Претседателска Кандидатура - ДЕЛ2 [krste83]

Day 1,807, 01:52 Published in North Macedonia USA by The One from Macedonia

Во претходната статија дадов најава за моето кандидирање, мал вовед во тоа како ја започнав играта, зошто сеуште ја играм и зошто воопшто и се нафаќам да се кандидирам за најнеблагодарната функција на играва токму следниот месец.

Најнеблагодарна функција ја нарекувам поради советите кои ги добив од досегашни претседатели и нивните искуства. Јасно е дека секој нема разбирање и дека колку и да се обидуваш да направиш добро ќе има група на луѓе кои ќе плукаат на тебе, ќе има група на луѓе кои веднаш ќе ти станат пријатели а и трети кои веднаш негативно гледаат на тебе. Нема да ви обеќам златни кокошки и дека на сите ќе ви светне злато на сметка кажувам уште сега. Но единствено нешто што морам да го направам без разлика кој ќе биде избран на овие избори е да ве убедам дека секој од нас ќе се залага за доброто на еМакедонија и дека ниту еден кандидат не сака да ја види својата држава да пропаѓа. Ако не сум во право би се откажал од гледање цицки дури и недела дена!!!!

Да не ја тупам многу, да преминам на главното и на оние чекори и ресори за чии активности можам да дадам претходна програма и насоки во кои ќе дејствуваат.


Министерство за Одбрана (и напад секако)


Најважното министерство според мене. Ерепублик е воена стратегија и секако обезбедување повеќе ресурси исклучиво со војна. Овдека покрај искусните играчи кои знаат што значи да собереш 200 луѓе на удар каналите и да дадеш отпор и на цел сојуз само како една држава би побарал помош и од оние кои можат барем 5-6 часа да остануваат пред компјутер и да помагаат при итни или навремено организирани удари.
Ја застапувам теоријата за организирање на државна војска која ќе биде под капа на државата но тоа сепак не е можно поради веќе формираните воени единици кои сепак добро си функционираат. Затоа ќе договорам со Maked0ner да се реагира до администраторите за еден вид нова промена односно еден вид на државен медиум во самата игра кој би изгледал како банерот за битките каде ќе стојат државните приоритети. Да не се мешаат воените известувања со нормални статии и секако да има ограничувања кој може да ги добива тие известувања.
Не верувам дека таа промена ќе се воведе во овој месец па затоа ќе направам групна порака со сите Командири на единици и секојдневно ќе испраќам порака со приоритети која ќе биде унифицирана и ќе има за цел да ја организира воената сила на Македонија. Оваа порака ќе има интересен изглед и јасно ќе се знае кој е моменталниот приоритет и кои се помалку приоритетни активности.


Министерство за Економија


Работата на овва министерство ќе биде да направи брза евалуација на средства кои се потребни и кои можат да се доделат за одредена активност и секако да доделува буџети на останатите министерства


Министерство за Надворешни работи


Ова министерство ќе биде составено исклучиво од играчи кои знаат како да делуваат надвор. Кои знаат да ја претстават еМакедонија во најдобро светло онака како што и доликува и секако знаат да комуницираат без да прават негативни ефекти во надворешната политика на еМакедонија. Задолжени за ова ќе бидат најискусните меѓу нас и секако најпочитуваните.


Министерство за здравство


Нема да измислувам топла вода ќе функционира онака како што функционираше и до сега со тоа што за да имаме подобар одзив и координација ќе одам со донаторска статија која исто така ќе биде унифицирана и секој донатор би добивал награда за стореното во вид на некоја интересна забелешка баш за него како што тоа го правев и до сега давајќи на пример одредена слика (цициња или мажиња) посветена на секој донатор поединечно.


Министерство за информирање


Ова министерство ќе има свои претставници во секое од другите министерства и информациите кои ќе се даваат за активности кои следуваат од секое министерство ќе одат преку овие претставници


Министерство за Спорт


Новост која ќе ја воведам во Владата, дружењето само на локација еРепублик е доста досадно во последно време и станува секако монотоно па затоа ние како играчи губиме чувство за другарска комуникација. Овдека ќе поставам ликови кои добро ги знам во играва и се она што се организира надвор од неа како социјална активност ќе биде објавувано од нив и ќе биде известувана цела еМакедонија било тоа да се спортски активности во РЛ (пиње пиво, пиње други алкохоли, пиење пиво со фудбал, пиење алкохол со брзозборки и така натака) или некои спортски активности преку интернет како на пример (покер, тролање по глупави статии и страни, тролање на гејски информатори и така натака)



Овдека ќе завршам со моево утринско тупење, да го допијам кафево и да се фатам за работа денес а за ден -два додека да ги склопам сите позиции во Владата ќе извадам конкретен список со имиња на Министри, нивни заменици и други позиции како што си е редот.

Една моја заложба и секако ЗАКЛЕТВА која морам во моментов да ја дадам е следнава:

"СЕКОЕ МИНИСТЕРСТВО ЌЕ ИМА СВОЈА СЕКРЕТАРКА КОЈА ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖЕНА ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕТО НА МИНИСТРИТЕ И ЌЕ РАБОТИ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВ ДУХ МЕЃУ СИТЕ ЧЛЕНОВИ ВО ТОА МИНИСТЕРСТВО"



Останете ми со минимум 1100 здравје


Ваш ренџер,

krste83