[Ambassador] Политичка, Економска и Воена ситуација во Нов Зеланд

Day 1,289, 12:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Masedonishen

Поздрав еМакедонијо

Една од моите задачи како Амбасадор е да ви ги претставам случувањата и ситуациите на сите полиња од играта (Политички, Економски и Воени) во Нов Зеланд.

Ќе почнам прво со Економската ситуација.
Повеќето од играчите во Нов Зеланд се доста стари и искусни, па затоа имаат фирми и бараат луѓе кои би работеле за нив, но нема многу луѓе на кои им е потребна работа, па затоа платите се доста големи и има доста материјали за работење, оружја и храна. Имаше недостаток на куќи и билети, но откако ги укинаа тоа не е проблем. Цените и платите се слични на нашите (но поради два различни разлози).

Сега за Политичката состојба:
Бидејќи се мала држава, тие имаат помалку партии, а и оние неколкуте поголеми имаат исти идеали и мислења така да не имаат некои големи потешкотии. Претседателот, владата, и конгресот се избираат уште пред изборите, а потоа официјално се изгласуваат.

А сега Воената ситуација:
Пред неколку недели тие почнаа Тренинг Војна (ТВ) со Чиле. Тогаш Аргентина, како гром од ведро небо, ги нападна, а со нив и Чиле ја претвори нивната ТВ во вистинска војна. Тие мислеа дека лесно ќе можат да го освојат Нов Зеланд, но се докажа спротивното. Па така откако Аргентина беше поразена Чиле побара пак да се вратат на ТВ. Тоа и се случи, и денес ( за 17 часа поточно ) потпишуваат мир со Чиле. Инаку имаат потпишано МПП (Mutual Protection Pact) со : Македонија, Србија, Полска, Шведска, Словенија, Шпанија, Иран, Индонезија и Унгарија.


Тоа беше се накратко.


Masedonishen
Амбасадор на Македонија во Нов Зеланд