Струмјанин влегува во CHAOS ORDER !!!

Day 1,232, 15:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Многу луѓе сакаат да влезат во Chaos Order, меѓутоа Струмјанин за тоа има процедура друже. Не иде тоа баш така лесно. Убаво е тоа што имаш ти желба за да влезеш, меѓутоа постојат неколку недели на тешки тренинзи и обуки пред да бидеш полноправен член:

1. Иницијално влегување во beta timot, на првично запознавање на единицата и околината. Две недели се мести кревет под конец, строга диета, гланцање на тенкови и најтешкото е тоа што нема да имаш WiFi у соба. 🙁

2. Втор дел од обуката е во траење од една недела. Цела недела ќе мораш да бидеш во карантин заедно со Chaoscats. Недела дена масажa, педикир, маникир, солена соба и разно разни други тактички вежби. Ова е многу сериозна и напорна обука и обично на овој дел скоро сите паѓаат и мораат да го повторат. Има луѓе како на пример Иван Ванчо Македонски каде месец дена го полага овој тренинг и никако да положи. 😮

3. Таман ќе помислиш дека си завршил со обуката, кога тоа следи она најбитното за полноправно членство. Ќе мораш заедно со CHAOS ORDER да поминеш цела вечер у кафана. И целиот овој дел ќе го резимирам во една Кафанска поговорка: - Ко преживи, причаче !!. 🙂

Кога ке погледнеш овака не е ни најмалку лесно да се биде член на CHAOS ORDER.

А сега да напишам и два три збора од она што го прочитав во дебелата книга, не ради друго туку колку да испаднам паметен:

Луѓето се плашат од тоа што не го знаат. Со секоја инфомација повеќе, човекот станува посвесен за тоа дека не е се' така црно на другата страна, и дека и таму има да се видат и пронајдат убави работи.

Струмјанин, со двете раце ја поддржувам твојата оригинална идеја за престој во сите единици во еМакедонија и Јас во името на CHAOS ORDER ти посакувам ДОБРЕДОЈДЕ во нашата мала заедница.

Како дополнување на таа идеја, ги повикувам и ги поканувам сите добронамерни момци/девојки од другите единици да повелат на нашиот канал на чашка муабет.

Ве поздравувам сите и да сте ми живи и здрави !!


EDIT: Бујрум новиот аватар ТУКА