[Boban_M] ЗА ЕКОНОМСКИТЕ РАБОТИ

Day 1,363, 08:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Ќе ја започнам статијата со неколку од најексплоатираните фрази во последниве 10 месеци:

- Дајте РЕФУНД бре !!
- Епа што ќе праиме сега со 3000 мкд ?
- Зашто бе овие зимаат повеќе од нас?
Е да, кај може да се изостави и да не се отера некој у мајчину и така натака….

И така чичко Бобан од пред недела дена седна и секој ден ја запишуваше состојбата на парични средства во Treasury и НБРМ:



За поголема слика(десен клик - open image in new tab)

И сега да проанализираме малку кој што како….

639718 = 1,279 G
1,279 + 1,481 G = 2,760 G

Значи целата ни наша држава има 2,760 злато, од кои на располагање ни се само средствата во НБРМ во износ од +/- 1,850 злато.

Ова е многу? Ова е малку?

За да одговорам малку пластично на ова прашање ќе го земам PedjaT како пример:
PedjaT во последните 10 дена има направено штета во износ од:

111 380 810 (извор http://egov4you.info)

Да, убаво читате 111 милиони. За да се направи оваа штета потребни му се
20 000 удари или 10 000 злато.

Многу од нас немаат претстава за тоа со колку скромни средства располагаме како држава. Многу од нас пекаме и плачеме за рефунд како тоа да имаме милиони злато на располагање па само дај дај.

Ајде сега да направиме и друга математика за тоа, колку му се потребни на еден играч - опрема, тренирање, пукање изразено во МКД, дневно:

Еве да земеме еден просечен играч од нашиве паравоени со просечен удар од 2000.
Да речеме дека дневно прави по 300 000 штета. За тоа му требаат 30 тенка, 150 лепчиња и 1.98 G за тренирање (0.19 + 1.79). Тоа ако го претвориме во денари би било некаде горе/долу околу 2,550 МКД.

Е сега, просечниот рефунд кој што го зема една единица во Македонија е 3-4 илјади. Секоја единица има во просек по 50 члена. Па кога ке го поделите рефундот на сите членови во единицата, ќе се добие дека за секој има по 2.5 тенка.

И сега пак да се вратиме на горната анализа. За 7 дена за која важи статистиката, приходите по основ на даноци ни се намалуваат во државната каса. Се надевам дека ова е само поради неактивноста на многу играчи и дека од септември оваа ситуација ќе се подобри. Како и да е, моменталното раководство мора да ја набљудува оваа ситуација и да реагира правовремено, дали со намалување на трошењата дали со зголемување на даноците.

Епа драги мои кога целата ни држава располага со 2700 злато, можете да замислите дека ова е смешна бројка за тенкашите од рангот на ScymeX, Aexil Kong, PedjaT, Mudash. И за сето она што овие момци го прават за Македонија, го прават од љубов. Овие момци тежат сигурно 5 пати повеќе од целата ни наша држава, така да државата и сите ние во Македонија можеме само да им дадеме RESPECT и едно благодарам. Ако им се дадат по 400-500 тенка од време на време, тоа е само како благодарност и далеку е од тоа дека државата ги финансира.

Предлог и до раководството, да се размисли и направи поинаква стратегија за трошењето на 100К дневно. Од кои 70К се за рефунд и 7К за МПП.

Мислам дека единиците треба да се освестат дека како сме тргнале не ни бега стечај на државата. Доста напињаме со тој рефунд, кога веќе сме пред колапс. Посебно до појаките играчи:- Ако на некого му требаат 30-40 тенка дневно да се испука, не верувам дека 2.5 тенка од државата ќе му завршат работа.
Време е да размислиме за штедење и кога ќе дојде време за битна битка ако треба ќе се поддели и 3 пати повеќе на единиците.

МОД да се доекипира ако треба, и кога немаме некоја битна битка, да се контактираат другите МоД-ови и да се бараат донации. Тоа и те како ќе им биде добредојдено пред се на поактивните играчи.

И за крај, стопати имам кажано дека кога човек нема информација, одма се започнува со правење на филмови и неминовно е да се прават погрешни заклучоци. Порака до раководството, да презентираат што е можно повеќе информации на народот за приходите и трошоците. Тоа не само што ќе го зголеми кредибилитетот туку и многу ќе влијае на сплотеноста на народот. Ќе ги намали расправиите и многу полесно ќе се донесуваат одлуки.

Се надевам дека не ве удавив со толку пишување.

Да сте ми живи и здрави сите!!