Кандидатура за Претседател [DedaNoe]

Day 1,288, 02:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokalipto


Поздрав еМакедонци и еМакедонки. о7

Како човекот кој ќе застане на чело на нашата империја после заминувањето нa Струмјанин во негов стил имам обврска пред вас да ја изнесам мојата програма, за она што ќе го оствариме со мојот тим и она што го очекувам од вас.

Сведоци сме на неверојатен успех кој го остваривме во залет, и сеуште сме на победничките крилја и нема да запреме. Во мојот мандат ќе продолжам со планот на Струмјанин кој ќе биде најблизок дел од мојот тим на советници во кој дел се истакнатите еМакедонци Hoban + Лазароса за кој не верувам дека ќе одбие да биде тука за совет.

Факт е дека успехот кој е остварен е нешто за кое сите сонувавме од моментот кога се регистриравме на играва и неможам да опишам колку самиот сум среќен што барем виртуелно сме обединети и несопирливи. Противникот ни е една од најјаките земји во играва која е неверојатно слаб противник (моментално), ама има голема можност се да биде дел од еден голем план на Eden за да се спасат. Што и да биде пред нас ќе го дочекаме спремни и ќе го освоиме она што може да се освои, во соработка со сојузниците.

Неизбежен дел на секоја влада се тимовите по министерства. Тоа се луѓето на чии плеќи паѓа товарот и одлуките кога претседателот го нема. Како атуелен Министер за Одбрана, секојдневно сум во контакт со генералштабот на ONE и командата на нашите сојузници, и честопати сум се нашол во моменти да носам одлуки кои засега се покажаа како добар избор. Најбитна е координираноста помеѓу битните министерства - МзО и МзН со претседателот, како решенијата за доброто на еМакедонија би дошле до израз.

Тимовите на Министерството за Одбрана и Министерството за Надворешни работи ќе останат исти + некои квалитетни проширувања од луѓе за кои во текот на овој месец стекнав мислење дека ке бидат совршен дел од механизмот со нивната посветеност (онлајн присутност и способност за носење одлуки).

Министерствата за Економија и Финансии- остануваат исти + проширувања со цел да се зголеми динамиката за распределба на средства (мааал проблем со кој се соочив за време на овој мандат).

Министерствата за Информирање и Црвен крст ака Здравство ќе ги преземат луѓе кои досега немале шанса да се докажат и истите ги очекувам како предлог од моите коалиционони партнери (чија партиска поддршка ја имам како што ја имам од ОеМ) и за истата сум бескрајно благодарен и истата говори за довербата која МнМ и М.О.С ја имаат во мене.

Се надевам на успешен мандат, во кој ќе ја оправдам вашата доверва и ќе освоиме се што може да се освои и притоа да не наидеме на конфликт со сојзниците и пред се да ги задржиме регионите кои ни носат екстра бонус.

Let the games begin.

p.s се што е испуштено е намерно испуштено освем тоа што не е. + ниедно животно не е повредено за време на снимањето на филмот.