Да ги запознаеме еМакедонките!!! [5 ексклузивно издание]

Day 1,153, 09:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Tashkoski

Почитувани читатели!


По една кратка пауза се враќаме назад со акцијата Да ги запознаеме еМакедонките. Поради воената состојба и РЛ обврски немав време за да продолжам со истото темпо. Но сега решив да направам едно освежување во медиумскиот простор. Со оваа статија сакам да се релаксирате и малку да се одтргнете од препуцувањата и обвинувањата кои прават да има напнатост меѓу играчите.





Денес имам чест да ви претставам ексклузивно интервју со една прекрасна дама, а станува збор за Mia Coluci. Според она што можев јас да го заклучам од муабетите на чат и при ова интервју станува за една исклучителна, интелегентна а поради тоа што е Македонка нема дилеми дека е и прекрасна дама.


Нејзиниот досегашен напредок може да ги погледнете на следната слика:




Од мене еден топол поздрав и голема благодарност до сите дами кои секојдневно ни ја прават играва поинтересна со нивното присуство и придонес за нашата заедница. Како дојдов до идеата за ова интервју можете да погледнете подолу

Јануарсково сонце ме разбуди многу рабо па додека сеуште се расонував и го пиев првото утринско кафе, ми дојде идеја корисно да го искористам денот и да ја побарам Миа за да и понудам интервју кое одамна го планирав. Изненадена од повикот малку збунето но сепак ја прифати понудата и како добра домакинка ме покани во нејзиниот дом да си напраиме муабет. Поради ова по пат свратив до најблиската цвеќара и купив една свежа ружа. Кога пристигнав ме пречека една ведра и насмеана особа, од првиот контакт се осети топлина од нејзината суета. И така за да не и одземам премногу од скапоценото време по мала адаптација го започнавме интервјуто. Додека траеше интервјуто во позадина двајцата уживавме во неделното мазење на City radio (тоа беше изненадување од Миа за мене-претпоставувам) со топло чајче и прекрасни колачи кои она лично ги спремила со окладијата (дебело сукало) на 1/X_MKD. И така во продолжение ве оставам да го проследите интервјуто со Миа:

Нормално без музичка подлога не иде 🙂 Bossa ‘n Marley – Is This Love

П: Кое е твоето вистинско име, колку години имаш и каде живееш град-населба?

О: Се викам Елена, имам 27 години и живеам во скопката населба Аеродром


П: Од каде ти дојде идејата за името Миа Колучи?

О: ..сигурно не од „Млади бунтовници“ хахахахааа
Всушност, мојата преубава персиска мачка се вика Миа Колучи. Таа е едно преубаво, самобендисано,горделиво, преинтелегентно, грациозно, но и трапаво суштество со многу комплициран карактер, доволно инспиративна, нејзините карактеристики, вклучувајки го и името, да ги преточам во ликот на е-лавицата Миа Колучи


П: Кога започна да играш еРепублик?

О: еРепублик започнав да играм пред точно 85 дена, неколку дена после пригогот на Цител ТВ, по покана од мојoн помал брат.


П: Најинтересно од оваа игра што те тера и понатаму да продолжиш да играш?

О: ...дружење, забава, мнооогу смеење, посебно откако ја имав таа чест да станам дел АРМ, односно од воената едница Лавови.

Убавината на оваа игра е што таа претставува и своевидна социјална мрежа, постои активна интеракција помеѓу играчите. Не има од секаде, од различни профили и возрасти, сепак се дружиме, се смееме, си помагаме во играта, без притоа да се заморуваме кои сме и што сме во РЖ.

Според мене ова е виртуелен живот и секој има право и можност да биде она што посакува: бизнисмен/ка, политичар/ка, претседате/ка, министер/ка, новинар/ка, економски аналитичар, камиказа, криминалец, партизан/ка, спонзоруш/а, лигле/а, револуционер/ка, лошото дете Хуго, Радован, Калимеро.... се што ви душа сака


П: Твоите цели во еРепублик?

О: Искрено, кога влегов во играва, истата ми беше претставена како место каде што се сите обединети, каде што владее слога пред се, каде што доброто на сите е над поединечното добро,каде што се дејствува за една единствена цел итн...

На почетокот начекав некоја таква пријатна атмосфера, која што ме релаксираше од реалното секојдневие...се додека не се поделија функции, се додека не се седна во виртуелните фотељи, се додека не пораснаа апетитите на поединци, кои по се изгледа заборавија зошто сме тука.

Единствената ЦЕЛ ми е сите да сфатиме дека ова ни е можеби единсвената можност да покажеме единство, да покажеме и докажеме, пред се на самите себе, а потоа и на светот дека се знае и умее и поинаку, да го разбиеме она Македонско проклетие на разединетост, кое со векови не прогонува.


П: Дали си повикала некоја другарка/пријателка да се приклучи во еЗаедницата?

О: Се обидов, но до сега без успех. Сепак, не се откажувам.
Моите другарки и пријателки не можат да ја сварат оваа моја виртуелна активност, но не ги обвинувам, си имаат други точки на интерес.


П: Најдобар другар/другарка на еРепублик?

О: На почетокот од играва, при исполнување на една мисија, добив помош од сега лавот-Blagoj Ristov, кој инаку во РЖ не го познавам, и како постар играч подоцна продолжи да ме упатува во играва. Исто така тој ме внесе во воената единица Лавови, па од таа причина би можела да ги издвојам како мој најдобар е-другар.
Но, морам да истакнам дека покажувам голема почит кон делото на нашата еЛавица Maja Ivanoska, во смисла на нејзината организираност и посветеност во играва.


П: Дали си помислила да се откажеш, и која била причината доколку дошло до таков момент?

О: Искрено, да. Во оној момент кога играва почна да ја отсликува реалноста, кога се изгуби основната идеа и цел, поради која сме повекето тука, помислив да се откажам, но тогаш ја добив поканата да им се придружам на лавовите. Сега веке е тешко да се напушти таа весела и шармантна дружина


П: Колку време дневно поминуваш играјќи ја играва?

О: Во нормални услови поминував по неколку часа навечер, но сега поради „мала“ повреда на коленото, веке цел месец сум дома, така што сега сум 24/7 посветена на играва и така ке биде и во следниве неколку месеци.


П: Дали досега дошол некој принц на бел тенк или со бел хеликоптер?

О: Види сега, во играва постојат превозни средства со максимални перформанси од Q5, а јас преферирам Q7…така да...


П: Дали дамите се само поубав или и појак пол, и дали мислиш дека добиваат доволно внимание?

О: Поубав секако сме, појак не сме, но можеме да бидеме, а на една дама никогаш не и е доста од внимание


П: Дали си член во некоја воена единица, ако си што те натера да се пријавиш во истата?

О: Ова прашање сметам дека до сега во повеке наврати го одговорив.
Член сум во еАРМ, во едниницата Лавови. Таму сум поради забавата, но пред се ние сме пример за обединетост, послушност и организираност, а токму тоа е она што мене ми беше потребно во играва.


П: Поради моменталната воена состојба како би ја опишала состојбата во Македонија од твоја гледна точка на воен, политички и економски план?

О: Состојбата во Македонија или еМакедонија??? Хахахахаааааа

Исто е. Нема разлика. Затоа нема да трошам зборови и да со го оптеретувам моето мало мозоче на ова прашање


П: Нешто што треба да се промени за да се подобри ситуацијата во државата?

О: Коренити промени!!! Се треба да се промени.
Поконкретно ке прочитате во иднина во мојата програма, кога ке посакам да бидам висок државен е-функционер!!! Хахахахахааааааа


П: Дали би присуствувала на следниот еРеп собир?

О: Секако, доколку бидам во можност да се движам. Ако не ке ви дојдам на 4 нозе (со штаки) хахахахааааа
Мноогу би сакала да ги запознаам моите драги колеги лавици, лавови и лавчиња.


П: Опиши се себеси во неколку збора!

О: ...во неколку зборааа???? Тоа е невозможно.

Мислам дека мојата мачка Миа Колучи, од мене ги има попримено сите карактерни особини (читајте одговор на прашање бр.2) хахахахааа, без она преубава, за да не звучам премногу самобендисано 😉 ...ама тоа и не е карактерна особина


П: Работиш, учиш или студираш?

О: Јас бидејки сум голема лавица, работам 🙂
Завршив Правен факултет, сега се спремам за правосуден испит за да бидам адвокатица, хахаххаааааа...
А работам во адвокатска канцеларија (кај мајка ми) 🙂


П: Бидејќи беше првата дама која призна дека ужива да конзумира алкохол нормално во ограничени количини дали би сакала да ни откриеш кој ти е омилен пијалок?

О: МОХИТОООООО!!! (европско, со кршен мраз, со увозно нане од топлите краишта, приготвено на кубански начин)


П: Дали можеме да те сретнеме во кујна како готвиш, и што најдобро спремаш?

О: Е тука ме погоди во слаба точка. Уживам да готвам. Готвењето ми е посебен ритуал. Единствен проблем е што скоро секогаш, од големо уживање, успевам да испијам цела флаша Темјаника или Мускат, додека готвам.
Се спремам најдобро!!! Хахахахаааа
Ке издвојам кинеско пилешко со кикирики, зеленчук и соја сос во вок тава, азиски ќофтиња со слатко-кисел сос... њам, њам!!


П: Омилен тип на музика?

О: ЛАТИНОООО со мохитo


П: Дали преферираш да прочиташ добра книга или да изгледаш добар филм, и би те замолил за една препорака за останатите што да прочитаат или да изгледаат?

О: Повеке сум за добра книга. Би ја издвоила како многу интересна ТОЛКУВАЊЕ НА УБИСТВОТО од Џед Рубенфилд, за сите оние кои ги интересира психоанализа, толкување на соништа по методите на Фројд и Јунг. Страшно добро четиво.
ИстO така секогаш можете да пробате да навлезете во ТАЈНАТА НА ШАМБАЛАТА.


П: Дали си спортски активна било рекреативно или професионално?

О: Пред повеќе години тренирав спортски танци, па пливање, па мечување.
Рекреативно скијам, лизгам и ролам
А сега во моментов единствено го тренирам еЧовечето Mia Coluci


П: Омилено место за релаксација и забава?

О: Лизгалиште, стазата за ролерки покрај Вардар и секако скопските кафичи.


П: По кој кафиќи излеваш?

О: Најчесто во Кубански, и секаде каде што има латино и добро мохито.


П: Како го искористуваш твоето слободно време?

О: На секаков можен креативен начин, кој во дадениот момент би ме направила исполнета, задоволна и срекна.


П: Нешто за еМакедонките кои играат еРепублик?

О: Девојки, само напред и не се откажувајте!!!
еМакедонците се во наши раце!!!


П: Што би им препорачала на искусните играчи?

О: Забавувајте се, ова е сепак само игра и не заборавајте дека не e само ваша, ни припаѓа на сите нам.


П: А што би ги советувала поновите играчи?

О: До пред некое време би им рекла да ги слушаат постарите, но сега и нив ке им порачам:
-Забавувајте се, ова е сепак само игра и не заборавајте дека постарите играчи не ја поседуваат, ни припаѓа на сите нам.


П: Дали би сакала да слушнеш што некои играчи мислат за тебе и кои се тие?

О: Па искрено, и не баш.
Но, нели тука промовираме „демократија“ така што секој е слободен да мисли што сака и е добредојден да ми каже што мисли.


П: Нешто што не те прашав а сакаш да кажеш?

О: Интервуво беше тоооолку долго, така што мислам дека се ме праша.
Единствено сакам топло да ги поздравам сите е-македонки и е-македонци, а гушки и бацки до моите драги е-пријателчиња: лавиците, лавчињата и лавовите.


Доколку имате некои предлози што би требало да ги прашаме нашите прекрасни дами а нешто да се отстрани слободно предложете во коментари подоле.

Јас уживав потполно во одговорите за кои Миа не трошеше ни малку зборови ако ви се допадна статијава гласајте ја да дојде до топ 5 како и претходните 4 со цел повеќе луѓе да ја прочитаат и да ги запознаат Македонките.

Ваш Мартин Ташкоски