Копчето на ...DedaNoe

Day 1,294, 16:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokalipto


Да почнам со фамозното копче за напад со кое вечерва ме полудевте дека не сум го гледал.... епа го гледав и чекав за овој ОГРОМЕН момент на надмудрување со тактичарите на EDEN.

Хрватите го почнаа востанието во Апулија со цел да се зашитат од наш напад но истовремено и да им помогнат на грците со тоа што ќе го темпираат востанието да заврши во ист перод кога автоматски ќе морав да нападнам на грција...

Цел ден се водеше внимателна кампања хрватите да не ми го насетат планот дека ќе дигнам RW во Саудиска Арабија во Al Banah регионот и истиот ќе го нападнам со што ќе добиеме одложен напад т.е +12 часа или со други зборови оваа вечер ќе ја имаме само Хрватска како непријател за да го истуриме гневот... се обидоа на секој начин да одологовлечат и затоа морав да праќам војска и тенкови да ја добиеме битката со цел одма да нападнеме и да не губиме време а вие да се нервирате чекајки го е*аниот напад.

Како што може да видите дигнав востание во Арабија, нападот го ставив на тој регион и автоматски грција ќе биде нападната утре во перодот од 13:30-14:00 (ако грците тепаат во сите рунди - во што не се сомневам).

Се извинувам за чекањето и за загубените нерви. Копчето беше пред мене ама некогаш навистина е тешко да го стиснеш.

Уживајте во вечерва и во тоа што на хрватите ќе им го приредиме како казна!!!