Изградете кораб, изградете мост [ArMakedon]

Day 2,002, 06:28 Published in North Macedonia Armenia by GokaGrozni

И токму кога го потрошив мојот денешен дво-клик лимит во очи ми се закачи статијава, кратка и искрена, играчот нуди предлог, па си велам ај и јас да статијам.

Сивилото од претседатели, посебно последниов период, ме навраќа назад со сеќавањата во периодот кога Струмјанин се реши да направи македонска армија.Всушност, се реши да ги обедини скараните пара-војски (тогаш така тоа се викаше, демек платеници биле) во една целина, која ке биде под команда на самиот претседател + МоД + ГенералШтаб во кој ке членуваат сите лидери на тие "гета".Тука мора да се каже дека помал дел од тогашните единици имаа високоразвиена инфраструктура и имаа свои таканаречени автономии, сами одлучуваа по разни прашања, но генерално сите ги почитуваа државните интереси.А тоа тешко се даваше на добош.Е токму во тој период јас станав лидер на нашето пара-војно (со устав) здружение, инаку период во кој истовремено беше актуелно и "златото на Драш" и период во кој на повидок беше Панцир vs АрМакедон кавгата, кретенска кавга која и ден денес тук-и-таму се провлекува.
Кратко разговаравме со Струмјанин, во некоја си 2-3 фаза од самиот почеток на договорот "Вие сте ми лесни, стари волци сте, со вас има разбирачка, на крај ке се договориме" така рече и на тоа си остана таа иницијативата за формирање на првата еМКД армија.Не дека не сакаше, не дека не беше почитуван или немаше енергија, туку времето беше такво, полно со сезнајковци и вжештени глави .. а човекот дури и аватари подготви.Во меѓувреме ние вложивме надчовечки напори во процесот на ДоГетоизација и си останавме цврсто доследни на нашите барикади, свршувавме на подвизите и тврдоглавоста, отваравме слободоумни чет-канали и серевме во сред срањето.

Каде се сјеба работата, сеуште незнам.

Подсетувајки се на тоа време, на времето кога се формираше АрМакедон ја слушам песнава, го читам текстот и се прашувам, дали дојде времето да го изживееме испеаното.

Да престанеме со кавгите и глупостите

Среде ноќ волците вијат
Низ празни булевари со подземен крик
По кожа ми врват морници ладни
В глава ми удира гонг.


Да покажеме онаа што Македонија го има во срцето

Смрт од вода, страв од потоп
Изградете кораб, изградете мост
И бидете спремни на жестока љубов


Да се здружиме

Од Исток до Запад
Од Тибет до Урал:
Terrible beauty is born!


Да бидеме повторно еПочитувани

Ќе ги погубиме со убавина!

Е сега некој сигурно ке рече "Што сега пак овој просерава" "Зошто баш во АрМакедон" и слично, ама самото име на таа MU и симболиката на песната ми дава за право да ве повикам токму тука да се здружиме.Планктонот од администратор ни нуди несекојдневна шанса која треба да се искористи и тоа со две раце.Да ги оставиме наградите настрана, обединета македонска армија ке е нашата награда.

Тестот е пишуван од играч со no political activity, двогодишна чет детоксикација и само формално (носталгично) членство во погореспоменатата институција, а служи и "само" служи како насока за размислување.

We can be Heroes, just for one day
We can be us, just for one day