МОЈОТ ПРВ БХ 28.10.2011 03:25 Ч

Day 1,438, 07:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Anajlib Macedonia



По неколку часовно спремање почна и битката, се прашувава дали ќе успеам, дали ќе издржам до крај , дали ќе направам доволно инфлуенс? Многу ми значеше тоа мојот прв медал да биде за Македонија и тоа во војна протв Атињаните нашите вечни непријатели и тоа се случи ми се исполни желбата.



Одамна размислував дека кога ќе го освојам мојот прв медал во битка ќе го посветам на некој кој најмногу ми значи и кој што придонел за мојата будност, за моите силни чувства кон мојата татковина, некој на кој се угледувам и кој го ценам . Тој човек е мојот дедо, а овој медал му го посветувам токму нему како и на сите мои предци кои се имаат борено за Македонија, за вистинската Македонија се рабира, оваа нашава реалната .

Дедо ми е човек на кој се восхитувам и кој сметам дека е еден од малкуте што научиле како вистински се живее во овој свет на кој што треба да му се даде нешто, да се подари, а не да се чека државата или кој било друг да ти овозможи нешто. Накратко иако за Панче Николовски има премногу да се пишува страници и страници кои прикажуваат една историја на нашата постојана Македонска борба , ќе раскажам дел од случувањата кои прават да се гордеам и да се чувствувам благословена затоа што во мене тече токму неговата крв. Дедо ми е само еден од борците кој се борел за ослободувањето на Скопје, со единствена дозвола за уништување авиони го нарекувале соколовото око, кој успева во тој период со никаква опрема да турне грчки авион, а потоа е предаден и однесен во Бугарија тепан и мачен и 2 години не се знае за него за да се врати во Македонија погоден со два куршума, и болен од некоја цревна инфекција, да се излечи од сето тоа и одејќи да ја земе воената пензија да го претепа тој кој ги дели пензиите зошто баш тој е оној кој го предал на бугарите и грците . Несакајќи ни да слушне за пензија од такви луѓе предавници, после сето тоа сам со свој труд да изгради семјство куќа да има деца , да го преживее катастрофалниот земјотрес и да изгради нова куќа зошто старата е срушена. Човек кој после својата регурална работа трчал да работи доброволно за изградбата на Скопје, човек кој работејќи во здраствен дом и гледајќи дека ренгенот паѓа за да не се скрши и оштети го начекува на грб при што ја пука кичмата и скоро 6 месеци е во кревет, и на прашањето зошто го направи тоа да одговори дека тој апарат ќе биде потребен за да се спасат многу животи. На крај умира од 11тиот срцев удар при што сите доктори се чуделе каков човек е и сакале да му прават биопсија , а татко ми морал да го краде од мртовечница само за да го погребаат, примерно. И да биде доволно паметен да напише своја автобиографија од која што јас секојдневно откривам и ја сваќам суштината на се она што значи да се биде МАКЕДОНЕЦ.

Знам дека да беше жив, уште одамна ќе седнеше пред компјутерот и ќе го научеше, ќе се бореше со сите нас заедно за подобра Е Македонија, а богами неговото воено искуство, неговата добрина и мудрост и добро ќе ни дојдеа.

Посебно за вчеравечерното случување сакам да се заблагодарам на мојот Терминатор Македонија кој ме подржуваше во текот на целата вечер и битката, благодарам миличко 😘

За советите кои ми беа потребни тука беше Ivan Vancho Makedonski , Aexil Kong и Persej Makedonski , ви благодарам на сите .

П.С : Доколку некогаш ја нападнеме Бугарија, а се надевам дека дотогаш ќе бидам и многу посилна, верувајте дека ќе сакам барем малку вака онлајн да им се одмаздам за мојот дедо.