Интервју со Aminta Makedonecot

Day 1,376, 01:46 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

По одморите започнува сезоната со интервјуа,ова интервју требаше да се прави на крајот од мандатот на поранешниот претседател но поради обврски беше одложено и еве денес го имаме на разговор првиот еТемплар.

Што има ново ?
Aminta Makedonecot : Ново? Па да се пофалам дека имам нова трска (телескоп) со која направив успешно сефте овие денови во Струга 🙂 .... само што се вратив од Струга со пристоен улов од 4 кг + риба 😉 ....се навратив на подзаборавеното старо хоби - рибарство 🙂

Какво искуство ти донесе претседателската функција ?
Aminta Makedonecot : Па најпрво научив како функционираат дел од правилата на играва кои обичните дво-кликаши сеуште не ги знаат па често плукаат на погршна адреса а за волја на вистината за дел од нив ни јас самиот не бев свесен како функционираат додека не дојдов за CP. Во поглед на односите со јавноста и повратниот одговор го видов и грдиот и лош лик на нашиот Македонски менталитет. Сепак е интересно искуство да се види калабалаков од игра и од таа перспектива 🙂

Дали има вистина во критиките кои беа упатени до тебе за време на претседателскиот мандат во врска со рефундот ?
Aminta Makedonecot : Не знам точно за кои критики мислиш имаше многу околу рефундот. но едно е јасно - Рефундот е секогаш врел костен во рацете на секој Претседател. НЕМА идеален систем на распределба на рефунд а плачковци секогаш ќе има, некој ќе добива секогаш повеќе - некој помалку. Таква е играта, таков е и животот. Кој плачеше кога бев јас претседател плаче и сега со новиот претседател а ќе плаче и со секој иден Претседател - Девизата на плачковците е “бебе што не плаче мајка не го дои“ 😉 Македонија оди понатаму и со такви плачковци.

Како што би се рекло сите сте сега со ладни глави а и помина одреден период што би им порачал на оние што најмногу те критикуваа ?
Aminta Makedonecot : Убаво прашање... од возраста зависи и мојата препорака 🙂 Но накратко би им препорачал да си најдат живот надвор од играва - излезете надвор, играјте џамлии, фудбал, баскет, дрмнете некоја ракиица и салатка (18+), одете по риба, бркајте женски, поканете ја комшиката на кафе... 🙂 ...се во РЖ е поарно отколку тресење празна слама на една виртуелна игра 🙂

Доколку повторно се кандидираш за претседател како кандидат ќе бидеш член во воена единица ?
Aminta Makedonecot : Кандидатурата или мандатот за Претседател нема никаква врска со членувањето во воена единица, според мене. Сепак оваа игра е воена стратегија и секој треба да биде прво е-војник па потоа - е-политичар, е-економист, е-Претседател, е-критичар.... Јас кога станав претседател се откажав од Лидерската позиција во МТО и и ја препуштив на Киријана која и рално до тој момент беше најзаслужна за функционирањето и редот во МТО. така Македонија ја доби првата Лидерка 🙂

Како основач која ти беше идеата за МТО и зошто името Темплари ?
Aminta Makedonecot : Идејата беше да направиме единица која ќе биде компактна, сложна, стабилна и со активни членови кои несебично и пожртвувано би отишле подалеку од своите лични интереси и секојпат би биле со Македонија како прв и единствен приоритет. Во тоа успеавме а целата заслуга е на момците и девојките во МТО кои го изградија тој дух, имиџ и репутација. Инаку името Темплари беше со единствена симболика што нашата единица е формирана како света гарда - чија постојана цел ќе биде заштита на светата земја (во случајов) Македонија како и ослободување и анексија на Беломорскиот дел на нашата земја од “безбошците“ од југот... она што РЖ Темпларите го правеле за Ерусалим ние го правиме за Македонија 😉

Како успеа да ги собереш сите ѕвезди од еМакедонија во MTO NationaL ForcE,јас едвај некои од нив ги убедив за интервју која е тајната ?
Aminta Makedonecot : Да бидам искрен, елитата во МТО не е моја заслуга. За тоа се најзаслужни Киријана, Kanopy, bibermk, dexter и сите други членови кои преку позитивен пример успеаа да ги продобијат симпатиите од дел од најјаките играчи во еМакедонија за тие да се приклучат во МТО. Од мое име само ќе кажам дека сум многу горд што јас успеав да ги поставам темелите на една таква екипа од сложни, посветени и пожртвувани луѓе кои од самите почетоци се во МТО и напорно работеа да дојдеме до овде.

Сите се интересираат каков рефунд добиваат членовите во MTO NationaL ForcE ?
Aminta Makedonecot : Искрено секој што ми пришол со вакво прашање како најава за членство во МТО веднаш сум го одбил и сум му препорачал дека МТО не е место за него, од причина што МТО не постои за рефундот или за профитерство. МТО постои за Македонија а рефундот кој се дели е се она што може МТО да го обезбеди од сопствено производство. “Профитот“ и добивката на МТО е Македонија да биде на картата што појака со повеќе територии/ресурси.

Во MTO NationaL ForcE покрај тоа што треба да имаат 5000 + Strength дали има и дополнителни услови или пак секој може да биде член без оглед на тоа од каде доаѓа и што е по националност ?
Aminta Makedonecot : Дополнителен и можеби поважен услов од самата силата е секој потенцијален член да е лојален, пожртвуван и несебичен војник пред се за Македонија а потоа и за МТО. За несериозни, користољубиви и љубопитни туристи нема место во МТО 🙂 Националноста не игра никаква улога за членство во МТО се додека тој/таа е пожртвуван војник за Македонија. Ние имавме уште од самите почетоци членови Словенци, Турци па дури и Шпанци. Еве сега и ПеџаТ е дел од МТО. Наскоро и други...

Зошто името Aminta Makedonecot ?
Aminta Makedonecot : Аминта ми е посебно драго име и сакав да го промовирам и на играва... 🙂 Малку кој знае и чул за Царот Аминта, обично сите па дури и Грците ја знаат историјата само од/до Александар и Филип II. ништо пред тоа. Инаку по некоја случајност или не, пра-дедо ми се викал Аминте а тој дел од моите предци во фамилијата во својот крај биле познати како Аминтевци како надимак-презиме...

Кажи ни нешто за тебе ?
Aminta Makedonecot : Па јас сум 29 годишен дипломиран правник од Скопје... во многу скоро време и Адвокат. Бивш спортист во повеќе спортови почнувајќи од пливање, фудбал, кошарка, атлетика па завршувајќи со тенис, пинг-понг, стрелаштво, куглање 😁 секое слободно време го користам за спорт и рекреација (ролери на Кеј, планинарење, лов и риболов...). само ова играва ми го поремети тој ритам на живот кој почна да ми недостига 🙂

Како помина одморот ?
Aminta Makedonecot : Одморот ми дојде во прав момент. Поминав убави и освежувачки 3 недели во Струга - плажа, лов, риболов, журка и по два-три клика на играва (кога ќе успеев да најдам нет) 😁

Што ќе им препорачаш на идните претседатели и на еМакедонците ?
Aminta Makedonecot : Не си ги земајте сите коментари на домашниве плукачи и хејтери при срце како мене. Останете со ладна глава и фокусирани само на работата за еМакедонија. Сепак ова е само игра НО која дава убава шанса за промоција на нашата земја, име, култура и луѓе во светот. еМакедонци припазете што правите, не се глупирајте, цел еСвет ве гледа! 🙂
за крај - Мир во светот, Македонците во Македонија! 🙂