[ТОП 5] ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЛЕТНА e-РЕП СОБИРАНКА!

Day 1,287, 06:05 Published in North Macedonia USA by The One from Macedonia
Прочитајте и дадете придонес:

Почитувани соиграчи, вчерашниот ден бил сведок на добра забава и дружење на дел од нашите соиграчи во една од Скопските кафеани. Бил присутен и нашиот ценет Претседател (за жал во заминување) Струме - вечна му слава. Очигледно сите присутни биле задоволни и позитивните впечатоци не запираат 🙂

Знам дека на играва не има од мали деца Основци па се до стари играчи како мене но за дружење нема граници во години. Затоа сакам да отпочнам дискусија за една летна собиранка која претпоставувам би била најмасовна доколку се одржи во Охрид градот кој верувам во текот на летово ќе го посетат голем дел од жителите на еМакедонија а и другите еРепублики.

Поканет е секој и нормално бидејки ни е потребна комуникација за да се организираме добро би сакал секој да даде свој придонес и да предложи датуми и локации.

Еве еден мој предлог за да започне од некаде оваа иницијатива:

Датум: (поради добра организација убаво е да се предложат денови во кои би било најверојатно да бидете во Охрид) на пример 24 јули до 2 Август

Локација: (може да се наведат кафиќи, плажи, географски локации како на пример "кај Паднатине" и така натака. Мој предлог Аквариус


Иницијативата нека започне од тука а нека заврши (важи само за полнолетните 😁 на некоја пијана маса во Охридските дискотеки 🙂


Да Живее Македонија

Со почит
Ренџер krste83

Пост Скриптум

За да видат што повеќе е-републиканци ве молам за шаут. Благодарам