Топ 5 вицови за 2011! [NinjaMK]

Day 1,505, 10:36 Published in North Macedonia North Macedonia by NinjaMK

Драги мои , еМакедонци !
Ајде доста беше .. И од расправии , и од конфликти , и од караници и од се !

Ајде малку да се придружиме на забавата.. Одлучив да напишам некои мои вицови за да го подобриме расположението ! 😃

..Прво .. сакам да го кажам Топ 1 вицот за 2011 година според мене ..

Јавља се кумановац у радио и вика:
- Ја најде новчаник!
- Добро и што најде у њега?
- Па имаше 1500 евра, 150 000 ден. и лична карта на име Зоки.
- И добро, што сакаш с`г?
- Па, ако може една песна за Зокитаааа!!!


.. Исто , сакам да го кажам вицот :

Си бил младич на испит по логика и професорот му вели:
- Ќе ти ставам 5 зошто ништо не знаеш!
А студентот му враќа:
- Професоре, а може ли јас да ви поставам едно прашање од вашата област… Ако ми одговорите точно, ставете ми 5 и си одам, ако не ми одговорите точно ставете ми 6 и ќе ви го кажам одговорот!
Професорот се сложил, а студентот му го поставил прашањето:
- Што е легално, а не е логично; што е логично, а не е легално и што е ни легално, ни логично?
Професорот по долго размислување се откажал и му ставил 6ка на студентот, а студентот му го кажал одговорот:
- Вие имате 61 година и имате сопруга од 24 години, што е легално, а не е логично! Вашата сопруга има љубовник на нејзина возраст, што е логично, а не е легално! Вие на нејзиниот љубовник му ставате 6, што не е ни легално, ни логично!


..Топ 3 виц според мене е :

На Трпе му се здосадил мачорот што Трпана го чувала како домашен миленик, па решил да се оттараси од него. Го однел со автомобилот некаде далеку, и кога се вратил, пред врата го дочекал истиот мачор. Следниот ден го одвел уште подалеку, но пак на враќање, пак на врата го пречекал мачорот. На крајот решил самиот да најде многу далечно место каде ќе го остави мачорот. Возел по патот, свртел десно, па лево, па преку некој мост, па низ автопатот па… и нашол едно далечно место, го оставил мачорот и избегал. Пoдоцна не се вратил дома туку и се јавил на Трпана и ја прашал:
- Жено, мачорот таму е?
- Да, еве го под масава.
- Епа дај ми го на телефон… се загубив, сега не знам да го најдам патот за дома…


..Четвртиот виц кој сакам да го кажам е :

Малиот Трпе дискутира со татко му:
- Тато, кои се попаметни, татковците или синовите?
- Татковците. – Убедено одговара Трпе.
- А кој ја измислил парната машина?
- Џемс Ват!
- А што не ја измислил татко му?


.. И за крај :

Македонец, Србин и Грк фаќаат златна рипка. Златната рипка им вели: – Ако ме пуштите ќе ви исполнам по една желба на сите. Нормално сите се сложиле…
Србинот: – Јас сакам во мојата земја сите да бидат богати.
Златната рипка: – Договорено.
Гркот: – Јас сакам да изградиш ѕид околу Грција, бидејќи не сакам да ги гледам нашите соседи.
Златната рипка: – Готово, ѕидот е ставен околу цела Грција.
И на крајот Македонецот ја прашува златната рипка:
- Дали ѕидот е водоотпорен?
- Да, одговорила рипката.
- Полни!


.. Поздрав се надевам дека ве насмеав !

Ако ви се допаднаа вицевите ве молам Vote ,Subscribe и Shout !

Со почит , NinjaMK !