[BlackMK] Кандидатура за конгрес без корупција и Мито Хаџи Василев Јасмин

Day 1,372, 22:54 Published in North Macedonia North Macedonia by BlackMK









Почитувани граѓани на еМакдонската заедница. Би сакал да ве известам дека на овие избори се кандидирам за конгресмен во реонот Jizan преку партијата Macedonian Empire.
Можеби никогаш немаше да се вмешам во политички води меѓутоа испровоциран од последните неколку избори решив и јас да се кандидирам и конечно да покажам дека во конгрес може да се влезе и без да се потплаќаат или изнудуваат гласачи.
Сите ние добро знаеме што се случува на секои избори, како јадниот еМакедонски граѓанин си го продавам гласот а со тоа и својата чест за неколку лепчиња или тенкови.
Па добро бре Македонецу зарем не си свесен што се добива со тоа а што се губи??
Конгресот е полн со ботови кои работат механички или под директна наредба. Никој не размислува со своја глава а со тоа добиваме ситуација на тотално неупотреблива државна администрација па тие кои што ве потплатиле за гласот никаде ги нема за да се борат за вас затоа што и не ги интересирате вие воопшто туку она медалче што им светка на профил.


Затоа ќе кажам:
Македонски Конгрес без корупција и Мито Хаџи Василев Јасмин
Yes We Can,

Ве молам докажете.


Ваш BlackMK






За Шаут:
[BlackMK] Кандидатура за конгрес без корупција и Мито Хаџи Василев Јасмин http://tinyurl.com/3jpyt3j