Време е за нов BabyBoom

Day 1,369, 16:07 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Бидејќи станува збор за важна тема, сите по еден шаут

Време е за нов BabyBoom
http://www.erepublik.com/en/article/-babyboom1-1846448/1/20
~~shout~~



На барање на Ilija93 го предлагам овој текст за промоција на нашата еМакедонија во еден тиражен дневен весник...
Барам од вас мислење, што фали, што треба да се додаде или пак да се одземе од него..

Еве го текстот



еМакедонија по стапките на Александар Македонски

На Македонија и е потребна твојата помош. Македонската гејмерска заедница, претставена преку една од најпопулраните броусерски онлајн игри, еРепублик, има потреба од нови вљубеници во стратегиските игри. Ако сакате да помогнете во виртуелната војна со Грција, и сакате да чекорите по стапките на александровата Фаланга, тогаш www.erepublik.com е вистинската адреса за вас.
Со регистрација на вашиот профил и одбирање на еМакедонија како ваша виртуелна татковина вие влегувате во виртуелниот еМакедонски свет во кој за разлика од реалниот, имате сигурно вработување, можност за секојдневен тренинг и секако, она што е најважно, многу, многу дружење.

Што е еРепублик?

Ерепублик е воено-економско-политичка стратегија. Станува збор за една од најпопуларните броусерски игри која практично симулира држава.
На виртуелната светска карта, администраторите ги имаат додадено речи си сите земји од светот, во нивните оригинални територии. Тие функционираат како и реалната држава. Значи, секоја држава си има Претседател, Парламент, Влада, Министерства, Армија. Овие институции се задолжени да ја креираат политиката и економијата на секоја енација. Тие се избрани од народот на непосредни избори, кои за разлика од реалниот свет, на еРепублик се организираат секој месец.
еМакедонија, како најмлада виртуелна нација постои нешто помалку од една година. Како и во реалниот свет, така и во виртуелниот, се соочува со речи си истите проблеми. Негација на името и идентиетот од Грција, постојано понижување од Бугарија, но и вистинско и искрено прителство со Србија и Турција.
И тука, како и во реалниот свет, политичарите се подложни на корупција, но за среќа постојат виртуелни новинари кои внимаваат работите да останат во својот колосек.
До пред еден месец еМакедонија ја држеше Грција под целосона окупација. Значи сите територии, од Егејот па се до островите во Јонското Море беа под макеоднска власт, а Грците потрошија огромни пари за да ги вратат во свое владение.
Во моментов Македонија е 4 сила во есветот и сеуште е далеку пред Грција
За да стане јасно, колку време и внимание и се посветува на оваа игра, довоелен е податокот дека политичари на голем број реални држави, вложуваат реални пари во своите виртуелни нации со цел нивна промоција меѓу интернет заедницата.

Приклучи се и ти

Доколку имаш бар десетина минути слободно време во денот, а си вљубеник во вакви стратегии, www.eRepublik.com е адресата која ќе те внесе во македонската виртуелна држава. Таму, Ве очекуваат над 11.000 Македонци, секогаш расположени за забава и дружење, а во комуникацијата со играчите од останатите држави можете да го вежбате и усовршувате англискиот јазик, како и да стекнете некој пријател од странство.




Имајте предвид дека имаме ограничен простор за текст од само 50 новинарски редови, така да не може да се оди многу во ширина...

Со оглед на тоа дека во моментов сум на одмор, ќе ви го презентирам планот за нов Бејби бум на почетокот на септември..
До тогаш, спремајте ги капацитетите на државата и дајте го своето мислење за овој текст, кој деновиве, како што вели Ilija93
ќе биде објавен во еден од нашите дневни весници..

Бидете поздравени

Бидејќи станува збор за важна тема, сите по еден шаут

Време е за нов BabyBoom
http://www.erepublik.com/en/article/-babyboom1-1846448/1/20
~~shout~~