[DarkoDimovski1]Организација на војската

Day 1,622, 14:58 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1

Здраво Македонијо,

Статијава ја пишувам исклучиво само за организација на војската..

Системот на организација на војската во еМакедонија до сега е најдобриот систем на организација што нашата едржава го имала.. Во еМакедонија има околу 20-25 паравоени единици кој ја сочинуваат ударната моќ на Македонската армија.. Верувам сите ќе се сложите дека сите единици имаат околу 50 членови од кој 40% од нив се активни на удар каналите..
Сите ќе си го поставите прашањето: Што и фали на Македонската армија?

Активна војска во секое време на право место секогаш кога ќе биде потребно..

Размислував долго време околу организацијата на војската и дојдов до еден заклучок:

Да им се даде повеќе простор на активните отколку на неактивните членови во паравоените единици.. Што значи сето ова? Неактивните членови што членуваат во Македонската единици масовно да ги напуштат истите и да влезат во цивилните единици за да им остават простор на активните цивили кои што се спремни да влезат во една од Македонските единици. Задачата на Генералите на единиците ќе биде да направат што поголеми Регрутации за влез на цивили и нивно организирање понатаму.

Истотака, на Македонија и фали елитна единица слична како Титани од Србија, WP од Полска, FFAA од Шпанија која ќе биде рефундирана од државата. Таа елитна единица ќе функционира слично на фалангата за удар од Т-90 па натака и ќе служи за вртење на веќе паднатиот ѕид или пак држење на истиот.. Елитната единица би требало да сочинува околу 60-70 војници кој што ќе имаат услови за да членуваат во истата и да бидат активни. Јас лично се нафаќам да ја водам истата со детален извештај за тоа каде е удрено, колку тенкови се потрошени и слично.

Третата и според мене најважна работа е смалување на бројот на Македонските единици:

Како ќе го изведеме тоа? Ќе го земеме примерот од Волците и од Мacedonian Sun Knights кој се споија во една единица и во моментов се една од најјаките единици во Македонија. Во секој момент имаат околу 30-40 активни војници и прават голема штета заедно со што зимаат и поголем рефунд!
Македонската армија е поделена на 25 единици и е премногу тешко да се контактираат истите.. Доколку би успеала таа бројка да ја сведеме на 13-14 единици би било одлично за понатамошната координација и организација на нашата армија..

Нашите тенкови и нивно штедење на РЛ пари:

Македонија треба да биде горда што ги има едни од најдобрите тенкови кој ја играат играва. За да ги направиме уште подобри треба сите заедно да учествуваме во тоа.. Како би го извеле тоа? Би го земале Персеј Македонски како пример со неговата статија: http://www.erepublik.com/en/article/-1-2022779/1/20 Македонија пред личниот интерес! Доколку сите би ги трошеле нашите базуки корисно би им го намалиле нивниот РЛ трошок кој што го даваат за оваа игра.. Со организирано и активно мавање на армијата и со организирано мавање на базуките во даден момент верувајте ми, нема да има потреба ни 1 евро да потрошат на оваа игра.. Обединети сме и најдобри! Затоа, помогнете му да ја оствари неговата идеа и земете учество во базука тимот за симболичен број на тенкови донирани како заблагодаруање од државата за вашата штета во битен момент.

Моменталниот рефунд систем во Македонија е добар, но може да претрпи и измени..

Македонија секогаш треба да ја ставиме како прв приоритет, а не нашите акаунти и виртуелните пари. Верувам 99,1% од вас влеговте во оваа игра со една цел: ДА И ПОМОГНЕТЕ НА МАКЕДОНИЈА!

Направете го тоа и помогнете и! Бидете од корист за вашата земја!
Вратете се во неа и пукајте за неа! Подржете го Струјманин со неговата идеа!

Доволно трчавме по 12 тенка за да пукаме за друга држава, поготово противник на Македонија и на нејзината алијанса. Верувам дека 60% од Македонците би ви помогнале кога ќе снемате тенкови! Доволен е само 1 до 2 шаута и ќе ги добиете истите тенкови што ќе ви ги дадат таму за да пукате за сопстената земја, за Македонија!


НАС НИ ТРЕБА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ДА СТАНЕМЕ БРОЈ 1 СИЛА ВО ОВАА ИГРА!

ЗАБОРАВЕТЕ НА ВАШИТЕ АКАУНТИ И СТАВЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИОТ СОЈУЗ КАКО БРОЈ 1 ПРИОРИТЕТ!

САМО ТОГАШ ЌЕ БИДЕМЕ БРОЈ 1!

Секогаш ваш,
DarkoDimovski1



За крај, доколку мислите дека заслужувам шаут:

[DarkoDimovski1]Организација на војската
http://tinyurl.com/d6ednyx