Интервју со Командантот darkan7

Day 1,282, 09:19 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Панзер единицa со најмногу вјоници кои за Македонија ГАЗАТ на разговор го имаме нејзиниот моментален командант.

Од каде е името Панзер и што значи ?
Даркан7 : Panzer е германски тенк од втората светска војна. А ние сме Panzer Elite Divizion исто како што била елитната тенковска единица во тоа време.

Која беше првичната идеа за единицата и како ја гледаш во иднина ?
Даркан7 :Сакавме да се собереме што повеќе посилни играчи во единицата за да можеме да правиме поголем инфлуенс. Отпрвин броевме 10 војника и тоа беше експериментален период за да видиме како ќе оди. После постепано се ширевме и денеска моментално броиме 64 члена и 39 регрута.

Се уште сте во добри односи со Chaos Order ?
Даркан7 : Па да. Не гледам зошто не би биле.

До сега има две единици PanzeR и PanzeR Regruti ќе се ширите уште ?
Даркан7 :Едната е PanzeR членови а другата PanzeR регрути.Членовите се поискусни и посилни играчи и тие работат во Q5 фирмите на единицата, а регрутите се помлади и понеискусни играчи и работат во raw фирмите. Кога регрутот ќе ја достигне потребната сила и потребното искуство се префрла во PanzeR членови. Нема да правиме уште единици но имаме распишано регрутација во истите.

Кои се условите за во Панзер и зошто треба еЦиливите да се приклучат во вашата единица и каков третман би добиле доколку би членувале ?
Даркан7 :Во членови можат да влезат само војници со 2000+ сила со тоа што ќе имаат можност да качуваат ранг многу брзо бидејќи се бориме скоро секој ден и го трошиме целото здравје. Имаме инфраструктура која ни го дозволува тоа. А во регрути можат да влезат војници со 1000+ сила. Регрутите работат во RAW фирмите на единицата и добиваат донација три пати неделно по 10 Q5 леба и 2Q5 тенка.

Имате девојки и дали се привилигирани ?
Даркан7 :Сега за сега имаме две девојки. И двете се во членови. Не се привилигирани, добиваат исто што и другите членови.

Имате план Б ?
Даркан7 : Секогаш имаме план Б, план Ц и план Д 😃.

Горд си на тоа што го постигнавте ?
Даркан7 :Стварно сум горд што сум дел од Панзер. Постигнато е многу но допрва имаме зацртани планави за постигнување. Единицата има 9 Q5 фирми и доста raw фирми, имаме свој форум и преку него се информираме за се во врска со играта а на него имаме и чат во случај да падне mibbit можеме таму да разговараме.

Што мислиш за другите единици ?
Даркан7 : Во последно време приметувам значителен напредок кај некои послаби единици што ме радува. Многу е важно ние да имаме меѓусебно разбирање како на воен така и на политички план а натпреварањето меѓу себе не прави се појаки и појаки.


Зошто политички не сте орентирани,со оглед на бројот на членови можете да контролирате една партија ?
Даркан7 : Не сакаме да се мешаме во политиката меѓутоа сите наши членови со политичка амбиција имаат поддршка од единицата без разлика во која партија членуваат.

Што мислиш за еПолитичарите ?
Даркан7 : Секој со своите одлуки. Јас сум првенствено војник така да не се оптеретувам многу со политиката.

Што е нај проблематично во раководењето со единиците ?
Даркан7 : Најпроблематично е да раководиш и да држиш под дисциплина 100 + војници, но сега за сега добро оди.

Што те нервира во играва ?
Даркан7 : Админите и нивното многу често правење на промени во играта.

Кажи ни нешто за тебе и што значи твоето име ?
Даркан7 : Јас сум еден од постарите во играва а и во РЛ. За некој месец ќе правам две години активно играње. Моето име е мешавина од Англиско - Турски зборови. Можеби некој и ќе погоди, ако не ќе откријам во коментарите 😃.

Уште четири месеци ќе бидат две години одкако играш еРепублика која е мотивацијата ?
Даркан7 : Од прво мотивацијата беше да се додаде еМакедонија. Бевме доста играчи кои се бореа во единици на други земји. Имавме и наши Македонски единици. Од додавањето на еМакедонија мотивацијата е таа да стане најсилна држава во играта.

Што ќе им порачаш на еМакедонците ?
Даркан7 : Бидете сложни. Најсилни сме кога сме заедно и само така можеме да успееме и да ги победиме и најјаките противници.Кога победуваме радувајтесе и славете, но кога губиме немојте да се расправате. Сепак ова е само игра.

Добро испадна ракијата што ја печеше вчера и колку степени е ?
Даркан7 : Ракијата испадна супер. Препеченица е и со јачина од 53 степени. Имаме договор со командата на единицата да донесам ракија колку што треба, за да има за сите Панзери кои ќе дојдат на наредно собирање 😃
Благодарам на разговорот 🙂