Програма во 30 чекори [Mr. Slave warmaster]

Day 1,731, 02:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Pejoski WarMaster

Здраво живо македонци! Чест ми е да ви се обратам како нов претседател на еВМРО!

Не верувам дека постои македонец кој нема почит, на кого не му се распарчува душата кога ќе ги слушне првите 4 букви од најзначајниот за нас македонците, историски момент - ВМРО ... Затоа ве повикувам претежно неутралните еМакедонци, како и тие што се веќе влезени во одредена партија да пристапат кон членството на нашата партија и со една заедничка сложност, другарување, пријателство и во една демократска и хармонична атмосфера да прокламираме идеи, совети и истите тие да се трудиме да ги реализираме за подобра еМакедонија!

- Во организациониот и координативниот тим на партијата ќе се оформи ИЗВРШЕН КОМИТЕТ кој заеднички ќе ги носи сите одлуки (во тек е основање на таков комитет, секој што е заентересиран да помогне за понатамошен просперитет на партијата и да биде дел од тој комитет нека ме извести преку порака)

- Во тек е основање на КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМИЈА, КОМИСИЈА ЗА ДОНАЦИИ НА ПОСЛАБИ ИГРАЧИ, КОМИСИЈА ЗА КОНГРЕС И КОМИСИЈА ЗА СОРАБОТКА СО ОСТАНАТИТЕ ПАРТИИ.

- Од денешниот ден започнато е пријавувањето на КАНДИДАТИ ЗА КОНГРЕС. Секој член кој има потреба од совет каде да се кандидира и да добие одредена подршка од членовите на партијата нека ме контактира мене или комисијата за конгрес која е во тек на составување.

- Сите оние кои сакаат да се зачленат во партијата ги канам да ја посетат оваа страна:http://www.erepublik.com/en/party/evmro-dpmne-3563

Отворен ќе биде канал на партијата на Rizon - #eVMRO-DPMNE, каде ќе се основа извршниот комитет, разните комисии, каде ќе може едноставно да се подискутира, пријателува и сл. односно со еден збор каде ќе се развива програмата во 30 чекори на еВМРО-ДПМНЕ!

За крај би ве замолил доколку не ви се допаѓа партијата или пак јас лично како моментален претседател да не упатувате навредливи коментари и пораки, зашто кога би сублимирале се, на крајот сите сме за иста цел, за ист идеал, сите сме за тоа [e]Македонија да ја промовираме во најдобро светло и да се забавуваме!

ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ШТО ОДВОИВТЕ ВРЕМЕ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ СО НОВИОТ НАЧИН НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА НАШАТА ПАРТИЈА!

ДА ЖИВЕЕ еМАКЕДОНИЈА ! ! !