Влез во ПАРАВОЕНА ЕДИНИЦА..Дa или Нe ?

Day 1,305, 20:36 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedona

Секако, немојте напишанава статија да је сватите буквално од А до Ш, зошто овде објаснувам општо заради запознавање на помладите играчи.

Како што и самиот наслов кажува, повеќето од нас сигурно посакале да се зачленат во некоја од многуте паравоени единици кои ги има во еМакедонија.
Секоја единица има различни услови кои вие треба да ги исполнувате за да се зачлените во некоја од нив.
Секако има две прашања кои треба да си ги поставиме пред да преминеме во некоја од овие единици а тоа се следниве:
- Што добиваме?
- Што губиме?


Ш Т О Д О Б И В А М Е :
Аватар од паравоената единица, бесплатно оруже, бесплатна храна, многу дружење, запознавање на нови пријатели, стекнување повисок рејтинг на вашиот профил, поголема шанса за добивање на BH и CH медалите ....
Ш Т О Г У Б И М Е :
Како прво, не можете да работите каде сакате. Ке бидете вработени во некоја од фирмите на паравоената единица и тоа за најминимална дневница.
Како второ. Не можете да војувате кога сакате. Треба да бидете присутни на chat на секој закажан состанок на единицата и да војувате по наредба. Овде автоматски губите од новиот бонус кој пред некој ден го воведе администраторот, а тоа е можност за војување на секој 6 часа. Значи побавно ќе напредувате гледано по Experience level.
Што и да купите од маркетот, тоа треба да го сторите од фирмите на паравоената единица, па макар било и со повисока цена од понудените.
Некои паравоени единици дури бараат од Вас и да донирате по некој златник при зачленувањето во истата единица.
Сега на Вас останува пред аплицирање во било која единица добро да размислите околу овие две прашања.
И за на крај, сите оние кои сакаат сами да креираат паравоена единица, треба да ги исполнуваат следниве услови.
-Да имате 40 Gold
-Да го имате стекнато воениот ранг Commander
-И да сте најмалку 20 ниво по Experience level


Еве линк од една статија, која партија со што располага и што нуди за возврат ако сте нејзин член



Za shout
Влез во ПАРАВОЕНА ЕДИНИЦА..Дa или Нe ?
http://www.erepublik.com/en/article/-a-e--1801479/1/20