Амбасадор во еНов Зеланд [Da Dottore]

Day 1,790, 02:17 Published in New Zealand North Macedonia by Da Dottore
Da Dottore Cronicles




Добар ден Македонијо, Kia Ora


Како играч кој подолго време престојува во еНов Зеланд и ја познава ситуацијата и луѓето таму решив да ја превземам функцијата амбасадор на еМакедонија во еНов Зеланд. Се надевам дека моите лични контакти и познанства со поголемиот дел од актуелната е-влада на Нов Зеланд ќе придонесат за подобра соработка помеѓу двете е-држави.
Со цел подобро да ве запознаам со еНов Зеланд ке напишам статија која се состои од два дела. Првиот дел е општо за еНов Зеланд, додека вториот е интервју со претседателот Valentyme.



еНов Зеланд е земја лоцирана во југоисточната хемисвера која се граничи со Австралија, Индонезија, Перу и Чиле. Додадена е на мапата на eRepublik на ден 1051 и нејзин официјален irc канал е #eNewZealand.

Нејзини оригинални територии се :
Auckland, Canterbury, Otago и Wellington


Членка е на CoT (Circle of Trust) алијансата од јуни 2012 кога е и формирана, заедно со Бугарија, Чиле, Белгија, Јапонија, Мексико, Молдавија, Парагвај, Перу, Ј.Кореа и Швајцарија.



еНов Зеланд има околу 450 активни е-граѓани од кои добар дел се Срби. И покрај тоа во случајот на Нов Зеланд не станува збор за класичен ПТО туку Србите и Кивите соработуваат и функционираат како единка. На почетокот во Нов Зеланд имало и поголем број на Словенци, но сега нивниот број е занемарлив.

Во еНов Зеланд има 3 поголеми политички партии од кои на две претседателите се Срби додека на третата претседател е актуелниот CP Valentyme. Ујединење или Смрт е најголемата политичка партија во Нов Зеланд.



На 5ти Октомври Valentyme беше избран за претседател на еНов Зеланд со 61% од гласовите и стана 24тиот претседател на еНов Зеланд



Неговиот кабинет се состои од :

Заменик претседател: CrackshotNZ
Sor3na aka E.L.E.A.N.O.R.оригинално беше назначен за заменик, меѓутоа неговиот акаунт беше украден и одлучи да се откаже од играта.

Министерствои за Одбрана-MO😨
Dizzy Ramone
Kurojca
McGinty.dc
Milos Obilic 13011986
StylerFPC
Заменик министер за одбрана: Avarel Dalton

Министрерство за Надворешни работи-MoFA: Spud of Doom и Fanktastic
Заменик: jny123

Министерство за Финансии: Mister Terminator

Министерство за Информирање: Trento96


Економија :



еНов Зеланд се наоѓа во финансиска криза, односно испразнета е државната каса. Моментално на гласање е закон за промена на данокот на увоз за оружје од 3% на 1% и ДДВ од 4% на 10%, со цел да се стимулира увозот и да се наполни државната каса од ДДВ.



Трговско ембарго има само со Египет.



На воен план моментално Нов Зеланд нема природен непријател, а најголеми и вообичаени природни непријатели се Аргентина и Австралија, додека Чиле е најголемиот сојузник на Нов Зеланд, покрај Бугарија останатите членки на CoT и нормално Србија.








Пред неколку дена Чиле успеа да ја избрка Аргентина од Нов Зеланд, кој потоа преку RW ги ослободи своите оригинални територии, додека Чиле ја завзема Австралија и се оддалечи од Аргентина. Нашиот МПП со Нов Зеланд завршува за 5 дена, и се надевам дека набрзо ке се обнови.

Тоа би било се од воведното запознавање со Нов Зеланд, и се надевам дека набрзо L&E ќе се најде во иста алијанса со Нов Зеланд односно CoT.





Следи интервјуто со претседателот на Нов Зеланд Valentyme