Прво Претседателско Обраќање [CAB]

Day 1,814, 13:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Почитувани граѓани на еМакедонија,

Голема чест и задоволство ми е да бидам ваш Претседател. Морам да ви се заблагодарам за огромната поддршка. Ветувам дека јас и мојот тим ќе дадаме се од себе за да на сите ни биде подобро и поинтересно.

Овој месец ќе биде тежок за сите нас. Затоа ќе ве замолам максимално да ги почитувате дадените наредби, за да имаме сите успех.

Заврши нападот на Црна Гора со кој се вративме на 7/10 и ја завршивме работата започната претходниот мандат за да имаме исто ресурси, но и помал број востанија, што треба да ни ги олабави трошоците во евентуалните војни овој месец.

Овие ресурси јас мислам дека ќе ни бидат доволни да се стабилизираме еден период, а воедно да го искористиме ова време да размислиме за правецот кон кој ќе се движиме. Има многу случувања овој период , за кои ќе известиме наскоро и кои воедно ќе влијаат на нас многу. Нормално ова ќе бидете информирани од МОФА тимот.

Ботот UDAR е во функција и очекуваме да се почне со редовни удари после мисиите. Нормално ова ќе бидете информирани од МОД тимот.

Овој период имавме и некои мали измени во тимовите. Од кои најзначајна е отстапката на TashaMKD од позиција Министер на Здравство и на нејзино место ќе дојде Lazarosa. Поради ова имаме малку доцнење со работата, но од утре ќе биде се во најдобар ред.

Останете ми со 100% здравје.
Crash and Burn