[Aminta] Информации за турнирот + Регрутација на МТО!

Day 2,468, 15:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot
Додека сите пишуваат паушални радиреда статии за да соберат 25 коментари, јас се решив да напишам корисна статија за и околу претстојниот турнир и така да си ги заработам тие 25 коментари. 🙂

Турнирот е крстен БРКАЊЕ УБИСТВА од Плато и тоа со причина! (во продолжение ќе дознаете зошто)




Накратко за основните правила на турнирот:
Турнирот почнува на ден 2471 (односно за 2 дена од денот кога ја објавувам статијава) и ќе трае САМО 3 дена односно ќе заврши со крајот на денот 2473.
Турнирот како и многу пред овој се базира на индивидуалниот придонес на секој член во рамки на својата Воена Единица (MU) и внатрешната организираност на самата Единица во која е тој член, со што може да се освојат два типа на награди: ИНДИВИДУАЛНИ и КОЛЕКТИВНИ.
Стандард основно правило на Плато за секој турнир: Секој еден поединец ќе дава придонес на турнирот и ќе добие дел од наградите на крајот САМО за онаа Воена Единица и во онаа Чета од таа Воена Единица во која ќе биде на самиот почеток на турнирот. Менување на Воена Единица за време на турнирот нема да го смени почетниот статус на секој играч да пука во рамки на Единицата со која го почнал турниирот. Мала но многу битна промена која Плато ја прави за овој турнир е дека секој поединец треба да остане до крајот на турнирот во четата во која ги направил убуствата се до денот на кој ќе се делат наградите за да може да мус е подели и нему индивидуалнна награда, што во превод значи дека не е пожелно и да се менува Воена Единица ниту чета се додека не заврши турнирот.
Со оглед на тоа дека наградите кои плато ги дава се проектирани за надобрите 3 Воени Единици во секоја држава пожелно е сите што моментално се наоѓаат во помалите (под 3то место во Македонија MU) да се припојат во некоја од првите 3. Затоа повик до членовите на помалите единици од еМакедонија да се приклучат на МТО пред да почне турнирот за да бидат во позиција да освојат од наградите!

Сега околу наградите:
Декорациите како награди ќе ги занемарам и нема да ги рачунам како награди бидејќи освен сликче на профилот немаат никаква практична примена.

И погоре споменав дека на турниров ќе има два типа на награди:
1. КОЛЕКТИВНИ за топ 3 Воените Единици во секоја држава во зависност од пласманот во секоја одделна дивизија на таа единица. Овие награди се состојат од пари кои ќе ги добие воената единица за поставување парична награда при наредбите за пукање во битките, и тоа во зависност од пласманот на секоја дивизија во рамки на еМакедонија.

2. ИНДИВИДУАЛНИ за секој челен на Воената Единица. Овие највеќе ќе ве интересираат претпоставувам, затоа и највеќе ќе се задржам на нив...
Има два типа на Индивидуални награди:

2.1 Награди што можете да ги освоите врз база на направената вкупна штета за време на турнирот.
Овие награди се состојат во број на денови на Договори за тренинг и бустери од по 50% кои траат по 20 минути а ќе се доделуваат само на членовите на ПРВИТЕ 3 Воени Единици во еМакедонија!



За да фатите дел од овие награди битно е да бидете дел од топ 3 Воените Единици во Македонија пред да почне турнирот и да и помогнете на истата да има што повисок пласман до најдобрата во секоја од четирите Дивизии!
Меѓутоа со оглед на тоа дека овие индивидулани награди се движат од минимум 3 од максимум 12 денови тренинг и 50% бустери сметам дека не се доволно примамливи за да се задржам на нив и да ги анализирам подетално. Со прости зборови слаби награди дал тука Плато.

2.2 Вториот тип на индивидуални награди што може да ги добиете е врз база на направените убиства за време на турнирот. Овој тип на награди се состои во ЗЛАТО што можете да го освоите маѓутоа тука е битна ЧЕТАТА на Воената единица во која се наоѓате и организацијата на истата. Ова рангирање е меѓународно односно дали и колку злато секој член на вашата Четата ќе освои зависи од тоа колку вашата Чета ќе биде со број на вкупни убиства поблиску до најдобрата во светот! Па така има 4 класи на Чети и во зависност во која класа ќе се избори да заврши вашата Чета на турнирот толку и злато ќе добиете.
За да фатите дел од овие награди треба да бидете дел од најдобро организираните ЧЕТИ во светот и и самите да направите што повеќе убиства за време на турнирот за да вашата чета биде што поблиску до Најдобрата во светот!
Овие награди се примамливи и интересни за борење НО за да се дојде до нив треба навистина добра организација и состанување на чети со НАЈАКТИВНИТЕ борци кои ќе прават што повеќе убиства во трите дена од турнирот!

Пример: Доколку хипотетички најдобрата чета во светот на крајот од турнирот направи вкупно 150.000 убиства (50 члена и секој член по 1000 убиства на ден во просек), вашата Чета ќе мора да направи НАЈМАЛКУ вкупно 135.000 убиства (50 члена и секој член да направи по 900 убиства на ден во просек или 90% од првата чета во светот) за да може да влезе во групата најдобри чети во светот и да освоите и вие како нејзини членови најмногу злато како награда! Или вашата чета треба да направи МИНИМУМ вкупно 75.000 убиства (50 члена и секој член да направи по 500 убиства на ден во просек или 50% од првата чета во светот) за да може да влезе во последната група која добива минимално злато како награда од Плато на турниров! Сите припадници на чети под бројката од 50% убиства од првата чета во светот НЕМА да добијат никакво злато!

Формулата на Плато за златото како награда сеуште не ми е докрај јасна па чекам да ми одговори на тикет за да ја објавам преку пример.

ВАЖНО: пример. најдобра чета во светот може да биде и некоја чета на единица составена од 50 мултиња кои ќе испукаат МНОГУ базуки за трите дена турнир! Така да тие може да го диктираат условот за сите останати чети кои се борат за златото на Плато дали ќе им се приближат на минимално потебните 50% убиства или нема да освојат ич злато на крај! Така да нема да бидат пресудни на турниров тешкашите во Д4 што купуваат многу злато на играва туку луѓе со многу базуки во една чета!

Кого го интересираше само инфромации околу турнирот и наградите - статијата за вас завршува тука... а кој сака да биде дел од организацијата на МТО за турниров и да проба да освои злато на истиот нека продолжи со читање и под сликичкава со злато 🙂



Сега околу делот на БРКАЊЕТО УБИСТВА и организацијата, планот и стратегијата на МТО за претстојниот турнир.
МТО како и на минатите турнири така и на овој ќе има максимална огранизација за своите членови и ќе се обиде да освои што е можно повеќе награди од Плато а посебно од наградите во злато што Плато за прв пат ќе ги дава на овој турнир!
МТО како и минатите турнири така и овој ќе има организирани поделби на тенкови и храна на своите членови чие пукање е потребно и заеднички удари на сите за подобар ефект и пласман.

Како една од топ 3 воени единици во еМакедонија МТО секако ќе фати дел од колективните и индивидуалните награди за своите членови на овој турнир, но колку и што ќе зависи од самите членови колку ќе бидат активни и најбитно од организацијата која ќе се направи во рамки на Воената единица! Со оглед на тоа дека сметам дека се слаби индивидуалните награди од договор за тренинг и бустери кои плато ќе ги дава накратко само ќе ги повикам дека сте добредојдени сите активни играчи од помалите единици во еМакедонија да дојдат во МТО за турниров и со сигурност да освојат дел од овие награди.

Целта на МТО за овој турнир ќе биде да состави што е можно појаки Чети и повеќе на број за да им овозможи на членовите да освојат што е можно повеќе злато од Плато!

ЗНАЧИ НАКРАТКО НА МТО МУ ТРЕБААТ АКТИВНИ ИГРАЧИ СПРЕМНИ ДА ПРАВАТ МНОГУУУУУ УБИСТВА ЗА ТУРНИРОТ!

Со оглед на тоа како Палто ги поставил наградите (бара и број на убиства и вкупна штета направена) НАЈИДЕАЛНО е секој член на МТО без разлика на која дивизија припаѓа да има купено Power pack (кој дава + 30 енергија на секои 6 минути), да биде постојано активен за 3те дена турнир и да го пука целиот FF (food fight) и секако да пука што повеќе може чоколада и тоа користејќи тенкови - БЕЗ ГЕРИЛА!!!
Ова се скоро невозможни работи бидејќи побаруваат секој да има многу тенкови, многу барови и да биде постојано активен и да пука за време на целите 3 дена! Јасно ви е што е целта на Плато - да продава што повеќе злато 🙂
Знам дека секој не е моќен да обезбеди кредитна картица и да купи Power Pack од 10 Евра и доволно барови за да пука, ниту е во можност постојано да пука сите 3 дена бидејќи на крај сведено и нема да има поента да потрошите 100 евра и 500 злато на пример за да добиете награда од 100 злато на турниров  затоа имам план да се организираме најдобро што можеме со она што можеме и располагаме и да се пробаме со останатите тешкаши во светот да освоиме дел од златото.

Како ќе се организираме во МТО?

За почеток МТО формираше едан чета (прва чета) која ќе биде главна ударна сила на МТО, меѓутоа сакаме да оформиме уште најмалце 2-3 други кои исто така ќе целат на наградите со злато во меѓународни рамки! Меѓутоа за ова ќе ни требаат и други активни борци надвор од МТО и најбитно – информација кој , колку е спремен да испука на турнирот за да можеме да се групираме што подобро по чети!

Затоа објавувам РЕГРУТАЦИЈА на нови членови во МТО кои треба да бидат максимално активни во трите дена од турнирот, да имаат доволно базуки и да се спремни да испукаат што е можно повеќе убиства!

доколку има вакви Македонски активни играчи БЕЗ разлика на Дивизијата, Силата или левелот, ги молам да влезат што поскоро во МТО и да се пријават на Регрутацијата на МТО за турниров преку пополнување на овој прашалник за да можам да ги групирам во некоја од четите на МТО во друштво на останатите пукачи за и самите да освојат злато!




МНОГУ Е ВАЖНО СИТЕ МОМЕНТНИ АКТИВНИ ЛЛЕНОВИ НА МТО И СИТЕ ИДНИ КОИ САКААТ ДА ПРИСТАПАТ ДА ЈА ПОПОЛНАТ АНКЕТАТА ЗА ДА СЕ ОФОРМАТ ШТО ПОЈАКИ ЧЕТИ ВО МТО!


Од сите пријавени на анкетата и во зависност од собраните информации ќе бидат оформени дополнителни чети на МТО кои ќе пукаат и ќе бидат опфатени со дневни поделби на леб и тенкови за пукање а ќе добијат и инструкции за пукање на турнирот.

Ви посакувам интересен и плоден турнир – полн со злато за што повеќе Македонци!

Среќно!

П.С. за подетални информации слободно поставете прашање во коментар!