Претседателско обраќање [DedaNoe]

Day 1,300, 06:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokalipto


Почитувани еМакедонки и еМакедонци!

Најнапред да ви се извинам за тоа што деновиве не ви се обратив со никакво известување за тоа што се случува (барем во детали) иако наредбите каде да се бориме беа и повеќе од јасни.

Мислам дека сега откако конечно се исчистивме од калта и можеме да се фокусираме на еден фронт и притоа да го покажеме вистинскиот потенцијал, наместо да се излежуваме и да се вадиме на парите кои за нас ги трошат Скајмекс, Аексил, Хобан, Лазароса и останатите а ние т.е Вие да се чувате за да фатите некој бх медал за кој искрено шансите се мали ќе можеме да се фокусираме и консолидираме како ЕДНО затоа што само заедно ќе успееме... размислете за ова.

Идам до проклетата средина за која мојот ми драг пријател Иван Ванчо Македонски спомна дека онака чисто менталитетски не ја рецкаме... е тука ќе спомнам дека Ние како земја членка на алијанса (знаете она нешто каде што заедно си со некој а не си сам... или попросто кажано оние од кои бараме помош кога ќе згусти а не им даваме) се движиме во рамки на нивните планови и нашите лични интереси како полесно би напреднале и пред се би ОПСТАНАЛЕ. Одлуките кои ги носиме, рокадите со територии се само дел од поголем план за кој јавно неможе т.е воопшто не е паметно да се разговара.

грција, еве сме сами со нив - закон за прогласување за природен непријател е веќе во тек, од утре ќе ги имаме потребните 10% бонус кои тие досега ги имаа како предност во битките против нас... и пак губат ко ...грчка 😃
Македонци денес ќе покажеме единство, следете наредби и не се штедете, тука сме за МАКЕДОНИЈА а не за бх медали.

Саудиска Арабија, Египет и регионите таму....
Како што знаете неодамна ги ослободивме од грчко робство - нивните дотогашни "пријатели" и сојузници, и таман кога дојде ред да им ги предадеме териториите пред нив се испречија две нови закани (за нив) нашите добри пријатели Кипар и Иран, сега сме во ситуација на преговори по иницијатива и молба на Саудиска Арабија и Египет кои не молат да ги задржиме регионите и тие да бидат освоени од Кипар и Иран со кои преговараат доста интензивно. За секој напредок во овие преговори и решение ќе бидете известени. Засега НЕ ДАВАМЕ НИТУ ЕДЕН РЕГИОН!


Пред нас е голем ден, ќе падне втората грчка гордост - Централна грција која ќе ја бранат со сите сили (како што гледаме). Затворањето на вториот фронт со огромната велесила Хрватска беше неизбежно. Факт е дека грците досега не го покажаа своето вистинско лице во борбите и пред нас се тешки битки, во кои барам да вложите малку време и трпение за заедно да славиме на огромниот успех!



ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНИ ФИРМИ:

http://www.erepublik.com/en/article/-mze-1-1797015/1/20