Кандидатура за конгрес-Пелопонез ! (alek94)

Day 1,463, 12:43 Published in North Macedonia North Macedonia by alek94

Значи нејќам тука да ги пишувам оние клишеата гласајте за мене,ке бидам редовен на чат,чесен блабла,нема да давам државјанства без прашање и слично.
Иритиран од случките во конгресот изминативе 2 месеци,решив за прв пат во моите 9 месеци активно играње да се кандидирам.
Можам да ви ветам дека ќе се залагам за подобра организираност во конгресот,статија еднаш неделно за случувањата(нормално тие што смеат да одат во јавност-опасност од шпиуни 😛 )и максимална редовност на чат. Значи на чат не сум само кога сум во школо,а понекад дури и тогаш само афк.
Имам 17 години,наскоро 18 но се надевам тоа нема да ве одврати од тоа да го дадете својот глас за мене. Максимално сум одговорен и поштен,и за тоа се надевам може да посведочи мојата драга единица ДБК 😃. За тие што сакаат да ме запознаат повелете на #dbk или едноставно /query [DBK]alek94.
Нејќам да купувам гласови и се надевам дека чесно ќе ги заработам.Нормално доколку ви требаат пари за карта,не се срамете да побарате xD.
Кандидат сум во Пелопонез-преку партијата MO-UP.
Апел до подржувачите на Mo-Up партијата да дојдат на каналот #mo-up за подобра координација-да го дадете гласот на тој што му е најпотребен.
Се гледаме на 25-ти,а се надевам и понатака во конгресот