Интервју со darkan7 !!

Day 1,201, 09:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Ilija93

Денес ја имам големата чест да направам интервју со еден од основачите на паравоената единица Panzer , еден од постарите и поискусните играчи на еРепублик,еДами и еГоспода ви го претставувам darkan7

ilija93:Здраво darkan

darkan7:Здраво

ilija93:Кога започна да ја играш еРепублик и каде се информира за неа?

darkan7:Роден сум на 12 септември 2009 година , се информирав на еден од најдобриот форум во Македонија Бадијала

ilija93:Кажи ми нешто за приватниот живот , каде живееш , дали си вработен , што правиш во слободно време?

darkan7:Живеам во Тетово, вработен во приватна фирма во слободно време висам на ерепублик и Бадијала

ilija93:Што е тоа што те врзува за играта ? Дали си помислил некогаш да престаниш да ја играш еРепублик?

darkan7:Највеќе ме врзува другарството што го имаме во единицата Панзер.постои малку повеќе од еден месец а јас веќе се запознав лично со повеќе членови.И голем дел од денот и за време на работа сум на каналот на Панзер.Сум помисли да престанам со играта но тоа беше пред да ја додадат Македонија, и тогаш одвојував само 15-20 минути, но откако ја формиравме Панзер повеке од 10 часа сум online.

ilija93:Сега се aктуелни претседателските избори , очигледно е дека Струмјанин ке победи , што мислиш за него , за неговото досегашно работење?

darkan7:Не сум многу по политиката.Еднаш бев конгресмен колку да не биде акаунтот без таа медаља инаку да очигледно е дека ќе победи Струмјанин a за неговото работење па лично мислам дека добро си го истера својот прв мандат, со оглед на тоа што дојде во најлош период од додавањето на еМакедонија бидејки неговиот претходник му остави празна каса.Има и нешто што не исполни но сепак мислам дека задоволи, посебно негов голем успех е договорот за превземање на Српскиот регион богат со железо. Се надевам дека како што овој месец добивме регион со железо наредниот ке добиеме и жито. Исто така би напоменал дека е добро малку да се прошетаме и до Италија.

ilija93:Кои се твоите планови за во иднина?

darkan7:Па лично моите планови се насочени кон единицата Панзер. Нејзино проширување и еден ден да стане една од појаките во еРепублик,
a во тоа сум сигурен бидејќи за едем месец потоење дојде до самиот врв во еМАкедонија.Таа е на второт место во еМакедонија а има 10 члена помалку од првата единица АрМакедон.Панзер има највеќе фирми од сите единици во еМакедонија и тоа две Q5 тенкови две Q5 леб една Q5 куќи и повеќе фирми за raw. Се трудине нашите производи кога се на пазар да бидат секогаш најевтини, исто така преку овие компании плаќаме и добар данок на државата кога влечеме тенкови и лебови за удирање. Важно е да се напомене дека сите продукти произведени кај нас се чист македонски производ Made in Macedonia затоа ѓто сите фирми се наоѓаат у Македонија.

ilija93:За крај кажи ми која е твојата порака до сите играчи на еРепублик?

darkan7:Не се лакомите по злато и профит, не се лакомете по БХ медали за да ве има 2 минути во венец на слика,за тоа треба трпение, волја, упорност и слога.Mислете и помагајте на еМакедонија БХ и останатото ќе си дојдат со време.Засега јачајте се за да дојде време кога еМакедонија ќе ја тресе еРепублик.

ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
ГАЗИМЕ МЕЕЕ!!






Ilija93
News from eMacedonia!