[МзЕ] ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРВИТЕ 3 ДЕНА

Day 1,389, 12:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija



Почитувани мои Македонци,

Поминаа неколку дена од преземање на власта и полека полека ги средуваме сите работи. Како и секој почеток, така и овој, е малку повеќе напорен но сме се фатиле на орото и нема назад.


Во овој мандат решивме да се обидеме на еден нов начин на давање отчет за трошењето на народните пари.

Парите во НБРМ, не се приватна сопственост. Тоа се наши народни пари и спрема тоа, секој ама баш секој треба да има увид во тоа како се трошат. ТОЧКА!!!

Во прилог презентирани ви се извештаи за првите 3 дена од работењето на новата влада. Имајте во предвид дека ова е ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ каде се презентираат износите и намените за кои се тие потрошени. Ова го кажувам за да не се отвараат теми за начинот на кој се дели рефундот или пак зошто комшијата земал 5, а јас 3 тенка. Тоа е предмет на дебата на друго место.

Не се сите гуру за excel табели, затоа и ќе ви дадам мало објаснување за самите извештаи. Кога ке отворите еден извештај внатре имате главен извештај за прилив и одлив од НБРМ. Потоа кликнете на другите табови (на дно од документите) за да го прегледате во детали секој потрошен тенк.

Овој е билансот кога ние ја преземавме НБРМ:

2510 злато и 180 000 МКД


За сите пари што се потрошени претходно, треба претходните гарнитури да имаат доблест и да се изјаснат. Јас не планирам да ги апсам. Народот ќе пресуди.

Ајде повелете извештаите:

Биланс, 6-ти Септември:

https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AlbPd2MSYo3vdGNfejdDa0JlNFY0bEJLdU1XVlFyYVE&hl=en_US#gid=0

Биланс, 7-ти Септември:
https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AlbPd2MSYo3vdEUxcjl6ZXVNME5NSHd1MDFpcF9UT1E&hl=en_US#gid=0

Биланс, 8-ми Септември:
https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AlbPd2MSYo3vdGl6ejNPVDZ4WDlFb0Vxd0w3MDNJNHc&hl=en_US#gid=0

Тука имате отчет за секој потрошен денар, и за секој испукан тенк.

Отчет за потрошените средства за цивилите, очекувајте статија од МВР тимот каде тие треба да дадат извештај за поделбите.

За да се направи оваков извештај, тоа значи дека МоД тимот треба да го пореметите од табели и од пресметки. Секој ден им стоев буквално над глава се додека не испратеа извештај до последен тенк.

Овој нов систем кој што го практикуваме е жив ПЕКОЛ, како за организација, поделба на тенкови така и за известување, но планираме на продолжиме со ова темпо и да поставиме нови стандарди за сите нови Влади.

Јавно им се заблагодарувам на Shadowstalkerr и на Lavcan за нивното трпение за да ме издржат со сите мои барања. Момци до крај на мандатот од вас ќе направам финансиски менаџери.

Сакам исто така да ве известам дека како дополнување на нашиот буџет, Министерството за Економија исто така располага со 50.73 злато и 14,000 МКД. Пари кои ќе бидат повлечени и ќе бидат искористени за рефунд. Во Министерството за Економија, исто така има и 6 q3 куќи, кои се заборавени таму во магацинот и ќе бидат ставени на пазар.

Сакам да ве охрабрам сите, за кого и да имате доказ дека прави малверзации или ги злоупотребува државните пари ќе ве замолам да го пријавите. Недомаќинското однесување НЕМА да се толерира.



Ви благодарам за вниманието и се надевам дека сте задоволни од презентираните извештаи.


Да сте ми живи и здрави сите !!

Со почит,
Бобан Митровски