Конгресни избори (Ное 2009)

Day 736, 06:26 Published in Turkey North Macedonia by KuzMann

Здраво на сите!

Сметав дека ќе биде интересно и корисно за сите еМакедонци да се запознаат со случувањата во македонските еПартии и со случувањата за овие избори.
За таа цел нашите политичари се потрудија да ми одговорат на следните прашања кои беа поставени како основа за дискусијата.
Па.....пријатно, листање🙂

1.Со која цел е формиран вашата партија?
2.Дали сте задоволни од досегашната работа на партијата?
3.Како гледате на актуелната влада во вашата држава?
4.Какви се реалните шанси вашата партија да има претставници во конгресот во вашата држава?
5.Дали македонските партии што учествуваат во eRepublik имаат заедничка стратегија и кои се вашите размислувања во однос на ова прашање?
6.Имаат ли македонците во eRepublik вистински лидер?
7.Има ли иднина за еМакедонија и еМакедонците?

Следуваат одговорите од секој од претседателите:

Patriotche - претседател на Macedonia Campaign партијата во Турција која моментално брои 18 членови. Инаку млад и активен еМакедонец (Sergeant)

1. Целта на Македонската Кампања во Турција е да ги обедини сите Македонци и оние кои работат за Македонската кауза под едно знаме, заедно сме посилни!
2. Искрено кажано, досега немам видено апсолутно никаква работа на партијата, но се надевам дека со моето доаѓање на претседателското место, како Македонец, за разлика од предходниот претседател, работите ќе тргнат на подобро.
3. Актуелнава Влада во Турција досега работи на задоволително ниво иако мое лично убедување е дека повеќе војни за завземање на грчките територии не би штетело...
4. Шансите се минимални затоа што партијата стагнира последниов период. Пред некој ден имав можност да разговарам со еден од кандидатите за претседател на идните избори и преговарав за барем едно место во конгресот... па сега очекувам негов одговор, но сепак шансите со олку мало членство тоа ќе биде тешко.
5. Од мој аспект секоја македонска партија во eRepublik си води своја политика, барем кажано во меѓународни односи, затоа што не знам колку комуницираат македонските партии во иста земја ( ако има такви ). Значи сметам дека би требало да се зголеми комуникацијата помеѓу македонците, и при некои работи за кои што можиме да си помогниме како на пр. добивање на државјанство би требало да бидиме тука еден за друг!
6. Во моето досегашно искуство немам забележано никој така да се истакни како еден и единствен лидер, но мислам дека претседателите на политичките партии имаат доволно авторитет за лидери на македонците во своите земји.
7. Искрено кажано моите сите надежи се насочени кон еМакедонија, иако знам дека не најавија создавање на еМакедонија сеуште се надевам дека такво нешто ЌЕ ИМА!!!

Cyril of Macedon - претседател на Macedonia Timeless партијата во Русија која се подготвуваше прослави по повод 100-тиот чќен деновие. Меѓутоа се случи инвазија од нови членови, граѓани на Русија. Причината за ова ќе ја дознаеме најверојатно по изборите. Инаку Ciryl of Macedon e aктивен еМакедонец (Colonel) и член на 4-тата единица на македонската фаланга - "Лавови".

1. Македонската партија во Русија е формирана со цел политички да ги соедини и собере расфрланите Македонци ширум еСветот на едно место. Заедно сме посилни. Со тоа покажуваме дека и ние постоиме во еСветот, иако сеуште ја нема нашата земја.
2. Нашата партија е релативно нова, а има околу 100-тина членови, што е можеби половина од сегашната бројка на активни еМакедонци. А од минатите избори имаме и претставник во конгресот. Со оглед на тоа можам да кажам дека сум задоволен од тоа како се одвиваат работите во партијата.
3. За нас Македонците можеби беше подобро кога беше на власт бившиот председател Моредан, но да се надеваме дека и новите влади ќе бидат благонаклонети кон нас Македонците, поточно кон нашата воена единица во Русија - Македонската Фаланга.
4. Исто како и на минатите избори и сега имаме големи шанси да го повториме тоа. Се разбира преку коалиција со некоја од Топ 5 партиите, преку која ќе биде кандидиран нашиот кандидат.
5. Па сеуште немаме некоја заедничка стратегија, но верувам дека имаме заедничка цел кон која се стремиме, а тоа е на било каков начин да придонесеме за афирмација на еМакедонците во Новиот Свет.
6. Вистински лидер би бил оној кој би се истакнал со својата посветеност, способност, добро познавање од играта и оној кој би бил избран од мнозинството. А тој лидер најверојатно ќе се појави по создавањето на еМакедонија.
7. Би сакал да можам да ти дадам одговор на ова прашање. Се' зависи од мрзливите и бавни администратори на еРепаблик. Нам ни останува само да се надеваме дека можеби еден ден ќе ја додадат и нашата Македонија.

Dusko Avramovski - претседател на Indo-Macedonian Party партијата во Индонезија која моментално брои 36 членови. Млад еМакедонец (Sergeant) кој со оглед на тоа што не ми одговори за прашањата во рок од 3 дена, не е многу активен, или пак едноставно немаше време за да се посвети на ова интервју. Како и да е, очекувам изјава во врска со состојбата со еМакедонците во Индонезија и нивната слаба активност во играта.

Врз партијата Macedonian Phalanx во Русија е извршен PTO од страна на некојси "daivid13" и со таквото нејзино постоење им штети на интересите на е Македонците. Очекувам координација за повторно враќање на еМакедонец на чело на оваа партија и дебата за иднината на оваа партија.

Со оглед на тоа што е изборен ден сакам да ги потсетам сите на нашите кандидати за когресмени ширум еСветот:
1.Goce Delcev - кандидат за конгресмен во Русија на партијата Communist Party - Soviet Union. Гласај http://www.erepublik.com/en/elections/country-41-election-congress-0-date-2009-11-region-535
2.Martin Davitkovski - кандидат за конгресмен во Србија на партијата Socijaldemokratski forum. Гласај http://www.erepublik.com/en/elections/country-65-election-congress-0-date-2009-11-region-640
3.kissbangkiss - кандидат за конгресмен во Индонезија на партијата Partai Komunis eIndonesia. Гласај http://www.erepublik.com/en/elections/country-49-election-congress-0-date-2009-11-region-362
4.Alen_001 - кандидат за конгресмен во Босна и Херцеговина на партијата Demokratska stranka eBiH. Гласај http://www.erepublik.com/en/elections/country-69-election-congress-0-date-2009-11-region-652
5.Eddie Rebel - кандидат за конгресмен во Бугарија на партијата Bulgarian Socialist Party. Гласај http://www.erepublik.com/en/elections/country-42-election-congress-0-date-2009-11-region-356
6.Stjepan Pokupec - кандидат за конгресмен во Хрватска на партијата Hrvatska Stranka Prava. Гласај http://www.erepublik.com/en/elections/country-63-election-congress-0-date-2009-11-region-627
7.Kiree - кандидат за конгресмен во Хрватска на партијата Hrvatska Demokratska Stranka. Гласај http://www.erepublik.com/en/elections/country-63-election-congress-0-date-2009-11-region-628

За крај сакам да им посакам среќа на нашите кандидати на овие избори!