Легендата за бројот 7

Day 1,556, 15:59 Published in North Macedonia Republic of Moldova by SpasoV the GreaT

Интересен виц за мојот омилен број.


Многу луѓе и денес кога пишуваат 7 ставаат цртичка преку долниот дел на бројот. Оваа цртичка во теорија не постои, не може да се најде ниту на...


...тастатурите ниту пак на дигитроните.

Постои приказна која вели дека настанала вака:

Мојсеј стоел на Синај и ги запишувал десетте Божји заповеди. Кога дошол до седмата, Бог му рекол:

- Никогаш не ја посакувај жената на својот пријател!

После некое време тишина и молк, народот почнал да вика:

- Прецртај го седмото! Прешкртај го 7!

Извор