[AbnormalMKD] - Кандидатура за конгресмен

Day 1,464, 05:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Major A. Degtyarev
Драги Македонци и Македонки,

Ова е воедно мојата прва статија и би сакал да се претставам кој сум што сум и зошто се кандидирам.

Во еМакедонија сум од нејзиното прво појавување и знам што се се случуваше во почетокот со еМакедонија нејзиниот развој и територијалното проширување.
Можеби некој од вас ќе примети дека датумот кога сум го направил акаунтов е трети Мај 2011. Тоа е затоа што првиот пат кога почнав да играм бев баниран и потоа мислев да се откажам од играва.(Нема да го откријам мојот прв акаунт ) 🙂

Откажиувањето ми одеше тешко па затоа повторно почнав да играм... х)
Ете после долго време и јас одлучив да се кандидирам за конгресмен во провинцијата ,, Пелопонес ``. Знам дека досега во конгресот секогаш имало некои пропусти за кои сега не би сакал да зборувам. Гледам дека во последниов период повеќето конгресмени се избираат чесно без мито и корупција. 🙂
Затоа и јас на чесен начин сакам да станам конгресмен и да работам само на интересите за Макединија. Можам да кажам дека сум доста активен во играва и исто така брзо учам и мислам дека брзо ќе се вклопам во работата во конгресот! Во Пелопонес ќе бидам претставник на партијата ,, МРДЉС `` и доколку сметате дека заслужувам да станам дел од новиот Конгрес гласајте за мене на 25ти Ноември!


За крај би сакал да ја напишам мојата омилена реченица:

Се колнам во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служам на нашата татковина еМакедонија, ќе ги слушам наредбите, нема никому да ги предадам државните тајни, а доколку се случи тоа да бидaм казнет со камата и пиштолот кои ги бакнувам. Амин!

Да живее Македонија




Со почит,
AbnormalMKD