Предизборна програма претседателски избори август 2012

Day 1,711, 05:06 Published in North Macedonia Chile by AlexSkopje

Со оваа статија сакам да Ви ја претставам предизборната програма и плановите на новиот кабинет. Како што сите знаете главните министерства или полињата за работа се околу одбраната, дипломатијата и финансиите. Затоа и ќе ги разложам поединечно:

Одбрана и војска + воени планови

Затоа што играта постојано се менува и админите се обидуваат да ја направат подинамична, сите нови промени неминовно наметнуваат потреба да се адаптираме и ние. Токму затоа рефундот и пукањето за Македонија сметам дека треба да претрпи промени.
Затоа што ботот на Бубо не е совршен 🙂, ударите ќе се организираат со внесување во ботот, но и со поплнување на документ каде ќе се остава СС и линк од профилот. Рефундот ќе се дели директно на играчите, со исклучок кога ќе се ангажира некоја единица (ќе се купува одредена количина штета) тогаш вкупната донацијата за единицата ќе оди директно на контак лицето. Сите оние играчи кои активно ќе се вклучат во поделбата на рефундот, на крајот од мандатот ќе бидат соодветно наградени.
Овие денови идејата и планот на актуелната влада е да се освои уште еден ресурс во Италија и со тоа да стигнеме до посакуваните 8/10 ресурси. Ова претставува реален број ресурси за кој ќе се бориме да го задржиме. Доколку не успееме во овој месец , тогаш тоа ќе биде една од целите на мојот кабинет.
Политиката за ненапаѓање со Грција ќе ја продолжам и тоа од повеќе причини. Нема да имаме исцрпувачка пинг понг војна, со освоените ресурси би имале само востанија кои полесно би ги добивале. Август е месец во кој значител дел од играчите се на годишен одмор и сметам дека не е време за активна војна со Грција.

Надворешна политика

Најновите случувања во еСветот допринесоа да се креираат нови сојузници, а некои стари влегоа во војна. Македонија како рамноправен член на сојузот ОНЕ , би ги зацврснувала врските со докажаните сојузници, а доколку се појави соодветна можност и бе се потпишале МПП договори и со некои нови едржави. Од оваа позиција и актуелна ситуација , одговорно тврдам дека нема да има МПП со Грција 😛

Финансии

Кога се парите во прашање сакам да објавам дека оваа влада има намера да троши. Тоа значи дека ќе се зголеми рефундот и на тој начин директно ќе им се помогне на нашите Македонци. Веднаш напоменувам дека не станува збор за целосно празнење на државната каса, но и огромна сума пасивни денари и злато се непотребни.

Ова е генерално политиката која сакав да ви ја изложам. Секако дека ќе има одредени компромиси, договарања и менување на однапред определени насоки. Одсега и јавно сакам да ги повикам сите Македонци да се намали нетрпението и потребата фронтално да се напаѓаме меѓусебе само заради различно мислење или став. Сите се добредојдени активно да партиципираат во владата. Лично сметам дека потребно е да имаме спротиставени ставови од кои ќе произлезат конструктивни решенија.

Тимот е во фаза на креирање и сеуште отворен за секој кој има добра воља и време да партиципира. Она што со сигурност можам да ви го кажам е дека во тимот ќе има дел од членовите на мојата единица Reservoir Dogs, во кој имам потполна доверба. Нивната несебична поддршка ме втруна во лудоста “трка за Претседател на државата”.

Поздрав,
Александар