[DarkoDimovski1]Прво претседателско обраќање

Day 1,539, 06:04 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1
Здраво Македонијо,


Имав еден сон, сон кадешто сите Македонци ќе бидат еднакви, сон кадешто секој Македонец ќе биде горд на својата мала но мила Македонија, сон кадешто кај секој Македонец ќе гори желбата за нови походи и успеси!

Сакам да ви се заблагодарам на сите за искажаната подршка, подршка која ми значи МОТИВ за работа понатаму! Истотака во овој миг сакам да им порачам на мојот тим дека не чека голема работа, многу обврски и многу предизвици!


За сите еМакедонци и еМакедонки ќе бидам тука, безразлика колку работа и да имам во тој момент..
Сите еМакедонци и еМакедонки ќе го добијат потребното внимание од мене да бидат ислушани, да кажат забелешки за мојата и работата на мојот тим, и да го добијат мојот одговор!
Направив јавен канал кадешто секој Македонец ќе може да присуствува и да ме најде во секое време:
Каналот: #DarkoDimovski


Истотака, сакам да ви кажам дека ќе работам за доброто на еМакедонија, за доброто на нашиот Сојуз и за доброто на сите нас.

Си ветивме дека работиме чесно и транспарентно, па затоа уште од сега да кажам, секој денар ќе се знае каде ќе оди, секој тенк каде е даден.. Сите потребни информации ќе бидат достапни за јавноста преку билтени за потрошеното!

Истотака во мојата кандидатура споменав дека е потребен нов бејби-бум, дека ни е потребна свежа и млада крв.. Сакам да испратам молба до сите тие што се во можност да помогнат околу бејби-бумот да го направат тоа. Верувајте, државата ќе помогне на секое еБебе коешто ќе се приклучи на играта!!

Ќе има дневни донации. Секој цивил, секое бебе ќе биде добродојдено да дојде и да земе тенкови и лебчиња! Министерството за здравство ќе работи беспрекорно и ќе им помогне на цивилите и бебињата со донации.. Цивилите се нашата ударна моќ и нема да бидат запоставени!

За крај сакам да ви кажам дека ќе направам се што е во моја моќ да ја вратам Македонија на тронот, на мапата како еИмперија.. Ве повикувам сите да соработуваме сложно, бидејќи тоа е единствениот начин за да успееме..
Ако не поради мене, направете го тоа поради нашата мила еМакедонија!!


Со почит,
Претседател
DarkoDimovski1


[DarkoDimovski1]Прво претседателско обраќање
http://tinyurl.com/6npfj4g