БЕЗ СЛИКИ (ХD

Day 1,303, 00:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Starfool

Долго време немам ништо напишано, едно поради што Плато ме цензурира, а друго по битно, што одкако ме децензурира, работите одеа одлично за нас. Меѓутоа сега во која насока да одиме. Од страна на обичен набљудувач, ситуацијата ми изгледа вака:

- Грците се разбегани по светот, па поголем удар од нив за скоро нема да имаме, тоа се гледа од намалување на населението во регионите од Грција.
- Истите собираат злато за помоќна кампања за напад, и ослободување, имаат рок од три месеци, и наредба да се борат минимално.

- Бугарите им даваат подршка на грците само поради нивниот страв да не ги снајд истото, но во ова време не ни требаат две моќни нации под наша контрола, можеби за месец два да се оди на Бугарија, но под услов да се изврши нејзина поделба. Истото го мислам и за Романија.

- Иран се размава низ Арабија, а таа е наш сојузник... Двата народи ни се сојузници... Тука треба политиката да ја одигра својата улога, да се задоволи Иран а Арабија да опстани под наша заштита. Едиствено тука можи да ја среди работата Струмјанин, како докажан дипломат.

- Египет ни стана сојузник, но е под закана на Кипар, Мислам дека треба да се мани по Кипар, едно слаб е друго може да го привлечиме и Израел како сојузник. Исто така да не дозволиме и Грција да живее преку Кипар.

- Нашите сојузници удрија на Франција, ок да им помогнеме, но да земеме и ние регион-два, во југот за да се дестабилизира Франција уште повеќе, полесно нам полесно на сојузниците.

- Турција мава ко луда по Бугарија и Русија, мислам дека во овој период треба да ни биде приоритет помошта кон Турција, Со помош на нашите сојузници,си помагаме и себе си!