, и им реков доколку сакаат нешто да те прашаат , ќе те прашам во нивно име... додека да ѕирнам јас на канал, кажи ми ... сигурно виде ...ја формиравме првата женска паравоена M.U PanzeR Amazonki ,како ти се допаѓа тоа??
DedaNoe: добро Ви текнало тоа,ама името ви тера накај ArMazonki
DedaNoe: ама - me like that 😃
MaCeDoNa: ех... нема шанси тоа ..НЕ ОД МЕНЕ! PanzeR ми е прва паравоена и последна ...јас сум многу лојална и одговорна...ама ај да не се фалат ...ќе оставам да ме фалат другите... 😉
MaCeDoNa: Прашања од колегите
[PanzeR]MakalNo1:Прашај го за промениве,што планира да преземе МзЕ после новиве промени, гледано од економски аспект.
[PanzeR]Jimmy`: дали се планира да се турка цела Хрватска ..покрај Грција..и колку му изглада нему реално тоа...
DedaNoe: Промениве само што дојдоа денес...нека праша за 3-4 дена кога ќе станат дефинитивни.
DedaNoe: Само Грција,со Хрватска толку...ќе пуштам напад ради реда...и тоа е тоа...од вчера си побараа мир..затоа што имаат големи проблеми,а ние ќе се фокусираме само на Грција, а понатаму одиме по наредби на ONE.
MaCeDoNa: И за крај ..порака до сите еМакедонци
DedaNoe: Порака до Македонците... Останете обединети и играјте го чудовo..затоа што тука можеме и правиме чуда, ама заедно -СИТЕ!
MaCeDoNa: Големо БЛАГОДАРАМ што ме почести со муабетиве..ти посакувам се најдобро прво во реалниот живот, па и на играва, остани таков ко што си...едноставен,стабилен,достапен за секој што ќе посака да размени со тебе збор-два...о7 DedaNoe...се читкаме друг пат... ако имаш нешто ексклузивно ...побарај ме на чет 😉
DedaNoe: се читаме, поздрав;

Тоа е се народе ...





Ве СакаМ СИТЕ!!! ...што би рекол нашиот Тоше...
Останетеми со 100 здравје и 100 тенка во магацин 😉


[PanzeR Amazonki]MaCeDoNa



За Шоут
Интервју Со Претседателот На еРепублика Македонија
http://www.erepublik.com/sr/article/-dedanoe1-1795045/1/20