Пакети за децата 4 [МзИ]

Day 3,042, 10:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Почитувани,
По четврти пат од страна на Владата на Република Македонија во соработка со нашето министерство ќе бидат поделени на играчите од пониските дивизии.




Во минатомесечната акција за помош беа поделени вкупно 60 илјади денари на нашите играчи од пониските дивизии. Играчите поп трајан и ксметче добија по 30 илјади денари, кои беа вратени на претходниот министер за информирање, акцонел, а од негова страна беа донирани директно во трезорот.

Донацијата од поп трајан http://prnt.sc/agxiyg
Донацијата од ксметче http://prnt.sc/agxhzx (парите ги врати еден од неговите жиранти)

Доказ за донацијата на акцонел во трезорот http://prnt.sc/agxlkk




Да преминеме на овомесечните пакети.
Овој месец, во соработка со Д2 играчите, беше одлучено повратна помош да добијат само играчите од Дивизија 1 и Дивизија 3 и тоа по максимална помош од 50000 денари.

За да добиете помош потребно е да ги исполнувате следниве услови:

1. Да го пополнете следниов ФОРМУЛАР

2. Да го исполнувате минимумот сила по дивизија и тоа во следните рамки:

2.1 Дивизија 1 – минимум 55.000 сила
2.2 Дивизија 3 – минимум 95.000 сила

3. Ќе треба да ги вратите позајмените средства во најбрз можен рок, а најдоцна 30 дена по купувањето на пакетот.

4. Ќе треба да најдете двајца пријатели да ви бидат е-жиранти т.е. луѓе кои ќе одговараат доколку вие не ги вратите парите тие ќе бидат обврзани да ги вратат во касата.

НАПОМЕНА: За да се избегнат малверзации со имињата на жирантите, ќе изготвам групна порака со членот кој ги предложил се со цел да добијам нивна согласност дека го прифаќаат жирантството, за да нема дополнителни рекламации од типот: јас не прифатив тој без да ме праша ме пишал.

5. Доколку за играчот постои сомнеж дека би ги злоупотребил средствата, нема да му бидат доделени средства.




РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е 48 ЧАСА. ПОСЛЕ ТОЈ РОК ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА СТАТИЈА СО ИГРАЧИТЕ НА КОИ ЌЕ ИМ СЕ ПОМОГНЕ И СО ИГРАЧИТЕ КОИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА НИВ.

Пријавувајте се и шаутирајте за што повеќе играчи да видат.

Министер за Информирање

Saint from Macedonia