Прочитај над 50 вицеви и стави само 1 SUB И VOTE :))

Day 1,614, 10:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian Solldier

Оглас за вработување
Забелешка пред вратата на канцеларијата:
Почитувани дами! Ако сте дошле за огласот за вработување, пред да влезете направете го следниот тест:
1. Отстапете два чекори од вратата.
2. Ставете ги дланките на главата.
3. Тргнете полека кон вратата.
Ако вашите лакти ја допрат вратата пред вашите гради - многу жалиме, не сте примени.




Романтична вечер на машки начин
Се среќаваат две пријателки.
- Вчера го видов дечко ти како оди кај тебе со букет прекрасни цвеќиња. Сигурно сте имале романтична вечер.
- Романтична? Поради тие цвеќиња цела ноќ нозете ми беа кренати горе...
- Што, немате вазна?




Неколку вицови за добро виденд расположение
Да започнеме со вицот за златната монета:
Час по Хемија. Наставникот вели:
- Еве една златна монета. Сега ќе ја пуштам во садот со киселина. Што мислите, ќе се раствори ли?
Зоки Поки крева рака:
- Не!
- Точно. Зошто мислиш така?
- Ако се раствораше, немаше да ја пуштите.





Зајакот и кокошките
Животните си направиле јавна куќа. Во неа работеле кокошките. Сите животни оделе таму и биле задоволни. Отишол и зајакот да ја види новата атракција во шумата. После неколку минути откако влегол, во шумата се слушала страшна врева и пердуви летале насекаде. Лавот отишол да провери што се случува. Внатре зајакот грабнал една кокошка и и ги кубе пердувите.
Лавот:
- Зајко, нели ти е срам, таа е толку слатка... Зошто така се однесуваш со неа?
Зајакот:
- Не ми е гајле! Дадов 100 денари и ја сакам гола!






Како жените ги мерат градите на другите жени?
Димензии на гради според жена:
1. Рамна како даска.
2. Големи, убави гради, како моите.
3. Крава.




4 вида мажи
Постојат 4 видa мажи:
1. Маж со пари и со мозок: Ги менува жените по три пати на ден. Спие и заработува.
2. Маж со пари но без мозок: Си фаќа девојка и спие само со неа.
3. Маж без пари но со мозок: Спие со девојката на маж со пари, но без мозок.
4. Маж без пари и без мозок: Се жени.



Жената и комшијата
Жената многу често го изневерувала мажот со комшијата. За да не се посомнева нејзиниот сопруг, направила една дупка на оградата. Кога ќе и се присакало, жената одела до дупката и го кревала фустанот. Соседот од другата страна си ја вршел работата. Еден ден сопругот ја видел жената наведната на оградата:
- Жено, што правиш таму?
- Имам хемороиди, се наведнувам и од другата страна кравата на комшијата ме лиже и така ми поминуваат.
Сопругот ништо не рекол. Поминале неколку месеци и тој фатил хемороиди. Решил да го проба лекот на својата жена. Отишол до оградата, ги соблекол гаќите и се наведнал... Комшијата по навика почнал да работи...
Сопругот:
- Неее, неее! Не со роговите!




ВИЦ НА ДЕНОТ: Амбициозен дечко
Дечко влегува во аптека и прашува:
- Имате ли презервативи?
- Да.
- Дајте ми еден. Море дајте ми уште еден, и сестра и е убава. Всушност дајте ми три, зошто и мајка и е многу убава. Вечерта дечкото оди дома кај пријателката и за време на вечерата само седи, молчи и ништо не јаде. Пријателката го прашува:
- Што ти е, драги? Храната ли не ти се допаѓа?
- Зошто не ми кажа дека татко ти е аптекар?




Снаа и свекрва
Снаа оди кај свекрвата на гости:
- Стави ми една ракија.
- Ти во ред ли си?
- Ќе ти дадам 100 денари!
Свекравата и ставила ракија.
- Стави ми уште една ракија!
- Ги помина сите граници!
- Еве ти 500 денари!
Свекрвата ги зела парите и и ставила уште една ракија.
- А да испиеме по една ракија заедно? Ќе ти дадам уште 500 денари.
Свекрвата се согласила и испиле по една ракија.
- А да ти удрам еден шамар?
- Ти не си во ред?!?!
- Ќе ти дадам 1000 денари!
Свекрвата се согласила и снаата и удрила еден силен шамар. Во тој момент на снаата и ѕвони телефонот. И се јавува маж и и ја прашува:
- Драга и ја даде ли пензијата на мајка ми?
- Да, да сега и ја давам...





За малку ќе добиеше 5
Зоки Поки му се фали на татко си:
- Тато, тато, за малку ќе ми ставеа петка...
- Зошто не ти ставија?
- Му ставија на тој до мене.





Синот оди прв пат на море
Татко го испраќа својот син на одмор. Синот за прв пат оди на море. Пристигнале од селото до железничката станица. Таткото го советува својот син:
- Синко, многу да внимаваш таму.
- Зошто, татко?
- Ти не знаеш таму на морето какви можат да бидат жените.
- Какви тате?
- Многу расипани. Ако не внимаваш, ќе донесеш некоја заразна болест дома. Ќе ја заразиш својата жена. Таа ќе ме зарази мене. Јас без да знам ќе ја заразам и мајка ти. А ти знаеш каква е мајка ти, ќе изумре цело село.





На рок концерт (виц)
Архангел имале концерт во Скопје. После некое време пејачот Ристо Вртев го заборавил текстот на една песна и се свртел кон басистот:
- Како беше втората строфа?
- Не знам, прашај го гитаристот.
Ристо кон гитаристот:
- Како беше втората строфа?
- Не знам, прашај го тапанарот.
Ристо пак:
- Како беше втората строфа?
- На која песна?
п.с. Ова е само виц инаку секоја почит кон најдобриот Македонски рок бенд на сите времиња - Архангел.





Семеен живот (виц)
Се среќаваат двајца пријатели од кои едниот неодамна се оженил. Неженетиот прашува:
- Каков е семејниот живот?
- Абе остај... забрането ми е да пушам, забрането ми е да пијам, забрането ми е да излегувам...
- Иии... Веќе жалиш што не си ерген?
- И да жалам ми е забрането...




Полицаец во нов костум (виц)
Неколку полицајци се собираат во кафеана на пиво. После некое време доаѓа еден нивни колега во нов елитен костум.
- Ау, од каде ваков костум? Од каде имаш пари за ваков костум.
- Не го купив, подарок ми е.
- Иии, кој ти подари вакво нешто?
- Жена ми. Се прибирам вечерта дома, таа ме чека гола во креветот, а костумот оставен на столот на спалната...





Мајка и дете на плажа (виц)
Едно дете било со мајка си на плажа и видело еден маж во костим за капење. Детето ја прашало мајка си:
- Мамо, зошто овој човек има нешто во купачите, а ти немаш?
- Таму ги чуваат своите паричници.
- А зошто некој има пома, а некој поголем паричник?
- Па, некои се побогати, а други посиромашни.
- А зошто кога те гледаат тебе сите се збогатуваат?





Полицаец и плавуша
Полицаец запира лека кола и и вели на плавушата зад воланот:
- Добар ден. Документите ве молам.
- Зошто, господин полицаец?
- Затоа што возевте со сто километри на час во населено место.
- Каков час! Јас излегов од дома пред 5-6 минути!





Супер Часовник (виц)
Шефот на полицијата ги наградува своите најдобри полицајци со по еден убав скап часовник:
- Еве ти награда за добрата служба! Часовникот е супер! Дури може и да се капеш со него.
Полицаецот тивко прашува:
- Шефе, а каде се копчињата за топла и ладна вода?





Последната желба на Тито (виц)
Пред да умре Тито рекол:
- Мојата последна желба е да ме погребете со лицето надолу!
- Зошто другар Тито?
- Ќе помине време, ќе се сетите на мене и ќе дојдете пак па да ми го бакнувате задникот.




Плавуша и информатичар (виц)
Се среќаваат двајца информатичари. Едниот раскажува:
- Синоќа во дискотеката запознав една супер плавуша!
- И?!
- Потоа ја поканив на кафе кај мене!
- И?!
- Кога дојде кај мене... се соблече гола!!!
- И?! И?






Што ќе се случи ако жената умре? (виц)
Сопругата: Што ќе правиш ако умрам? Ќе се ожениш ли повторно?
Сопругот: Се разбира, не!
Таа: Зошто? Не ти се допаѓа да си женет?
Тој: Ми се допаѓа, се разбира!
Таа: Тогаш зошто нема да се ожениш повторно?
Тој: Добро, ќе се оженам.
Таа: (нервозно) Така значи...
Тој: (молчи)
Таа: И во нашата куќа ли ќе живеете?





Малолетна проститутка (виц)
Полицијата фаќа малолетна проститутка на улица:
- Не ти е срам? Што правиш тука? Што ќе рече мајка ти ако дознае?
- Ве молам не кажувејте и, ќе ме претепа ако дознае! Ова е нејзина територија.




Македонија (виц)
Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка.
- Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот.
- Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот.
- Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот.
- Готово – рекла рибата...
Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја.
- ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!!
- ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА!





Крадец (виц)
Крадец влегол ноќе во една куќа, сигурен дека нема никој. Пребарувајќи слушнал глас:
- И јас те гледам, и Исус те гледа!
Погледнал крадецот наоколу, никого не видел и продолжил да пребарува. Гласот пак се слушнал:
- И јас те гледам, и Исус те гледа!
Засветел крадецот со батеријата и видел еден папагал.
- Кој си бе ти? – прашал крадецот.
- Јас сум Методија – одговорил папагалот.
- Каков Методија? Тоа име на папагал ли е?
- Абе и Исус не е име на доберман, ама види како те гледа




Зошто петелот кукурика?
Зоки Поки го прашува татка си:
- Тато зошто петелот кукурика?
- Петелот кукурика кога некој лаже.
- Но тој кукурика во 3 часот во ноќта кога сите спијат.
- Тоа време се разнесуваат утрешните весници.
Повеќе...




Старецот што одел со 20 годишни девојки (виц)
Разговараат двајца старци:
- Абе Пешо, кога беше 20 години, одеше со 20 годишни девојки. На 50 години одеше со 20 годишни девојки. Сега си 93 години и пак одиш со 20 годишни девојки. Како ти успева?
- И 500 години да имам, 100 евра се 100 евра.





Маж и жена во рајот
Маж и жена пристигнуваат во рајот и жената вели:
- Овде ќе бидеме заедно засекогаш.
Мажот одговара:
- Нема шанса, попот рече додека смртта не не раздели! Сега сум ерген!




Чиј татко е појак? (виц)
Разговараат две момчиња:
- Мојот татко има пенис – рекло првото.
- А мојот има два – одговорило второто.
- Глупости!
- Не те лажам – рекло навредливо второто. Има еден мал, со кој моча, а има и голем со кој и ги чисти забите на бејбиситерката.




Забрането капење (виц)
Млада жена се соблекува и влегува во реката да се капе. Излегува Итар Пејо од шумата и и вели:
- Капењето овде е забрането!
- Зошто не ми кажавте пред да се соблечам?
- Соблекувањето не е забрането.




Што дава кокошката? (виц)
Возрасна и строга учителка ги прашува децата:
- Што дава кокошката?
- Јајца – одговара Марика.
- Точно така. А што дава кравата?
- Млеко – пак одговара Марика.
- Точно – вели учителката – А што дава овцата?
Зоки-Поки нервозно одговара:
- Дава лекции и гадни задачи за домашно.




Богата баба (виц)
Баба на умирање му рекла на внучето:
- Сакам да ти ја оставам мојата фарма. Тоа вклучува ниви, вила, трактор, друга опрема и 22 398 750 долари.
Внукот гледајќи се себе си богат вели:
- О, бабо! Колку си добра! Јас дури и не знаев дека имаш фарма... Каде е?
Со последниот здив бабата прошепнала:
…на Facebook…
За на крај нешто ..кој сака да знае повекје работи за македонија нека ми пицхе по коментарот ...и секако суб ставете..!