Да се насмееме :D

Day 2,254, 15:26 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Едно ламборџини шлепа едно фиќо.
Овој од фиќото му вика на другиот, ако возиш многу брзо ќе ти блендирам за да намалиш.
И возат така некое време, застануваат на семафори. Паралелно со ламборџинито застанува едно ферари, и овие двајца почнуваат да се тркаат... ама на едно место, двајца џандари со радар, мерат...
Поминуваат ламборџинито и ферарито со 300 на час... и еден од цајканите му вика на другиот: колега, ги виде овие двајца, со 300 и нешто возеа, а другиов му вели, остави ти тоа, го виде ли фиќото што им блендираше за да ги помине.
😃

Некој Американец отишол на гости во Австралија кај некој пријател.
Пријателов почнал да го шета по ранчот и да му покажува што се има..одат така по ранчот и доаѓаат до стадо овци и Американецот прашува, што се овие?
-Овци, му одговара домаќинот. -Ова ли се овци, кај нас во Америка колкави овци има... продолжуваат понатаму и доаѓаат до коњите и американецов пак прашува
-Што се овие? -Коњи, му одговара домаќинов, а американецот со потсмев -Ова ли се коњи, кај нас во Америка колкави коњи има... и на типов му пукнал филмот, одат до кенгурите и американецот прашува
-Што се овие? -Скачки се овие бе пичка ти матер!

Еден млад поп имал трема пред првата своја миса, и се обраќа кај постариот поп за совет.
Овој му кажал да дрмне некоја ракиичка. Овој дрмнал 6-7 и отишол на миса.
После мисата младиот поп прашува:
- А, кажи каков бев?
- А, бе, супер беше како за прв пат, само што Исус не го предале партизаните туку Јуда, а Ева на Адам му дала јаболко а не секс, и на крај се вика Амин а не фајронт!

Учителката:Кажи ми Трпе,има 5 птици кои стојат на телефонска жица.Доаѓа фармер и со пушката убива една од нив.Колку од нив остануваат???
Трпе:Ниедна учителке
Учителката:Можеш ли да ми кажеш зошто?
Трпe:Епа учителке,кога фармерот ке ја убие едната птица,другите ке се исплашат од звукот на пушката и ке побегнат.
Учителката:Одговорот што го барав беше 4,но ми се допаѓа како размислуваш.
Трпе:Учителке,може ли да ви поставам едно прашање.Три жени седат на клупа во парк и во рацете држат сладолед.Првата го лиже сладоледот,втората го грицка,а третата го вади и г о става сладоледот во устата.Која од нив е омажена???
Учителката(засрамена): Предпоставувам последната.
Трпе:Па...јас би рекол дека е омажена таа со венчален прстен,но ми се допаѓа како размислувате!

Едно дете му вели на полицаецот:
- Чичко може да докажам дека вие полицајците сте најглупави луге.
- Бегај мали да не те приведам!
- Ама навистина можам да докажам.
- Ајде докажи!
- Колку кифли изеде сабајле на празен стомак?
- Па околу 3 - 4.
- Ете гледаш дека си глуп. Си изел една на празен стомак, а другите дошле по првата.
Се замислил полицаецот и отишол кај шефот.
- Шефе ние полицајците сме најглупи луге на светот.
- Пази што зборуваш.
- Шефе колку кифли изеде сабајле на празен стомак?
- Па, 5 - 6.
- Е да ми речеше 3 - 4 сега ке те зафркнев.

😃 😃 😃 😃 😃