Најцрниот ден: 6-ти Февруари 1958

Day 1,539, 12:04 Published in North Macedonia China by ajdarovisback

6-ти Февруари секогаш ќе биде заокружен на календарите на сите поврзани со Манчестер Јунајтед.



На тој ден во 1958, најцрниот ден во историјата на Манчестер Јунајтед, 23 луѓе - вклучувајќи 8 играчи и тројца членови на клубот - загинаа во Минхенската трагедија.

Летајќи назад после натпреварот со Црвена Ѕвезда (од тогашниот Европски Куп), авионот застанал во Германија да наполни гориво. Првите два обида да полета од Минхен биле неуспешни. За време на третиот обид, авионот се урнал.

На самото место починале дваесет и еден патник. Пилотот Кенет Рејмент починал неколку недели подоцна од повредите здобиени од несреќата. Петнаесеттина дена по несреќата почина и Данкан Едвардс, еден од играчите на Јунајтед. Оваа несреќа е врежана во историјата на Манчестер Јунајтед, исто како и Сер Мат Басби кој по опоравувањето од повредите, се вратил во тимот, изградил нов и го освоил Европскиот Куп 10 години подоцна.

Роџер Бурн (2😎, Еди Колман (21), Марк Џонс (24), Дејвид Пег (22), Томи Тејлор (26), Џиоф Бент (25), Лиам Велан (22) и Данкан Едвардс (21) се оссумте играчи од тогашниот тим кои починаа во несреќата. Дел од жртвите кои работеле во клубот се и секретарот Волтер Крикмер и тренерите Том Кјури и Берт Валеј.

Во несреќата починале и осум новинари. Алф Кларк, Том Џексон, Дон Дејвис, Џорџ Фелоус, Арчи Ледбрук, Ерик Томпсон, Хенри Роуз и Френк Свифт (поранешен играч на Манчестер Сити). Меѓу жртвите се и пилотот Кебет Рејмент, пријателот на Сер Мат - Вили Сатиноф, агентот Бела Миклос и членот на екипажот Том Кејбл.

Нема да ве заборавиме.