Отчет за сработеното [akconel]

Day 2,087, 02:59 Published in North Macedonia North Macedonia by iPocahontas


Поздрав Македонски народе.

Овие 30 дена поминаа доста брзо. Ова беше едно ново искуство за мене, едно патување на кое сите вие заедно со мене чекоревте.

Дојде време да се плати сметката и се осеќам обврзан да ви дадам отчет за тоа што се работеше во мојот мандат.

Неможам баш многу да се фалам за тоа што го направив за државата во поглед на територијалниот план. За жал бевме послаби не само како поединци, не само како држава туку и како сојуз. Претходниот месец бевме надиграни но се надевам и посакувам со нивиот претседател работите да дојдат на свое место повторно да бидеме во врвот каде што припаѓаме.

Кога ја добив оваа можност да ве водам имав доста планови и програми со кои сакав да помогнам на народот но премногу лошата ситуација пред се економска па после територијална која ја наследив од претходниот претседател беше многу лоша.

Почетна состојба на НБРМ:



И тоа како да не беше доволно кога на почетокот на мојот мандат добив порака од банкарот на КОТ сојузот chukcha кој ме извести дека државата има долг кон сојузот во висина од околу 28.111 МКД. Обично се плаќа еднаш во месецот и тоа 3% од вкупните средства што го собира државата но ми објасни дека таа висока сума се создала од претходните претседатели кои го одлагале плаќањето.

МОД тим

МОД тимот е една од најважните алки во секој тим. Јас имав супер МОД тим овој месец неможам да се пожалам. За жал постоеа моменти кога немаше време да се направат слики од трансакциите при купувањето на тековите но при вториот обид да се ослободиме направив слики од средствата кои се потрошија и тенковите кои се купија.

Тоа може да го погледнете овде доколку сте заинтересирани.

Во текот на мојот мандат се направија 2 рефунда за Државната Армија. Имаше многу негодувања околу тоа зошто да се дели на Државната Армија од државните пари. Сакам да појаснам дека парите за поделба на рефундот на армијата не беа од НБРМ туку од парите што ги освои единицата на првиот турнир на милитарни единици. Од овде беа поделени овие средства а не од државата. Така да не гледам причина зошто да се трола и негодува. Отчетот за ова можете да го прочитате овде

Благодарност до Felllix кој се нафати да го спроведе овој рефунд.

Сакам да изразам голема благодарност до мојот тим кој секогаш беше тука и ми помагаше.

НАЈГОЛЕМа благодарност сакам да упатам до MidnightShade човекот кој беше повеќе од 15 часа на чат и неуморно делеше во моментите кога се обидувавме да се ослободиме.

Овие луѓе од МОД тимот беа секогаш тука кога и да ми требаа и ми помагаа постојано.

МОФА тим

МОФА тимот во текот на мојот мандат го разбудив и успеав да го доведам во состојба да биде поактивен. Ги активиравме амбасадорите стекнавме нови пријателства, ги зајакнавме старите. Можеби сеуште во вашите очи МОФА не е на нивото кое треба да е но јас сум презадоволен од дечките што се трудеа да ја подобрат сликата за МОФА.

Но се ова погоре напишано за МОФА немаше да биде реализирано да не беше Aliss Wonder најдобриот МОФА што Македонија го имала после времето на легендарните Princess Emily и AdMiRaL TrEnCh. Aliss е прекрасна личност која премногу време потроши за да ја претстави Македонија пред другите земји како што заслужува. Жалосно ке биде доколку сеуште ја тролаат одредени поединци дека била ,,неактивна’’ но таа е единствената која на канал може да се најде во секое време поактивна е дури и од ботовите на каналите што би се рекло. Нејзината активност и работа се од непроценливо значење за нашата МОФА.

Голема благодарност до сите кои се залагаа и помагаа во дипломатијата.

МЗЗ тим

Ке завршам со здравството. Во ова министерство неуморно во текот на целиот месец се делеа лебови за бебињата под 3.000 сила со цел да опстојат во овие бурни ереп времиња. Им се извинувам на бебињата ако во текот на месецот имаше одредени задоцнувања во поглед на поделбата но тоа не беше некое поголемо и посериозно доцнење.

Бројот на лебови како и парите кои беа потрошени за да се вршат поделбите на бебињата може да ги погледнете овде

Благодарност до svetecot и ORIGINAL MKD кои сами го држеа ова министерство.

Исто така сакам да се заблагодарам на членовите на академијата кои во изминатиот месец ми помагаа со сугестии за подобро водење на државата.

Полека доаѓаме до крајот на овој отчет.

Знам колку е тешко да се наследи многу тешка финансиска состојба во банка, немање територии, немање ни воздушен напад. Затоа една од главните цели ми беше да се штедат средства да не се троши премногу се со цел да му се даде поповолна стартна позиција на новиот водич.

За новиот претседател успеав да соберам лебови за воздушен напад, да ги сведам на минимум трошиците особено од НБРМ и исто така да останат 144.000 МКД во буџетот на Државната Армија. Се надевам дека е ова доволно и ова е максимумот што можеше да го направам за новиот претседател.

Крајна состојба на НБРМ:



За крај би сакал да ви се заблагодарам на сите ми беше чест да бидам ваш претседател и се надевам дека во скоро време повторно ке се вратиме на старите патеки.

Со почит

akconel

о7