Трето Претседателско [Alexander]

Day 2,375, 07:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Поздрав Македонци каде и да сте!

Последниве денови се дигна прашина за тоа каде сме и на каде одиме ? А овде и во оваа игра секој заслужува одговор!
Значи во овај момент имаме сигурни територии и Конгрес во Австралија но прилично досадна состојба без сериозни војни. Изминативе две недели работевме напорно за да ја подобриме ситоацијата на дипломатски план НО многу малку можеме да промениме со сегашниот распоред на сили како и добрата игра на нашите јужни соседи која ја играат со „терористите“.



Во овај период постојат три варијанти што ние би можеле да правиме

1.Да седиме мирни во Австралија и да ја правиме нашата стратегија во однос на новите држави кои се додадени, посебно ресурсот гума во Грузија кој е примамлив за сите Балкански држави. Тоа би значело наредните 30тина дена да се работи на искористување на тој ресурс за подобрување на нашата положба на Балкан.

2.Да организираме АС. Веднаш ќе кажам дека сум против! Прво ќе потрошиме многу средства кои мачно ги собираме. Да, ќе ја направиме играва поинтересна за нас али нема да имаме економски бенефит од сето тоа. Ќе добиеме нови соседи со кои ќе можеме да војуваме, ќе имаме 4 или 5 ресурси но пак нема да можеме да ги менуваме даноците заради оригиналните територии.

3.Да ги ослободиме оригиналните региони. Морам да кажам дека не постои теоретска шанса некој да ги нападни јужниве! Значи ќе бидеме сами со востанија во Египет/Арабија/Италија и нормално воена помош од Аурора. Знам дека имаме сили да се ослободиме но прашање е што понатаму. За да ги принудиме на НАП – што нас би ни одговарало и тоа многу во овај момент треба да бидеме pain in the ass. Ако целта ни е само да се ослободиме кратко и пак да не окупираат ништо не сме постигнале. Сами не верувам дека можеме долго војуваме.



Економијата треба да ни е приорите број еден! Да имавме сега во НБРМ 5000+ голд, спремен АС немаше воопшто да го пишувам ова. Но ситоацијата е таква каква што е и многу малку можеме да промениме. Затоа е и акцијата за донирање, затоа и досега имаше наредби да се пука само ФФ.
Уште еднаш ќе повторам, работевме дипломатски изминатиов период за да се среди нашата состојба, сеуште работиме но нема договор, нема заинтересираност.

Имате три точки, повелете дискутирајте и нашата државна стратегија ќе ја правиме врз основа на тоа што ќе се издискутира и договори...

We of Macedon for generations past have been trained in the hard school of danger and war...

Alexander Macedon