Да ги запознаеме еМакедонките!!! [4 дел]

Day 1,143, 08:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Tashkoski

Почитувани читатели

Продолжуваме со статиите Да ги запознаеме еМакедонките. До сега излегоа три статии, на ред е и четвртата. Воедно благодарам на сите кои ги гласате моите статии да дојдат до топ 5. Доколку и понатаму ви се допаѓаат продолжете да ги гласате.





Во ова издание имам прилика да ви ја претставам нашата најјака еМакедонка. Да добро прочитавте најјаката еМакедонка а воедно и најстарата дама, македонка на еРепублик. Станува збор за EricaZ. Taa е во нашето друштво од поодамна и се бори поред нас уште пред да ја воведат Македонија. И да напоменам беше првата дама во македонскиот конгрес по воведување на Македонија.


EricaZ моментално е 23 левел, и е на 97 место според нациналниот ранг. За медалите кои ги има освоени, како и економскиот и воениот левел можете да погледнете на долната слика.




Едно големо браво од мене за EricaZ за досега достигнатото, само така продолжи и се надевам дека и понатаму ќе имаме јаки македонки како што е ЕricaZ.


Во продолжение можете да го погледнете целото интервју кое што го направив со нашата дама и секако што друго ако не да уживате во добра македонска песна додека го читате текстот 🙂
Тоше Проески – Зајди, зајди


П: Кое е твоето вистинско име, колку години имаш и каде живееш?

О: Се викам Марија, имам 20 години и живеам во Струмица.


П: Работиш/учиш/студираш?

О: Студирам на Економскиот Факултет во Скопје, департман финансиски менаџмент и сум втора година.


П: Кога и како почна да ја играш оваа игра?

О: Играва почнав да ја играм пред повеќе од една година, најпрво со друг профил Dogmatix, која за жал несреќно почина во времето кога бевме „камикази“ кај нашиот јужен сосед. Инаку започнав со играта на покана од Cyril of Macedon, кому сум му крајно благодарна за сета помош околу играта.


П: Што ти е најинтересно во играва?

О: Па, во последно време најинтересни ми се препукувањата во статиите на овдешната “новинарска“ фела 🙂


П: Кои се твоите цели во еРепублик?

О: Верувам на сите постари играчи, прва и основна цел ни беше добивањето на своја земја овде, а сега откога тоа се исполни, нова цел е доведување на нашата земја на исто рамниште со најразвиените.


П: Дали досега си повикала некоја другарка?

О: Имам повикано само една другарка, која на мое големо задоволство редовно игра и одлично напредува. Поздрав до Tashanka 🙂


П: Најдобар пријател/ка на еРепублик?

О: И во РЖ, а и овде: Cyril of Macedon и Tashanka


П: Дали си помислила да се откажеш?

О: Да се откажам целосно не, меѓутоа сум имала повремени периоди на паузирање.


П: Колку време дневно поминуваш играјќи ја играва?

О: Зависи кога-како. Кога имам обврски сум само дво-кликаш, кога имам повеќе време и по 2-3 часа.


П: Дали до сега дошол некој принц на бел тенк?

О: Принцот е оддамна дојден 🙂 Што би правела јас без него во еРепаблик? 🙂


П: Дали еДамите добиваат доволно внимание во еРепублик?

О: Па според мене не. Мислам дека досега сум единствената девојка која била член на конгресот, а и гледам дека ептен слабо се застапени девојките во воените единици.


П: Дали еДамите во оваа игра се само поубав, или и појак пол?

О: За појак сеуште не сме, но за поубав се разбира 🙂


П: Кратка анализа за состојбата во државава?

О: На политички план се повеќе се отсликува ситуацијата од реалниот живот, во смисла на несогласувања, препукувања, контрирања, повеќе кога не треба, отколку кога треба. Посебно кога гледам некој што нема елементарни познавања за некои области од играта и вчера дошол овде, а се прави најпаметен од сите. Едноставно некои луѓе не можат да сфатат дека тоа е игра, а и залуден би бил секој труд во обид да се смени менталитетот на нас Македонците.

На економски план, немам некои поголеми замерки, освен да посакам луѓето кои немаат допирни точки со економијата, да ја остават на оние кои во РЖ имаат допир со неа. Се провоцирам кога читам како средношколци (се надевам нема никого да навредам, знам и јас до завчера бев средношколка) зборуваат за државна економија и се инаетат, а дури ни средното образование не им е насочено кон економија.


П: Дали мислиш дека треба да почнеме војна со некоја држава?

О: Далеку од тоа дека не сакам војна со Грција, но сепак сметам дека не сме доволно силни за да војуваме уште сега.


П: Дали би присуствувала на следниот еРепублик собир?

О: Па би сакала. На следниот собир би требало да дојдеме повеќе луѓе од Струмица.


П: Омилен пијалок?

О: Природен сок од портокал.


П: Омилен тип на музика?

О: Слушам секаква музика, но онака за своја душа најмногу преферирам рок балади.


П: Топ 5 листа на омилени песни

О: Имам многу повеќе, но еве некои:
1. Goo Goo Dolls – Iris
2. Korn ft. Amy Lee - Freak on a Leash
3. Kathie Night Adams - Riding on the Rocks
4. Robbie Williams - Angels
5. Владо Јаневски – Евергрин


П: Омилен филм?

О: Речиси сите романтични комедии. Но, еве нешто последно добро што гледав Inception.


П: Омилено место за релаксирање и забава?

О: Омилено место за релаксирање е мојот дом, поради живеењето во Скопје заради студиите се повеќе се радувам и уживам во престојот дома. А место за забава, паа нека биде Select.


П: Нешто за Македонките кои играат еРеп.?

О: Да се дружиме што повеќе меѓу себе, да се поддржуваме и што побрзо да бидеме рамо до рамо со најсилните наши еМакедонци 🙂


П: Што би им порачала на искусните играчи?

О: Да ги јакнат своите еЧовечиња и да не предводат во создавањето на силна еМакедонија.


П: А што би ги советувала поновите играчи?

О: Да не се откажуваат во никој случај, бидејќи за разлика од нас, кои се приклучивме многу порано во играта, тие напредуваат екстремно побрзо и не е голема разликата во economy skill и strength меѓу нас и нив.

Сакам уште нешто да кажам во врска со ова. По последните поголеми промени (пред околу 3 месеци), ние постарите во играта бевме значително ускратени, па иако сме играле година, а некои година и пол. По тие промени вредноста на нашиот economy skill и strength беше како да сме играле само 1-2 месеци во сегашни услови. Тоа не е фер за играчите кои биле одамна овде и трошеле злато за јакнење на својот профил, но пак од друга страна е подобро пак за државите со многу млада популација, како нашата.


П: Дали би сакала да слушнеш што некои играчи мислат за тебе и кои се тие?

О: Немам некоја посебна желба, но ако некој сака да изрази мислење, нека повели 🙂


П: Нешто што не те прашав а сакаш да кажеш?

О: Прашајте ме која е најсилната еМакедонка (по strength) ? xD


Тука е крајот на ова интервју пред се и се заблагодарувам на EricaZ која одвои дел од своето време и го прифати повикот за интервју. А мене не ми преостанува ништо друго освен на сите Македонци и Македонки каде и да сте, да ви посакам Среќни Божиќни празници.





Доколку ви се допадна интервјуто и акцијата да го запознаеме нашиот поубав пол на играва гласајте ја статијава да стигне до топ 5 со цел да ја прочитаат повеќе играчи.


Ваш Мартин Ташкоски