Воена организација во МКД [akconel]

Day 2,387, 05:11 Published in Chile North Macedonia by iPocahontas

First i want to send apologise for my Chilean friends. This article will be on Macedonian language and will be about MKD military performance.

Поздрав на сите.

Поттикнат од статијава се решив да напишам статија во врска со нашата воена организација.

Како што можете да видете во статијата е објаснувано за воените огранизации на одредени држави. Исто има дел и за Македонската воена состојба која Персеј на презентирал и која е мизерна за жал.

(Персеј браво што си сакал и МКД да ја има во статија не е лично кон тебе туку кон состојбата наша)

Како што можев да приметам секоја држава си има своја организација и разработен план за дејствување во случај на тешка и важна битка. Можете да погодите која држава нема ништо. Па нормално Македонија. Треба и ние да бидеме единствени во нешто...

Немаме никаква организација. Среќа што вчера победивме во војната иначе ќе имаше денеска еден куп тролања како ЦП е неспособен и веќе видени тролања.

Организација 0 како и секој месец. Само се вришти по шаути мавај ваму мавај таму, безредие, се чека ЦО за да се почне да се пука... Идејата од порано е да се известуваат преку шаути играчи меѓусебно каде е приоритет да се пука но тоа беше идеја за дво-кликерите да бидат информирани кои неможат да доаѓаат на чат ама изгледа лека полека сето тоа се претопи на цела нација.

До толку ли бре сме пропадната нација да неможеме да се организираме како што треба за една битка и да чекаме на готово други да ни ја вршат работата?

- Каде отидоа #udar1 #udar2 #udar3 #udar4 каналите?

- Каде отиде главниот #udar канал?

- Каде е координацијата?


НИКАДЕ.

Секој месец иста приказна. Се прават ЦП тимови со по 50 души од кои само ЦП и МОФА работат другите ги нема после 2риот ден од мандатот. Толку ли се нема организираност и луѓе кои се спремни да работат и да го организираат народот во време на војна?

Дури требаше #aurora.supplies или како и да е каналот да го отворат да прават поделба зошто ние сме загреота немаме можност самите да делиме. СРАМОТА.

Ќе речете слаби сме со пари ова она. Неможам да тврдам од каде излегоа тенковите што се делеа на тој канал ама барем можеше да се отвори поделба на наш канал ако сте слушнале за #podelba каналот а не други да ни ја вршат работата а ние само да си го прчиме и да навиваме.

Ние не сме слаби со пари туку со организација.

Погледнете само требаше лазароса да дојде за да му донираат пари за да ставал ЦО. Оф море мајко. Ами да речеме како што знаеме Плато колку е покварен заради голем број трансакции да го акнеа лазароса темп бан што ќе правевме тогаш? Со прстот в уста? Ќе ни се тресеше газот исто како кога на Венди ја акнаат бан заради преголем број на донации.

Нели се собираат неделно пари/леб од доброволци донатори каде докажавме дека уште еднаш сме пропадната нација не успеавме 100 души да се соберат за да донираат. И што дека се собравме околу 60 ако не се лажам кога пола од нив не донираат повеќе?

Кога сме веќе кај донираните пари. Уште еден циркуз. Од парите што се собираа во трезор беа повлечени фантастични 20к денари човече. Со 20к денари ни половина мини битка неможе да се држи.

Па нели тие пари се собираат таму за тешки времиња. Ако вчерашната битка не беше во категоријата тешки времиња тогаш дајте ми дефиниција што за вас значи тешки времиња.

Не знам што се случува и зошто толку држава ни е падната ама очигледно е дека се повеќе се тоне.

Единиците со разлика на неколку се тотална дупка. Се собрале 2-3ца во единица несакаат да ја напуштат биле сентиментални кон единицата дрн дрн јариња.

Речиси секоја идеја од било кој е потценувана и тролана или доколку си критички настроен одма те прават противник на државата.

Дајте бре луѓе нека се зголеми малце активноста да се врати животот на каналите, повторно да проработат удар и рефунд каналите, да се разбудат играчите кои нудеа идеи кои се од државна корист, да се тежнее кон остварување на тие идеи, а не само да се шлепаме на други цел е-живот и да се надеваме дека Грција ќе прифати НАП со нас зошто сме биле слободни 2 дена.

Неможеме да чекаме индивидуалци да ја влечат цела држава. Треба сите да придонесеме за да си го вратиме угледот на државата.

Толку од мене целта на статијата беше да ги наведам работие кои јас сметам дека се погрешни. Доколку некој се навреди со статијата нека прифати извинување.

Останете ми поздравени.

akconel