Интервју со BlackMK

Day 1,446, 11:17 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Лидер на единица и еден од кључните играчи во PanzeR со него разговаравме за многу теми исто така тој ја има и таа чест да биде првиот играч кој прави интервју во Што Има Ново со новиот концепт и дизајн BlackMK

Да започнеме од препокувањата со ArMakedon и со ОеМ како се тоа започна и кои беа причините ?
BlackMK :Па како започна. Додека беа ОеМ на власт а со тоа и поголем дел од АрМакедон се случуваше масовен одлив на пари од Народна Банка. Да не се навраќаме кон тоа меѓутоа она што највеќе иритираше беше дигноглавоста на поединци од тогашната гарнитура што како контраефект се јави бунт од страна на Панзер.

На играва се има чуство дека PanzeR се лошите момчиња оние кои постојано се жалат и се не им чини,мислам дека битката со ArMakedon ја изгубивте во врска со тоа кој е во право кое е вашето мислење за ова ?

BlackMK :Панзер се рокенролот во Македонија. Ние од секогаш ќе бидеме лошите во очите на народот ама барем ние сме искрени и секогаш јавно го искажуваме нашиот став без никакви валкани игри. А во врска со тоа дека сме ја изгубиле ние битката не би се согласил. Таа битка не беше за Панзер таа битка беше за Македонија така да би рекол дека во случајов Македонија ја изгуби битката. Зошто??? Ќе видиме за брзо време.

Преку 70% од играчите ако ги прашаме кој е виновен за заминувањето на ScymeX одговорот ќе биде PanzeR,
кој е вашиот одговор за неговото заминување ?

BlackMK :Тоа што го направи Скајмекс е резултат на се она што се случуваше во последно време кај нас. Некои тоа добро го искористија за да добијат политички поени во јавноста така да останува на тоа. Тој е возрасен човек и мислам дека е доволно зрел за да донесе правилни одлуки за себе и не би му се мешал во одлуката.

Од тука доаѓам до прашањето која е идеологијата на PanzeR ?
BlackMK :Идеологија?? Да не заборавиме дека ова е виртуелна игра а игрите се играат за забава и лична сатисфакција. Така да секој наш играч си има своја идеологија а целта ни е дружење и забава пред се. Штета што некои тоа не можат да го сфатат 🙂

Како ќе биде дејствувате во иднина ?
BlackMK :Времето ќе покаже. Сега за сега се осврнуваме на воено зајакнување на единицата пред се. Што се однесува до политичката сцена тоа го оставаме на индивидуална одлука на секој играч зошто пред се ние сме Војска а не политичка партија.

Обично вие не застанувавте зад ниту една партија,но сега веќе сте дел од партијата MO-UP,дали е таа партија која ќе ја има главната улога во еМакедонија и дали наскоро ќе има кандидат за претседател од PanzeR,но исто така и повеќе единици се дел од таа партија а тоа значи ли дека сите вие имате исти цели или пак интересот ве зближува ?
BlackMK :И тоа со влегувањето во таа партија беше дадено како предлог кој сака по своја волја да се зачлени. Мнозинство отидовме таму по покана на челниците од таа партија со кои одредени наши членови се во добри односи.

Сигурно на чет разговарате вое од PanzeR и кое е за вас најдоброто решение моментално за еМакедонија ?
BlackMK :Моментално најдобро решение за Македонија е кормилото да го превземат вистинските луѓе. Значи со оглед на тоа дека имаме војска што тешко се скротува, како не би дошло до башибозук на чело на заедницата треба да застане личност со авторитет кој што своите лични интереси треба да ги забори а на прво место да му биде нашава виртуелна држава и нејзин напредок.
За жал од предложениве кандидати не гледам ниеден авторитет па со оглед на тоа мислам дека тешко ни се пишува.


Како би ја оценил политичката состојба ?
BlackMK :Ќе речам само ХАОС...

Кој рефун систем е најдобар според вас ?
BlackMK :Последниот рефунд систем на дон тас мислам дека беше најобјективен и сите добиваа рефунд од државата според заслуга. Од друга страна пак имаше предлози за потполна укинување на рефундот и тие средства да се пренаменат за делење на тенкови на активни војници во моментот. Овој предлог е исто добар меѓутоа за тоа треба многу повеќе работа од страна на модовите посебно околу делењето на средства за борење во моментот на важни битки како и економската состојба на паравоените единици бидејќи ретко кои би можеле да опстанат без тој рефунд.

Кое е вашето мислење во врска со нашите сојузници и за еАлбанија ?
BlackMK :Зависи на кои сојузници мислиш. Имаме доста егоистични сојузници кои што гледаат само за себе и бараат помош кога се во тесно а од друга страна на нас кога ни треба дополнителен инфлуенс не ставаат на игнор. Секоја чест на искучоците, знаеме кои ни се вистински сојузници мислам дека веќе и граѓаните го согледаа тоа.
Во врска со додавањето на Албанија знам дека ќе предизвика доста турбуленции. Веќе неколку групи спремаат ПТО што ако би успеало до некаде би било добро додека не настанат внатрешни проблеми околу поделбата на пленот помеѓу истите групи. Од друга страна пак ако албанците успешно се одбранат од ПТО ние ќе добиеме уште една ЕДЕН земја на Балканот со што соодносот малку би се нарушил а можно е да има и создавање на нови сојузи.


Дали е лесно да се менаџира PanzeR и кои се проблемите со кои се соочуваш ?
BlackMK :На почетокот беше напорно затоа што имавме 70+ регрути а јас сам се справував. Најголем проблем беше недисциплината ама за се посоти начин на решавање нели. Моментално бројот ни е намален поради зголемувањето на критериумите за влез во единицата меѓутоа моменталните членови ни се строго дисциплинирани во однос на оние малку обврски кои што единицата ги наложува. Останатото е дружење и забава така да мислам дека и немам баш некои проблеми со кои што се соочувам во однос на Панзер.

Зошто би се прикључил некој играч кај вас во единица,што добива од тоа ?
BlackMK :Секој со свои побуди. Панзер овозможува различна сатисфакција за секој. За некои тоа се препукувањата со дотичните ( да не ги именувам ), за други тоа е дружбата за трети рефундот и мисиите. Кога ќе се сумира сето тоа се добива единица со поразличен ментален склоп од останатите па поради тоа најверојатно и повеќето играчи не можат да не сфатат што не ми смета. Играта си ја тераме за лична забава а ако некој ja игра пред за да докаже колкав патриот или за јакнење на своето его тогаш морам да кажам You are doing it WRONG!!! xD

Од каде идеа за името BlackMK ?
BlackMK :BlackMK првиот црнец во конгрес хехехе. Пред се Блек ми е РЛ прекар како варијација од примарниот прекар Црно, само што поради зафатеност на чистото име морав да додадам уште нешто. Додавката МК беше нешто што прво ми падна на ум во моментот кога го креирав акаунтот.

Кажи ни нешто за тебе ?
BlackMK :Живеам и работам во Скопје, имам 28 години, во блиска идинина и оженет. Работните обврски ми наложуваат постојано користење на интернет па слободното време помеѓу исполнувањето на работните задачи го користам на играва чисто за релаксација.

Во твојот весник имаш интересни теми за читање од кај ја добиваш идеата ?
BlackMK :Не сум некој новинар ниту пак сум заинтересиран за тоа. Најчесто добивам улога за лекторирање на туѓи статии xD. Иначе секоја моја статија е напишана од моментална инспирација и во еден здив без некое големо напрегнување. Новинарскиот модул на играва е мртов одамна така да поентата за пишување статии е веќе изгубена.

Имаш друго хоби освен еРепублика ?
BlackMK :Со мојава работа и играва плус ретко наоѓам слободно време за дополнително да се занимавам со нешто. Секој слободен момент го користам за прошетки надвор од урбанава средина ако може тоа да се нарече хоби на некој начин.

Кој е нај добриот момент што си го имал на еРепаблик и која случка те има насмеано највеќе ?
BlackMK :Како најдобар момент за мене и за мој личен напредок би го одбрал моментот кога Македонски2 и Којоти решија да ме посвојат како Панзер бебе со мои 100 сила. Тоа беше одлучувачки момент по кој тотално се заразив со играва и ми стана уште поинтересно. Случки има секојдневно па ако почнам да ги кажувам сите ќе ти требаат уште 10 статии да објавиш за да може да опфатам се. Обично највеќе ме забавуваат случки кај нас во единица со момците кои што се одлепени до немајкаде. Тоа може да го осети само вистински Панзер и никој друг.


Стандардно прашање какви филмови гледаш и што музика слушаш ?
BlackMK :Гледам скоро се што е во Топ 10 на замунда 🙂 како и серии од типот на Two and Half Men и How I met your mother. Што се однесува до музиката зависи од моментот но генерално сум Рокенрол Тип 🙂

За крај кажи виц и доколку имаш нешто да им порачаш на читателите на Што Има Ново ?
BlackMK :Овој виц го прочитав денес и убаво ме изнасмеа 🙂
Трпе се враќа дома весел. - Жено го продадов твојот рецепт за колачите! - Браво, а на која фирма? - На Цементара.
Благодарам на поканата за интервју. Ми беше задоволство да одвојам дел од своето време за вас.


Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.