Првиот „артикл“

Day 1,221, 03:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Banned333

Не знам зошто ги викате статииве „артикли“ бидејќи тоа е англиски назив, а кај нас има друго значење, на пример - артикли во продавница 🙂 Сепак, интересни се новите зборови кои ги добиваме од игриве, па и артикл нека биде еден од нив 🙂

Инаку, добредојдовте во мојот весник, ова е првиот број, артикл, како и да го наречете, важно е прв...

Ќе се запрашате што е со името. Не знам од каде излезе, ама newspaper многу ме потсеќа на toilet paper, па ова нека биде тоалетен весник.. барем за сега, а во што ќе прерасне оставаме на имагинацијата, моја и ваша 🙂



Ова е сепак „тест драјв“, а во следното издание (си најдов збор, издание) ќе прочитате нешто повеќе. Нешто забавно, нешто поврзано со играта (нормално, да се пожалам од економијата, да искритикувам некој еПолитичар и нормално онака сочно да им се изнасмеам на Италијаните 🙂 ) До тогаш, бидете поздравени 🙂 Доколку тоалетнава хартија ви се допаѓа како нов и надежен проект, гласајте ја и претплатете се, доколку не, не се лутам 🙂