[Cool-tura]Аватар за сите јунаци во Источна Македонија

Day 1,255, 02:30 Published in North Macedonia North Macedonia by piplz


Весникот Култура (Cool-tura) ве води на нова тура низ случувањата во еРепублик


Здраво Македонијо!

Статијава ќе биде куса со една единствена тема: КАМИКАЗИРАЊЕ.

Како што знаеме Источна Македонија денеска падна под бугарска власт и во неа останаа повеќе од 3000 македонски играчи. Во општ случај препорачливо е играчите да се повлечат од окупираните територии, но за оние кои неможат, не сакаат или едноставно одбиваат да се повлечат од Источна Македонија преостанува една од доста ефективните мерки против бугарската економија: камиказирањето. Бројката од 3000 активни играчи дневно е доста голема и ќе има големо влијание врз бугарската економија.
Па затоа, за да го правиме тоа подстоинствено и организирано направив камиказе аватар со македонски мотиви. Па слободно превземајте го.

[EDIT]
Поради официјалното објавување на планот на владата (повеќе прочитајте тука) за препуштање на оригиналните македонски територии на Бугарија со цел - преселба на главниот град во колониите на Македонија на Апенинскиот полуостров овој аватар може да го користат сите Македонци кои нема да можат или ќе одбијат да ги напуштат оригиналните региони.

[EDIT 2]
Поради ослободувањето на Македонија и воведувањето на новите промени ги тргнувам аватарите за да се избегне можна погрешна мотивација на новите играчи.